Фан Клуб: Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Sprite
  • Време на започнување Време на започнување
Охрид - Вардар (Н) 2-0

Ново коло нова победа за охридските бели кои на “Билјанини Извори“ со чисти 2-0 го совладаа тимот на Вардар од Неготино.

За охриѓани ова беше втора победа во серија, петта воопшто во шампионатот. По 7- то коло “белите“ остануваат во трката за висок пласман.

Стрелци на погодоците беа Клечкароски во 20 минута и Атај во 80 минута.

Во наредното коло Охрид и гостува на Шкендија.

Извор:Ohridnews

Заслужена победа на Охриѓани, целосно доминирање на теренот сите 90 мин, резултатот можеше да биде поголем доколку беа искористени 3-4 100% шанси.

Големо :bravo: до навивачката група Рибари кои од почеток до крајот пееја,тропаа,бодреа...:olee:


Наредно 8 коло (11.10.2008)

Брегалница - Вардар Декамел
Шкендија - Охрид 2004
Скопје -Нов Милениум
Маџари - Миравци
Локомотива - Цементарница 55
Беласица - Дрита
Новаци - Кожув
Слога Ј - Тетекс
 
Тепаме и со Шкендија.:)
Честито за победава денешна.
 
Кипријаноски ":zver:"

Бев лично таму и ја гледав утакмицата...во кратки црти судијата ја заеба цела работа кога досуди пенал во 4-та минута ( а врска немаше...сепак 1-0 за Шкендија)...после неколку минути автогол (2-0)...во меѓувреме брутални стартови од страна на капитенот на Шкендија ( и тоа 2-та старта со ред и за 2-та за жолт) ниту еден не беше доделен по шо "судијата" Кипријаноски немаше храброст да му додели картон или пак со други зборови се посра:tapp:...потоа убаво акција на домаќините и гол (3-0) и веќе се падна во вода...краен резултат 5-2.

Кипријаноски си се ослободи од притисокот од страна на домашните надлежни (или да речам цело Тетово) досудувајќи непостоечки пенал и ред други "мали" прекршоци. Доколку Охрид имаше водство тешко дека и ние, а и судијата ке излевме здрави и живи (Поздрав до цела публика заедно со нивните ултраши љочки...кои можат слободно да ни :pusk: :pusk::pusk:) никаква спортска култура да се немало...уште не влезени ни викаат "да ти го ебам мајката".
За таквите се знае каде треба да се населат...У ПЛАНИНЕ (патем и од таму се дојдени:pos2:)

Како и да е Шкендија сосема заслужено си победи...одиграја машки и прикажаја прволигашка утакмица(според мене ќе има експресно враќање на Шкендија во прва лига)...тешко мислам дека ќе може некоја екипа од втора лига да ја совлада таму.

 
Сигурен чекор на охриѓани

Продолжува победничкиот чекор на охридските “рибари“ откако на Билјани Извори го совладаа тимот на Скопје со 3-1. За охриѓани кои се искачија на второто места на табелата ова беше шестти триумф сезонава, трети на домашен терен. Творци на триумфот беа најдобриот стрелец во лигата Клечкароски и капитенот Маркоски.

Не помина многу време , а охриѓани стигнаа да резултатска предност. Во осмата минута Маркоски упати долга топка кон Клечкароски, киксираше потесната одбрана на гостите, топката среќно стигна до охридскиот напаѓач кој го искористи подарокот и ги доведе “сините“ во водство 1-0.

Веднаш гостите можеа да се вратат резултатски во натпреварот, но ударот на Јованоски по одличната комбинација со Мојсовски заврши во надворешниот дел на мрежата. Охриѓани комбинираат, а Волчески и Атај не успеваат да го совладаат Маркоски. Најдобрата прилика во финишот на првиот дел ја имаше Боцевски, кој изби сам пред Абди, но не успеа да го матира.

Наградата за залагањето во текот на натпреварот за гостите стигна во 64 минута кога Мојсовски избегна офасајд замка, и му асистираше на Неделковски за израмнување 1-1.

Голот ги разбуди домаќините кои преку Клечкароски и Христов се обидоа да стигната до нова предност. Повторно во водство охриѓани се вратија во 78 минута. Акцијата ја започна Маркоски, го проигра Димоски кој како на тацна го послужи Клечакароски кој уште еднаш ја потврди одличната голгетерската форма стрелајќи прецизно за ново водство (2-1), постигнувајќи го деветиот гол во исто толку натпревари.

Следуваа минути на отворен фудбал, а гостите беа тие кои ја имаа првата прилика во судиското надполнување, Шабани го лобоваше Абди но топката заврши покрај голот. На истекот на судиското надополнување, по нафрлената топка на Волчески, капитенот Маркоски стави точка на мечот.
Охрид : Абди, Чашитоски (89` Келешоски), Шопоски, Велковски, Христов, Исаку, Бочески (46 ` Димоски) ,Волчески, Маркоски, Атај (59` Затуроски), Клечкароски


Стрелци : Клечкароски 8`, 78`, Маркоски 90+3 (О), Неделковски (С).

Кој друг ако не Клечкароски

Нема стоп за охридскиот тим. Охрид попладнево на Билјани Извори со 3-1 го совлада тимот на Скопје.
Творци на шестата победа , трета на домашен терен беа најдобриот стрелец во лигата Клечкароски и капитенот Маркоски. Клечкароски биеше прецизно во 8 и 78 минута, додека Маркоски стави точка на мечот во судиското надополнување. Стрелец на почесениот гол за гостите беше Неделковски во 65 минута.
По девет одиграни кола со 19 освоени бодови охриѓани се втори на табелата.



извор: ohridnews
 
А слики од Рибари ултрас?:vozbud::vozbud:

Јас Феномен немам слики...Фантом сигурно има али изгледа има заборавено да ги постира :)
__________________________________________________________________________________
10 коло:

Маџари - Охрид (Маџари нема победа од 3 коло)
Брегалница - Шкендија
Скопје - Вардар Декамел
Локомотива - Нов Милениум
Беласица - Миравци
Новаци - Цементарница
Слога Југомагнат - Дрита
Тетекс - Кожув
 
Со кого играме сега наредно ?

Игравме со Маџари на гости 2:2 (првенствена) и дома игравме за купот со Шкендија изгубивме 1-2 (а 3-0 загубивме во Тетово)
________________________________________________________

Следно коло Охрид - Локомотива во 13:00

Be there!!! :)
 
Охрид - Локомотива (2-6)

Охридските бели го претпреа најтешкиот пораз сезонава. На Билјанини Извори Локомотива со тениски 6-2 го торпедираше Охрид.
За гостите двоен хет трик постигнаа Марко Цветковиќ и Ајдин Беќировски. Стрелци на головите за охриѓани беа Златко Чашитоски и Андон Затуроски.

Резултати 11 коло:

Кожув - Брегалница (2-2)
Дрита - Тетекс (1-4)
Цементарница - Слога Ј. (1-0)
Миравци - Новаци (4-0)
Нов Милениум - Беласица (1-1)
Вардар Д. - Маџари (2-1)
Шкендија - Скопје (6-2)

Табела:

1. Дрита............22
2. Тетекс............21
3. Слога Ј...........20
4. Охрид.............20
5. Брегалница....19


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom