ChatGPT (OpenAI)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.319
Поени од реакции
34.738
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Какви искуства имате со ChatGPT? Споделете совети, трикови (интересни промптови) и мислења!

Во последно време ChatGPT сè почесто се користи – некој го користи за пишување текстови, некој за програмирање, а некој само за да си направи муабет или да побара инспирација.

Како вие го користите?
Дали ви помогнал да решите некој проблем или да научите нешто ново?
Дали сте го фатиле како греши?

Отворена е дискусија за сè поврзано со ChatGPT:
  • Корисни примери
  • Забавни или бизарни одговори
  • Прашања и дилеми
  • Совети за подобра комуникација со него
Ајде да видиме што сè може (и не може) овој AI модел. Пишете слободно, дали од љубопитност или искуство, секое мислење е добредојдено.
 
Многумина забележуваат дека прави грешки, а не забележуваат дека во долниот дел на четот убаво си пишува дека ботот може да погреши и да се провери важно инфо.
Ботот најдобро функционира со давање заповед, не со молба. И нема потреба од лигави заблагодарувања, тоа само прави да троши повеќе енергија.
Го користам за побрзо пребарување и да научам нешто ново. Ги проверувам изворите кои ми ги дава за да се осигурам дека нема да ми даде лажни одговори.
 
Јас го имам користено за да си направам некој медицински муабет со него и од љубопитност, чисто да видам дали тоа што го збори е релевантно или не, па и да видам до кај стигнала технологијата и дали може да не замени :D .

Секогаш настапувам со резерва, има доста грешки или површни одговори, ама знае и да те насочи правилно ако знаеш што бараш. Така што, мислам дека може да биде корисна алатка, доколку се користи правилно и не се злоупотребува како што прават денешните деца кога пишуваат состави и решаваат задачи.
 
Јас сум го користел четгпт за
1 Сумирање текстови
2 Кратење текстови
3 Транскрибирање аудио
4 Лекторирање текст
5 Генерирање видео од слика
6 Едитирање слики
7 Квантитативна статистичка анализа од ексел
8 Генерирање извештај од табели и графици
9 Квалитативна анализа од текстови
10 Генерирање паур поинт од ворд
11 Коментари на пауер поинт
12 Генерирање тестови од пауер поинт
13 Кодирање во R и Пајтон
14 Информации и консултации
15 Превод
16 Генерирање и Едитирање видео
17 Генерирање иконографија
18 Создавање постери
19 Генерирање музика
20 Машински модели од ексел и текст дата
21 Генерирање долги текстови со дипресерч, самостојно или врз база на ворд и ексел документи
22 Сумирано пребарување на интернет

Имам платена верзија и многу сум задоволен
 
Последно уредено:
Генерално е океј за работи поврзани со технолошки полиња, на пример напредна математика, со докази, калкулус, Топологија, Физика, како и програмирање, со тоа што мислам дека намерно се праве глуп за да трошиш повеќе токени, на пример кога испаднаа онлајн ценовниците на маркетите, како овој https://pricelist.vero.com.mk/124_1.html успеав да направам онлајн прегледен ценовник кој ги земаше податоците од табелата и ги сортираше по категорија и првиот пат се правеше глуп, и морав да му пишам ало кодот не работи и по втор пат го оправи, и не е првпат, на повеќе платформи е слично Replit, Claude, Manus. Додека за полесни прашања е добар Грок, па после ЧатЏпт, за бесплатните верзии, еве пример на прашање кое го поставив на повеќе платформи, Which countries flush their toilet paper down the drain, and which countries put them after use in a nice little bin next ot the toilet in the bathroom и најдобар одговор добив од Грок.
 
Обично има подпрашања четгпт. За некои посложени работи ми поставувал и 10 подпрашања. Може доста да треба да те подпрашува и ти да му дадеш фидбек ако не е во ред одговорот. Но како и да е многу полесно е да го корегираш и да чатуваш од сам да ја вршиш работата. Во ретки случаи може и исто временски да те фати од рачно да ја завршиш работата но има помалку мислење и полесно е. За некои по трудово интензивни задачи многу заштедува труд. Мене ми се случило и 90-120 минути да врти на дипресерч за обемни и сложени задачи. Но во пракса рачно може би ми требало и недела дена работа. Во однос на порано одприлика 1/3 од времето ми треба за истата работа и многу полесно и помалку мислење има.
Сега има и агент во про верзијата за користење кориснички профили и да работи место тебе на веб.
Се помалку софтвер треба дури и хардвер е загрозен зошто може на слаби машини да работи.
 
Користам неплатена верзија Chat GPT на телефон ама веќе неколку месеци од како почнав да го користам ме зеза нешто на Wi Fi не ми работи поточно не дава одговори.
Дали е до мојов интернет или нешто може да е до апликацијата?
 
Неприценливо добра алатка. Светот треба да се рачуна пред и по креирање на ваков систем на резонирање. За мене лично ова е новото “тркало” или “парна машина”. Не зборам само за GPT него општо сите LLMs.
 
Земи инпут

Прати го на GPT

Парсирај одговор

Дропни го во UI

Кажи дека имаш продукт со AI назнака

:tapp:
 
Бесплатна верзија, скоро сите одговори му се од содржини кои сум ги прочитал веќе! Дури влече и застарени податоци!
Ок само стручни прашања му задавам, затоа и така се понаша.
За тесно стручни прашања е добар како база на податоци. Кога ти си викаш, како беше, како беше? Прашај си он се' памти
 
Неприценливо добра алатка. Светот треба да се рачуна пред и по креирање на ваков систем на резонирање. За мене лично ова е новото “тркало” или “парна машина”. Не зборам само за GPT него општо сите LLMs.
Мене ми зголеми х5 продуктивност. Споредба е како со коњ и автомобили да се превезуваш. Чет гпт е како мотор на внатрешно согорување. Сем Алтман= Рудолф Дизел :)
 
Го користев за превод .srt фајл

Тотално разочарување!
Преводот врска немаше! Грамитичка исправност нула! Нелогични фрази и изрази! Како обичен гугл транслејт да преведувал!

Пробав рачно со инпути да поправам барем дел од преводот. Повторно разочарување!
Ти му викаш не е "другар на командирот" туку "другар командир", он еднаш ќе го поправи, 9 пати ќе го промаши (кога е сред реченица или мала/голема буква ќе го збуни).
Буквално побрзо ќе ми беше сам да го искуцам/поправам рачно!

За друго не сум го користел, ама за ова очекував многу многу повеќе, а добив феил.
 
90% од луѓето ги користат агентите за добивање некаква информација, а нивната реална употреба е автоматизација на процеси. И информација да добиеш квалитетна треба да му зададеш параметри каде што ќе се обиде, ќе тестира, ќе провери со повеќе извори и ќе ти потврди. Само да напишеш - кажи ми тоа и тоа или напрај тоа и тоа, 50-50 се шансите дека ќе бидеш задоволен од исходот.
 
Платена верзија, благодарение на тоа, добиени два огромни проекти. Секако парафразиран и преработен текстот што го добивам. Али читаш отпосле и дава идеи што никад не би ми текнале
 
Промо текстови, креативи и дневни проблематики (средување ексели, заглавување со Вордпрес/Елементор или пак со графички програми Фотошоп/Илустратор/ИнДизајн).

Реално доста работа врши. Место да гуглаш проблеми или да бараш решенија, тука на едно место имаш се. Конкретно пример за Ексел, никогаш не сум го работел (професионално) и не знам формули и „цаки“. Со 5 минути разговор ми даде финално решение со комплетиран цел фајл, само да си продолжам да си додавам мои информации (пресметки, проценти, разлика, грамажи итн итн итн). Можеби за некој што го работи ова го знае, ама еве за мене доста ми помогна.

Сума сумару, задоволен сум.

Приметив дека е каде каде подобар за креирање креативи (дизајни) од Гемини на Гугл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom