Европски Младински Олимписки Фестивал - Скопје 2025

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
190
Поени од реакции
130
Од утре па до 26 јули, Скопје ќе биде домаќин на 18-то издание на Европски Младински Олимписки Фестивал.
2025_European_Youth_Summer_Olympic_Festival_logo.svg.png

Над 4300 млади спортисти од 14 до 18 години ќе учествуваат во 15 спортови и дисциплини меѓу кои:
Кошарка 3х3
Уметничка гимнастика
Атлетика
Бадминтон
Кошарка
Кајакарање
Бициклизам
Ракомет
Џудо
Стрелаштво
Пливање
Пинг Понг
Таеквондо
Одбојка

Македонија како домаќин, има претставници во секој еден спорт, односно околу 180 спортисти. Со тоа имаме и поголеми шанси за квалифицирање за младинските олимписки игри до година во Дакар во Сенегал.

Официјален календар:
Messenger_creation_DA4E591F-5B86-4C70-87DE-19D2FBEACA8A.jpeg

Церемонијата на свечено отворање ќе се одржи утре во Јане Сандански со почеток од 20:30.
WhatsApp-Image-2025-07-19-at-10.22.30.jpeg
Се очекува игрите да бидат отворени од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Знаменосци за Македонија ќе бидат натпреварувачот во кајак Кристијан Смилев и одбојкарката Матеа Поповска.
 
Vtororazredni nastani za dzabe troshenje pari dodeka vo site realni natprevaruvanja sme posledni, fijasko od godina vo godina polosi nastapi na site mladinski reprezentacii vo rakomet, kosarka, odbojka, pa i fudbal, turisti ke ni dojdat deca od site drzavi na nasha smetka.
 
Со лесно нека им е на младите спортисти.

Нека им биде ова почеток на безбројни идни успеси.

Во меѓувреме, ова нека си стои тука, бидејќи малку ни е.

vuvJC58.png
 
Скопскиот град Северна Македонија
Ricky Gervais Lol GIF
 
Со лесно нека им е на младите спортисти.

Нека им биде ова почеток на безбројни идни успеси.

Во меѓувреме, ова нека си стои тука, бидејќи малку ни е.

vuvJC58.png
Еве ја официјално на англиски, сеа тој што е неписмен или преведувал со гугл транслејт тоа си е друго. Сигурно е некој наш :) гледајќи кој се во одборот и организација не ме ни чуди. 1000015915.jpg

иначе ќе има директен пренос вечер од отварањето на мрт 3 од 20.30 часот, а од утре и преноси од некои настани.
 
Последно уредено:
Сфаќам дека е понискобуџетна верзија и дека не е некој голем спектакл како олимписки, или европски игри, ама отворањето беше катастрофа. Направете споредба со Марибор 2023, длабоко пониско буџетна верзија.
 
Прегазиле две деца од Исланд во Куманово, пред некој ден им се срушил таванот во тоалет... Еве за каков организатор се работи, поголем успех е да преживеат отколку медал да освојат. На внуците ќе им раскажуваат: Ее внучко бев еднаш ја во Македонија на Европски Младински Олимписки Фестивал, до душа не освоив медал, ама преживеав, и тоа успех, ехеј колку деца за малку ни тоа не ќе успеаа да го направат.
 
Мизерија уште кога видов дека Куманово ќе се одржува. Куманово еј, градот депонија со сообраќај ко Тетове и Гостиварит. Нек заврши побрзо чудово, да си отидат децава живи и здрави дома, а на Македонија никад да не и се додели домаќин да биде на голем турнир. Само на тв да гледаме големи настани.
Автоматски споено мислење:

Пред сам старт на трка фрлаат лопати асфалт. :pos:
 
Последно уредено:
Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 20.07.2025 ( Литванецот Јокубас Дабушинскас)... морам да напишам,

522711168_18410206741110086_3775664505704450019_n.jpg

... за да се искористи спортот и младите спортисти кои се гости во МКД, за да се прикаже нашата Македонија за необзирна, несовесна, мизерна споредбено со Тунгузија, не знам колку треба да им сече на тие што коментираат по социјалните мрежи партиски насочени сеир да тераат, впрочем прочитајте ги поедничните коментари на наши сограѓани, а посебно коментарот како наслов на кобајаги новинарски магазин
Македонски Магазин во Австралија Шило (Shilo Magazine Online Magazine in Australia), а богами и тука на Кајгана форум членови со дезинформации, што на ум то на друм, штета што не се сносува одговорност за вакви намерни или ненамерни постаки од моја страна со еден збор
- С Р А М О Т А !

Screenshot 07-24-2025 17.13.48.png

Screenshot 07-24-2025 18.30.11.png

...во интерес на вистината и одбрана од сите овие гнасни лажни обвинувања од страна, пази ваму, од ,,Македонски магазин“ ШИЛО, и колку да тера сеир или да биде интересен, смешен, не смее да пласира невистини и да ја зацрнува Македонија со лаги и невистини не само пред македонскиот народ кој е страшно наивен и верува во све што ќе прочита, туку и да дава лоша слика на ова мала државичка која се бори да опстане, пред другите држави кои не не' познаваат или не не' посетиле, па сето ова ќе го земаат како здраво за готово како вистина.

па да се образложи и објасни:

7576499d-7602-4700-82b1-020a822903b8.jpg

... иако повреден од тренинг пред отварањето, 15 годишен велосипедист Јокубас од Литванија учествувал со другите членови на литванската делегација во парадата на земјите учесници на 20 Јули 2025 год во церемонијата на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопјe.
... да прочитаме што напишал самиот млад велосипедист од Литванија Јокубас Дабушинскас.
(отворен цитат):

„ Дојдов на EJOF во добро расположение, сите подготовки поминаа многу добро, бев во добра форма, мојата благосостојба се подобруваше со секој изминат ден. Во саботата за прв пат возев на патеката за крос-кантри планински велосипедизам, ми се чинеше поволна. Во неделата повторно отидов на патеката на периферија на Куманово, овој пат планот беше да ја возам малку побрзо. Тренингот помина непречено.

Но, во последниот круг, на последната кривина, се лизнав.
Целата патека беше многу лизгава поради теренот, кривината се сврти кон целта, која беше асфалтирана. Таа кривина беше на рид, па паднав од малку повисоко и директно на асфалтот.

Паднав на зглобот, ја удрив брадата. По падот, тренерот веднаш ме однесе во болница.
Рентгенската снимка покажа скршена вилица и скршен зглоб. Не беше потребна операција, но навистина не можев да се натпреварувам. Тоа најмногу ме болеше. Така помина мојот Младински олимписки фестивал. Дефинитивно не беше оној што го сакав. Но, барем бев релативно здрав. Навистина сакам да им се заблагодарам на сите што се грижеа за мене, особено на мојот тренер Инета. Ви благодарам“, рече велосипедистот.

(затворен цитат)

MAIN_900.jpg

... кумановска област во нашата прекрасна Македонија за тренинг на велоспедистите од Литванија - Ирманте Алелиунаите и Јокубас Дабушинскас,

468571630_18050486495002670_4809337101024433913_n.jpg516447139_1228925392580333_6941194139044452942_n.jpg
фото - Јокубас Дабушинскас (Jokūbas Dabušinskas)

... на 23 јули започнал натпреварот во крос-кантри планински велосипедизам на EJOF, а младиот Литванец Јокубас Дабушинскас требал да се натпреварува, но, во вторник спортистот веќе се вратил во Литванија, но и покрај преврската на лицето и раката, тој не ја пропуштил можноста да го почувствува духот на фестивалот, барем со учество на церемонијата на отворањето заедно со тренерот Инета Балтрамиејунаите, која ги придружуваше Ј. Дабушинскас и 15-годишната велосипедиска Литванката Ирманте Алелиунаите, која се натпреварува во женската конкуренција,

520631493_1229286249210914_8056275147941307948_n.jpg

фото - Ирманте Алелиунаите

... тренерот 30 годишната Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite) се изјаснила :
(отворен цитат)
„Многу е жално што на самиот крај од тренингот, на натпреварувачката патека, подготвувајќи се за едно од најважните натпреварувања во сезоната, Јокубас се лизна и падна на кривина. Се чинеше дека беше едноставна ситуација, на сосема рамна површина, но последиците се многу болни. Подготовката беше многу добра и интензивна. Но, спортот е таков, понекогаш мора да се соочите не само со победи, туку и со многу неочекувани предизвици. Јокубас е исклучително силен млад спортист кој е способен не само да ја даде целата своја сила на патеката, туку и да се справи со психолошките тешкотии.

Не се сомневам дека ова искуство, иако болно, ќе ја зајакне неговата волја, решителност и мотивација. И верувам дека Јокубас ќе нè воодушевува со своите достигнувања и победи одново и одново“, уверен е тренерот Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite) .“
(затворен цитат)
Ineta-Baltramiejunaite.pngScreenshot 07-24-2025 18.07.22.png

фото - тренерот Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite)
 
Последно уредено:
Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 20.07.2025 ( Литванецот Јокубас Дабушинскас)... морам да напишам,

Прегледај го приврзокот 451533

... за да се искористи спортот и младите спортисти кои се гости во МКД, за да се прикаже нашата Македонија за необзирна, несовесна, мизерна споредбено со Тунгузија, не знам колку треба да им сече на тие што коментираат по социјалните мрежи партиски насочени сеир да тераат, впрочем прочитајте ги поедничните коментари на наши сограѓани, а посебно коментарот како наслов на кобајаги новинарски магазин
Македонски Магазин во Австралија Шило (Shilo Magazine Online Magazine in Australia), а богами и тука на Кајгана форум членови со дезинформации, што на ум то на друм, штета што не се сносува одговорност за вакви намерни или ненамерни постаки од моја страна со еден збор
- С Р А М О Т А !

Прегледај го приврзокот 451538

Прегледај го приврзокот 451541

...во интерес на вистината и одбрана од сите овие гнасни лажни обвинувања од страна, пази ваму, од ,,Македонски магазин“ ШИЛО, и колку да тера сеир или да биде интересен, смешен, не смее да пласира невистини и да ја зацрнува Македонија со лаги и невистини не само пред македонскиот народ кој е страшно наивен и верува во све што ќе прочита, туку и да дава лоша слика на ова мала државичка која се бори да опстане, пред другите држави кои не не' познаваат или не не' посетиле, па сето ова ќе го земаат како здраво за готово како вистина.

па да се образложи и објасни:

Прегледај го приврзокот 451523

... иако повреден од тренинг пред отварањето, 15 годишен велосипедист Јокубас од Литванија учествувал со другите членови на литванската делегација во парадата на земјите учесници на 20 Јули 2025 год во церемонијата на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопјe.
... да прочитаме што напишал самиот млад велосипедист од Литванија Јокубас Дабушинскас.
(отворен цитат):

„ Дојдов на EJOF во добро расположение, сите подготовки поминаа многу добро, бев во добра форма, мојата благосостојба се подобруваше со секој изминат ден. Во саботата за прв пат возев на патеката за крос-кантри планински велосипедизам, ми се чинеше поволна. Во неделата повторно отидов на патеката на периферија на Куманово, овој пат планот беше да ја возам малку побрзо. Тренингот помина непречено.

Но, во последниот круг, на последната кривина, се лизнав.
Целата патека беше многу лизгава поради теренот, кривината се сврти кон целта, која беше асфалтирана. Таа кривина беше на рид, па паднав од малку повисоко и директно на асфалтот.

Паднав на зглобот, ја удрив брадата. По падот, тренерот веднаш ме однесе во болница.
Рентгенската снимка покажа скршена вилица и скршен зглоб. Не беше потребна операција, но навистина не можев да се натпреварувам. Тоа најмногу ме болеше. Така помина мојот Младински олимписки фестивал. Дефинитивно не беше оној што го сакав. Но, барем бев релативно здрав. Навистина сакам да им се заблагодарам на сите што се грижеа за мене, особено на мојот тренер Инета. Ви благодарам“, рече велосипедистот.

(затворен цитат)

Прегледај го приврзокот 451536

... кумановска област во нашата прекрасна Македонија за тренинг на велоспедистите од Литванија - Ирманте Алелиунаите и Јокубас Дабушинскас,

Прегледај го приврзокот 451532Прегледај го приврзокот 451522
фото - Јокубас Дабушинскас (Jokūbas Dabušinskas)

... на 23 јули започнал натпреварот во крос-кантри планински велосипедизам на EJOF, а младиот Литванец Јокубас Дабушинскас требал да се натпреварува, но, во вторник спортистот веќе се вратил во Литванија, но и покрај преврската на лицето и раката, тој не ја пропуштил можноста да го почувствува духот на фестивалот, барем со учество на церемонијата на отворањето заедно со тренерот Инета Балтрамиејунаите, која ги придружуваше Ј. Дабушинскас и 15-годишната велосипедиска Литванката Ирманте Алелиунаите, која се натпреварува во женската конкуренција,

Прегледај го приврзокот 451529

фото - Ирманте Алелиунаите

... тренерот 30 годишната Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite) се изјаснила :
(отворен цитат)
„Многу е жално што на самиот крај од тренингот, на натпреварувачката патека, подготвувајќи се за едно од најважните натпреварувања во сезоната, Јокубас се лизна и падна на кривина. Се чинеше дека беше едноставна ситуација, на сосема рамна површина, но последиците се многу болни. Подготовката беше многу добра и интензивна. Но, спортот е таков, понекогаш мора да се соочите не само со победи, туку и со многу неочекувани предизвици. Јокубас е исклучително силен млад спортист кој е способен не само да ја даде целата своја сила на патеката, туку и да се справи со психолошките тешкотии.

Не се сомневам дека ова искуство, иако болно, ќе ја зајакне неговата волја, решителност и мотивација. И верувам дека Јокубас ќе нè воодушевува со своите достигнувања и победи одново и одново“, уверен е тренерот Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite) .“
(затворен цитат)
Прегледај го приврзокот 451530Прегледај го приврзокот 451539

фото - тренерот Инета Балтрамиејунаите ( Ineta Baltramiejunaite)
Дај у кратки црти овоа многу долго за читање.
 
Го однеле во Македонско село и ги оставиле, чекале 4 саати за автобус од таму.

Подобра слика не можеше, згазени велодипедисти, паднал таван во хотел, колабираат по сали.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom