Разлистувајќи некои книги, прочитав пред извесно време една поука која можеби делумно ќе ни одговори на некои прашања. Прво од Новиот завет постои една случка која е многу битна која се случила во малиот град Ниан за времето на ГИХ. Имено се случило да почини едно младо момче кое било единец на својата мајка.-(ако ве интересира оваа случка кажете ќе ја разработиме,барем мене ми остави голем впечаток). Е сега се поставува прашањето зошто понекогаш Господ ги зема младите пред време во небесниот живот?
Е сега,постои едно предание во кое се вели:Живеел некој човек во голема и богата материјална состојба,но во срцето одалечен од Бога. Но се случи, меѓу тоа, па му умре единствениот син,галеник негов. Човекот паднал во големо очајание:Болката по изгубениот,сакан единец син била преголема му го раскинувала срцето и немал мир во себе. Заборавил човекот на своето богатство,и зафатен од големата тага,тргнал по светот мислејќи дека така ќе најде одговор за своите големи и тешки мигови. Лутајќи по белиов свет,еден ден дошол до некој манастир,каде сретнал некој монах и луто му рекол, како тој да е крив за неговата ситуација: Каков е тој ваш Бог кој нема милост према мене? Зошто ми го зеде мојот син единец,надешта моја?! Монахот ја сознал неговата мака,и душевна состојба,и го извел човекот кој бил скршен од болка во блиската рамница,и сега вие замислете таму,овчар со стадо овци по него. И тие дошле така до една река,а на другата страна од брегот преубава пољана(ливада)со преубава паша во незе за овците. Овчарот ја прегазил реката и застанал од другата страна во убавата ливада и почнал силно да ги повикува овците да и тие прејдат кај него. Почнал и да им мафта со рацете и стапот,и свирејќи ги повикува,а тие останале како закопани од другата страна каде немало ништо за пасење. Тогаш се вратил пастирот на другата страна кај овците,земал едно јагне и со него во прегратки повторно отишол преку реката на другата страна.Јагнето заблеало од рацете негови,го слушнала мајката негова и храбро влегла во реката и премионала од другата страна-а по незе тргнале и преостанатите овци во пребогатата и обилна паша. Е сега за појасно нешто,да кажеме дека во овој случај пастирот е нашиот Господ,стадото е христијанскиот род.А полето од оваа страна е земјата и земскиот живот:реката е смрта: Полето од другата страна е вечниот живот. Јагнето во прегратките негови се младенците кои понекогаш Господ ги зема во своите прегратки за да преку нив ги повика и спаси неговите најблиски како што и многу пати и се случува. Знаците преку кои не повикува се неговите зборови во Св.Писмо,Неговата наука, Неговите чудесни и големи дела,проповедта на неговите апостоли и нивните наследници...Мислам ја сфативте поентата на ова горе кажано!