Тогаш и Новиот Завет е човечка творевина, бидејќи Исус јасно рекол дека не дошол да измени ниту една црта од Законот ( Стариот Завет). И сеа?
Не колега, уште полошо е, на 3 различни места во Библијата има 3 различни информации.
Еве од предходната дискусија во фебруари оваа година:
_______________________________________________________________________________
Лука
15 И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”
16 ”
Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.
17 Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.
Ко да се контра едно со друго? Законот не важи али неможе да пропадне?
Галатјани
23 А пред да дојде верата, бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие.
24 Така, Законот ни беше наш воспитач до Христа, за да се оправдаме преку верата.
25 А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.
Но некако ми е контра со Матеј кој веке го цитирав каде Исус вели дека нема да ги смени законите и пророците.
Матеј 5 17-18
17 ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
Разбираш зошто не ми е јасно? Кој од овие да го следам? Или е по избор па кој што сака?
____________________________________________________________________
И уште нешто, ако Исус ги укинал старите закони, па сега можеме да јадеме школки и ракови како и да носиме облека од 2 различни материјали, дали тоа значи дека и хомосексуалноста не е веќе казнива?
Исус лично за хомосексуалците нема кажано ништо, па ако ги укинува старите закони како што велат колегите Мики и mountain значи ли тоа дека геј е ОК?
А кога сме кај моралноста на Исламот и Христијанството, драги мои колеги, бидејки ниту една од нив не го забранува ропството, не можам да ги прифатам како ништо друго него книги напишани од луѓе за да контролираат народи.
Ропство за мене е нешто најгадно и најниско што може да му се деси на човечко суштество (освем силување) а бидејки не е забрането од „Бога“ .............................................................