- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 1.952
- Поени од реакции
- 14
Свето веќе не е советник на Бучковски
06.09.2005
Светозар Јаневски
Свето Јаневски веќе не е дел од кабинетот на Бучковски. Повлекувањето на Јаневски е договорено на средба со Бучковски, соопшти кабинетот на Премиерот.
Во истото соопштение се наведува, дека со оставката на Јаневски, се отфрлаат сите шпекулации и конструкции за привилегираната положба на Јаневски како советник за економски прашања на Бучковски.
Отворените прашања во јавноста поврзани со работењето на Јаневски, ќе се решаваат по институционален пат.
Свето Јаневски е критикуван за приватизацијата на „Тиквеш“, откупот на грозјето, но и за вклученоста на негови блиски роднини во финансиската пирамида.
По првите критики во јавноста, Бучковски беше на страната на критикуваниот Јаневски и велеше дека не е дел од пирамидата, застанувајќи отворено во заштита на својот економски советник.