Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Истите глупости од лани со Макс ги прави.
 
Мислам дека е во прашање веќе личен психолошки проблем - изгоре во желбата да покаже дека е подобар од Оскар. Многу остро влезе во тој свиок веројатно во обид да скрати некоја стотинка и затоа отскокна болидот. Не го видов баш најубаво моментот, сепак, може сум грешка.
 
Интересен коментар дадоа на Ф1 ТВ, и се сложувам, оваа сезона можеби ги гледаме најинтересните квалификации во последниве 10-15 сезони.
 
Ауауау, скоро 0.200 у прв сектор, нереално е ова.
Тоа беше во споредба со времето на Расел (-0,170 мислам). Пјастри го подобри тоа време за -0,054, значи во споредба со времето на Пјастри во прв сектор беше -0,12 некаде, што и така е импресивно, ама во вториот и третиот сектор Пјастри далеку побрз, па затоа на крај испадна само -0,010 разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom