Јас не се согласувам, дури мислам дека во некои општини како Тетово, Гостивар, Желино, Зајас и сл. одамна требаше да се откажат и едните и другите, зашто нивното учество таму е само залудно трошење пари - секако победуваат албанските партии. А вака, кога и македонските гласачи ќе треба да гласаат за некој од кандидатите Албанци, поголема е веројатноста да се заврши се во прв круг и со тоа да се заштедат државни пари кои би можеле да се пренаменат за нешто друго (ако не завршат во нечие џепче). Е сега, за општини како Кичево, Струга и сл. каде би можело да биде неизвесно, нормално, сум против откажување.