Дали свирите некој инструмент?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zoki Lou
  • Време на започнување Време на започнување
Едно off-topic прашање за оние што свират гитара : Ако може некој да ми каже која трзалица за што свирење е, пошто има некои тенки, некои дебели, од 0,46 мм, 0,81 мм, 1.20 мм ? :)

Зависи и каков тон сакаш да извадиш.
Rule of thumb,подебели трзалици(за мене од 1 па нагоре)се за ритам и вадат потуп звук додека потенки за соло и вадат пожив и поостар.Ја лично користам од 0.6 и 0.7 и убаво загреан можам да достигнам и до 20тина ноти у секунда уз alternate или economy picking(чисто,не шмрљам).
 
Клавијатура... некаде 15 години веќе

Едно време почнав и гитара да учам, но брзо брзо се откажав :)
 
Пред многу години на хармоника и гитара :D
 
Хармоника, синтисајзер, тарабука, на бубњеви се уште немам пробано а имам мерак и гитара и кавал да научам(мајка ми знае):D На компјутер имам инсталирано Fruity Loops и на тастатура по некогаш свирам.
 
Дрнкав Мандолинче во основно..имав доста желба тогаш како аматер. И сега на моменти ми се враќа желбата ама не сум ниту музички добро поткован ниту знам од каде да си набавам инструмент.
 
Продавница за музички инструменти во Штип.
Дали има и ако има каде се наоѓа?
 
Продавница за музички инструменти во Штип.
Дали има и ако има каде се наоѓа?

Според златна книга, продавници за музички инструменти има во Скопје, Битола, Охрид и Прилеп
 
јас гитара почнав да свирам уште од второ одд..сеа сум за прва...ама последниве 2-3 години некако ја забаталувам..мн поретко свирам така....анезз зашто а не треба да ја оставам :PPP
 
Свирам клавир од седум години.
Сакам да научам и виолина, но можеби подоцна...сега ме мрзи.
За пеење, не ме бидува ич. Сама мајка ми ми има кажано дека убаво пеам, а тоа не е добар знак.
Затоа пеам само кога никој не ме слуша.
 
Свирам клавир од седум години.
Сакам да научам и виолина, но можеби подоцна...сега ме мрзи.
За пеење, не ме бидува ич. Сама мајка ми ми има кажано дека убаво пеам, а тоа не е добар знак.
Затоа пеам само кога никој не ме слуша.

абе и ја не пеам убаво..али си пеам у јавност ...што ги ебам бе :D
 
Порано свирев на клавир и вооедно гитара,на клавир свирев додека одев во школо но откако го завршив заврши и моето свирење, но најмногу од се ми одеше клавирот. Додека свирев на клавир едноставно како душата и срцето да се отвараат умот патува како да патува низ свемирот а околу тебе буквално како се да застанало, чиниш се наоаѓаш помеѓу два света, во бестежинска состојба. :pipi:
 
Тропав тапани во втора-трета стредњо, ама немав пари и поддршка за да си купам и ништо не направив иако добро напредував, барем така ми викаа... Сега тропам само воздушни тапани и гитари и сл...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom