Тргување со акции,крипто ,ETF– идеи и анализи

  • Креатор на темата Креатор на темата Pelister 2008
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам са купам, ама имам нула познавање. Сега да почнам да гледам видеа, немам време. А и ако почнам, секој ке кажува различно и ке се збунам.
Еве некој може ли накратко да опише како оди целиот овој процес? Па еден ден кога ке бидам милионер ке му пратам некој процент :D

Мислам дека сме доста неедуцирани на оваа тема, па освен на мене некаков почетнички опис на работите ќе помогне доста.
 
За да купиш акции пред се најважно е да ги купиш во нешто во шо разбираш каде ќе вложиш. Обично на големите компании акциите зато шо се веќе со позитивни биланси можат да носат добивки до 20% на годишно ниво. На долг рок ако имаш трпение се вложува најчесто на индекс ( индексот се состои од многу компании , кој на долг рок од 10 години секогаш е поголем од вложената сума) .Ако си човек кој сака да вложи во своите пари на долг рок , од мене би ти препорачал тесла , нвидиа , новосибирск , нетфликс. Зависи како сакаш ако сакаш да ги дуплираш парите шо би ги вложил тогаш се вложува во компании кој уште не се профитабилни и им треба капитал да обезбедат пари и за неколку години доколку станат успешни и профитабилни би можел да заработиш и до 1000% од вложеното но исто така и можи да ги изгубиш сите свои пари доколку фирмата не исполни то шо го очекува и можи да банкротира стагнира и нивната акција губи вредност како на пример фирмата за камиони Nikola која не успеа да го најди своето место на пазарот или Wolfspeed која од акција 130 долари дојде до 1 долар. Ако сакаш да купиш акции се вика buy и очекуваш нивната цена да расти , ако мислиш некоја фирма нема да ги оствари своите планови и очекуваш вредноста на нивните акции да падни тогаш позајмуваш short. Има и мн други работи ова е она најосновното за некој шо е од нула да ти појаснам . И ако купуваш на долг рок не се гледа денес паднала утре кренала важен е графиконот на долг рок, оти акциите арираат од побарувачката во тој момент . Се почнува секогаш со мала сума од 100 евра за да почниш да учиш и да сфаќаш како функционира една берза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom