In Memoriam Luciano Pavarotti

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
lesna mu zemja:nesum:
btw legendite nikogas ne umiraat,sekogas pozadi sebe ostavaat po nesto da gi pamtime
 
Бог да го прости...знаев дека е болен ама мислев дека е залечен и дека не е толку сериозно...голема штета :(
 
Lele stvarno mi e zal za ovaj coek. Najdobar glas na site vreminja, a ne mi se vervit deka ke imat nekoj olku ubav glas uste ednas. Lesna mu zemja :(
 
Почивај во мир! Голем човек беше.
 
Ожалостените минуваат крај Павароти

Се прават подготовски за погребот на Лучиано Павароти, светски познатиот тенор кој почина вчера во Италија. Славни луѓе и политичари од целиот свет ќе допатуваат утре во Модена, за погребната церемонија која ќе се одвива во тамошната катедрала.
Постојана река луѓе во текот на денов минува покрај отворениот ковчег на Лучијано Павароти. Маестрото е облечен во познатиот црн фрак, со бел шал околу вратот и шамивче вметнато во левата рака, со кое обично мавташе на сцената.
Неговиот менаџер, Тери Робсон, рече дека веќе го видела срдечното писмо од британскиот принц Чарлс кој го имаше видено Павароти на концертот во Хајд Парк во Лондон пред 16 години, кога тој настапи пред 100- илјадна публика.
„Државен погреб“
Семејството Павароти замоли за свечена церемонија иако таа се повеќе личи на државен погреб. Италијанскиот премиер Романио Проди изрази желба да присуствува на службата што ќе ја води државниот секретар на Ватикан.
Ќе дојдат и многумина славни луѓе и музичари, меѓу кои и Боно, Пласидо Доминго, Хозе Карерас и играчите од неговиот омилен фудбалски клуб Јувентус.
Неговиот голем пријател, Андреа Бочели, ќе ја пее „Панис Анџеликус" која Павароти ја отпеа со својот татко во истата катедрала пред многу години. Бочели вели дека ќе го запамети како ддрагоцен учител по „бел канто".
Погребот на Павароти ќе се пренесува на италијанската телевизија, а авиони од воените сили ќе извршат надлетување на самиот крај од церемонијата.
Павароти почина вчера на 71 година.
Талентот на Павароти беше долго обожуван од љубилите на операта, но стана познат и сакан од милиони луѓе кои никогаш во животот не гледале опера.
Славата на Лучијано Павароти стана голема колку и неговата фигура - тој беше шоумен, но од оние приземјените и чувствителните.
Пеачот беше роден во Модена, северна Италија. Желбата да пее ја имаше уште од млад.
„Почнав да сакам да бидам тенор уште кога имав четири години. Скокав на маса, го вртев светлото кон мене и ја пеев Ла дона мобиле", зборуваше Павароти.
Пат кон славата
Неговото деби во лондонскиот Ковент Гарден во 1963-тата беше неочекувано. Павароти беше повикан да пее како замена за друг пеач во „Ла Боем".
Потоа, Павароти беше земен под крилото на австралиската пеачка Џоан Садерленд и нејзиниот сопруг и диригент Ричард Бонинџ.
Но, веројатно настапот во њујоршката Метрополитен опера во 1972-та, со „Ќерката на полкот" од Доницети, беше она со што навистина се прослави. Павароти ја преплави публиката со големата арија.
Во годините што следеа, неговата ретка комбинација на моќ и лиричност го одбележаа како специјален уметник на сцена и во студио.
Заедно со колегите тенори Пласидо Доминго и Хозе Карерас, Павароти настапи на отворањата на три светски првенства во фубал.
Во 1998-та, во Париз пееја на специјално изградена сцена под сводовите на Ајфеловата кула крај реката Сена. Феноменот на „Тројцата тенори“ ја поттикна славата на целата индустрија со класична музика.
Критики
Но и Павароти не беше над критиките: пуристите не беа воодушевени со неговото вкрстување на музиката, по снимките со пеачи како Селин Дион.
Последното излегување на оперска сцена беше во Њујорк, во 2004-та. Две години подоцна беше принуден да ја прекине турнејата за збогување, за да оди на операција од рак на панкреасот. Од тогаш тој не можеше јавно да пее.
Лучијано Павароти сними многу композиции - некои повредни од другите. Но, само неговиот пријател Пласидо Доминго би можел да му биде соперник како највозбудлив сценски тенор во последниве четириесет години.






Нека почива во мир...:cry:
 
Многу го сакав уште од мал и сега кога дознав стварно ми падна жал пошто таков тенор многу тешко ќе се роди.Нека му е лесна земјата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom