Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Прегазена и девојка на пешачки во центар. Подобро да ги фрлам електронските уреди оти ова веќе не е реално.
 
Прегазена и девојка на пешачки во центар. Подобро да ги фрлам електронските уреди оти ова веќе не е реално.

Hunger Games не е направено така за да се иде во кино со девојчето и да се опуштиш пред да имате секс. Тоа е црната реалност во светов, а кај нас е пуштено на најјако.
Не си безбеден ни на пешачки премин додека чекаш да се упали зелено.
 
Хаос... Сабајле одам пешки на работа, и у воздухот се осеќа тагата од ова што се случи, луѓето мрачни, невесели, нема позитивна енергија, уште па сабајлево 32432423234 нови случаи на сообраќајки и прегазени пешаци, општа мизерија.

Многу ми е криво и жал што доста од жртвите починале поради несфаќање на сериозноста на ситуацијата. Мислам, лесно е да се збори од позади компјутер, можеби да сум бил на местото на настанот и јас би направил исто и не би се замарал, ама у курац нека иде се. :yid:

Исто многу ми е криво што живееме во време каде се храниме со дезинформации и шпекулации, а тоа е нешто што најмалку треба во вакви ситуации. Од вчера до денес едно милијарда глупости беа кажани и напишани во медиумите, а замислете само колку семејства има што чекаа инфо каде им е детето, братучедот, братот, сестрата и слично, а на интернет некој бомбардира со неточни информации и лаги, ХК ПУ. Затоа и им реагирав на ликови како Рон и Војаџер, не дека ми сметаат нешто или дека ги мразам, ама стварно не е моментот да се праиме паметни и да изиграваме дрвени адвокати, едно е Украина, Америка, Сирија, Израел темите, таму колку сакате трескајте и пишувајте, ама овде се работи за наши луѓе што преживаа траорна несреќа.

Знам дека е клише муабет, ама ако после ова не ни се крене свеста како народ за да ги угасиме канцерогените поставки во системот тогаш и не треба да постоиме како држава.
 
ТВ Стар нели се од тој реон?

Дали се нормални што дале како прилог?
 
Државата го покрива лекувањето во странство?
 
И денес не е ништо поразлично од вчера, ова е потрес кој ќе остане силно запечатен во нашата меморија. Ова што го гледаме и слушаме се само симптоми на длабоките корупциски и системски проблеми во државата, а она на кое што треба да се делува за да се спречат симптомите е нешто многу подлабоко и патолошко! И вака не само што ја губиме вербата во институциите, туку и во иднината на нашата држава. Сите сме гневни на тоа колку млади животи се изгубени поради нефункционалност, корупција и беззаконие. Поради сопствените грешки се давиме во калливи води, но не може а да не се запрашаме каков е патот пред нас? Дали има надеж за ова општество и за генерациите кои ја живеат оваа реалност?

Одиш на лекување, трагедија, гориш.
Одиш на патување, трагедија, гориш.
Одиш на забава, трагедија, гориш.

Ова не се заборава лесно и остава трајни рани кај сите нас.
 
Кочани се подготвува за најмасовниот погреб во историјата на Македонија: Гробиштата се прошируваат, механизација работи наголемо

 
Hunger Games не е направено така за да се иде во кино со девојчето и да се опуштиш пред да имате секс. Тоа е црната реалност во светов, а кај нас е пуштено на најјако.
Не си безбеден ни на пешачки премин додека чекаш да се упали зелено.
На тој булевар нема пешачки семафори, само дузина пешачки премини, а и пешаците одат вон премини...оди вози па да видиш како е... Потребни се пешачки надвозници и пешачки семафори и полиција која ќе казнува И пешаци
 
На тој булевар нема пешачки семафори, само дузина пешачки премини, а и пешаците одат вон премини...оди вози па да видиш како е... Потребни се пешачки надвозници и пешачки семафори и полиција која ќе казнува И пешаци
Не се пешачките семафори гаранција дека нема да се деси катастрофа пак. Сите нормални земји во главните градови на критичните пешачки точки имаат изградени премин под улиците. Ние КАСКАМЕ со сообраќајна инфраструктура потребна за град како Скопје.

Тендер со камери ќе ти го пуни буџетот а нема да спасува човечки животи.
 
Да, ама лесно е сега да кажеш, кога имаше несреќа...ајде нека се затворат Сите што не се цакум пакум ќе врескате Диктатура, Рекет ...
 
Градоначалникот на Кочани си дал оставка...
Оставка е најмалку нешто што треба да га направи, треба да сноси одговорност ако е на некаков начин вмешан во работењето на диското, со лиценците, на било каков начин да е вмешан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom