Избор на жена vs. Избор на маж

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во кој жените можат да изберат и да си купат сопруг.

На влезот се изложени следните упатства:
1. Можете да го посетите дуќанов САМО ЕДНАШ;
2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате погоре карактеристиките на мажите се подобруваат;
3. Можете да го изберете кој било маж на катот на кој се наоѓате или да отидете на горниот;
4. Не може да се враќате на долните катови.

Една жена одлучила да го посети дуќанот и да си најде партнер.
На вратата од првиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа
Жената се одлучила да оди на горниот кат.
На вратата од вториот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа и сакаат деца
Жената се одлучила да се качи еден кат погоре.
На вратата од третот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни
Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре.
На вратата на четвртиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома
-Неверојатно - си мисли жената - тешко можам да одолеам да не влезам... Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.
На вратата на петтиот кат пишува:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични.
Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат.
На вратата од шестиот кат пишувало:
Вие сте посетителка број 51 352 177
На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан.

Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6 ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга.
На првиот кат се жените што сакаат секс.
На вториот кат се жените што сакаат секс и не гњават премногу.
Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОСЕТЕНИ.
 
Смешно(читај 'вистинито') :):)
У Елфаско го имаше порано.
 
Можеби не е зашто не може да се задоволи жената,туку од чиста љубопитност...:hehe:
 
:pos2::pos2: тоа за женските е старо ама за машките не сум го знаела хаха интересно
 
:pos: да да и јас го имам одамна читано у елфаско старо но доста вистинито :pos:
 
Трети кат и нагоре не се посетени бидејќи Свиден досега не бил во Њујорк.

Се шушка дека на 3ти има жени кои сакаат секс и не гњават премногу, и се нимфоманки.
на четврти има жени кои сакаат секс и не гњават премногу, и се нимфоманки кои патем се БЛИЗНАЧКИ.
на петти има жени кои сакаат секс и не гњават премногу, и се нимфоманки кои патем се БЛИЗНАЧКИ и имаат 18 години.
За шестиот кат никој ништо ни слушнал ни разбрал, но јас мислам дека таму се наоѓа Ева(на Адам мувачицата)
 
Вистина вистина... Ама пак кај што се продавале жените не ни требало да има втор спрат туку само приземје со еден подрум доволно би било тоа:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom