Знаев дека ќе се појавиш од некаде.И е англичанец![]()

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Знаев дека ќе се појавиш од некаде.И е англичанец![]()
Јас сум ти ко оние веганите. Се собираат ликови да дискутираат за книги и почиње нешто муабет за Мураками или Ишигуро и јас ко од пушка се избацувам.Знаев дека ќе се појавиш од некаде.![]()
Добро, мислев до мене е. Сите ја фалат. Јас ѝ дадов субјективна 3ка, објективна 4ка. Причината беше што првиот дел, перспективата на главниот лик ми беше преинтересен и доста директен во сржта на проблемот, откако се префрли на нарација од аспект на сопругот, ме изгуби... не ми беше ни интересно за читање повеќе. Но книгата е несомнено добро напишана.01. Вегетаријанка - Хан Канг (Артконект, 2021)
Прегледај го приврзокот 439676
Очекував многу повеќе од овој роман. Не само затоа што авторката Хан Канг беше добитничка на Нобелова награда за книжевност во 2024, а самиот роман е добитник на интернационалната Букерова награда во 2016, туку повеќе зашто слушнав многу позитивни коментари и прочитав навистина одлични рецензии за него. Но, останав разочаран зашто во дел од приказната според мене има погрешен избор на средство за да се достигне одредена цел - доловување на некаква поента. Макар што се е алегорија. Но моето лично доживување не го менува фактот дека ова е извонредно напишан роман и по форма и по содржина. Не би сакал да навлегувам во детали, зашто тоа што мене ми го расипа впечатокот е дел од приказната, па не сакам да го расипам читањето некому. Затоа тука би запрел.
Се двоумев за оценката: 3 или 4/5, па одлучив да остане послабата, иако мислам дека ова е нешто измеѓу.
Големо да расте, и читај повеќе зашто откако ќе почне да патка ќе немаш време дур не наполни 3.Минатата година ставив предизвик од 10 прочитани книги, ама не успеав. Прочитав 9, почнав уште 2, ама ми се роди бебенце и тука почна стагнацијата на поле читање книги. Годинава не верувам дека ќе прочитам повеќе од 3-5 книги.
Лани ја прочитав, т.е. декември. Овде не стасав да пишам. Прекрасна е, и одлично ја опишува реалната состојба со наградите кај нас, како и со книжевната критика. Фаворит ми е за роман на годината.1. Ветрилиште - Игор Анѓелков (Или-или)
Прво па мушко. Најновиот роман на Игор го „чував“ за годинава јер минатата беше ептен тешка конкуренција. И напраив грешка. Добро де, чекав само 2 месеци да ја почнам, и во еден брз здив да ја изџвакам со огромна сласт. Ми се свиѓа стилот на Игор, сосема ненаметлив, непретенциозен со тивки референци од културното поле што има излезено. Без многу попмпа а впечатливо. Приказната е нешто налик на Birdman ама тука ликот Борис као добива некоја награда веќе во позни години. И по патот од дома до салата за филхармонија (каде ќе му се додели наградата), а со тоа низ рефлексија на неговото минато ја согледуваме суштината што му се случува на некој добро етаблиран писател откако ќе постигне „абсолут“ во неговата кариера.
Туто бене според мене. Топла препорака 5/5
Првиот дел беше од аспект на сопругот, вториот беше од зетот за сестра (уметникот): Инаку, да, истото чувство и јас го имав, со тоа што дури и вториот дел мене ми беше ОК, се навикнав по некое време и на него. Ама на третиот - не можев. Претерано беше. Плус многу ми сметаше тоа што на некој начин на ментална болест или растројство како да се обидуваше да и даде оправдување или да ја прикаже како нешто нормално. Анорексијата е се, само нешто нормално не.откако се префрли на нарација од аспект на сопругот
Пред година и пол, две ја читав, најверпјатно на третиот дел мислев.Првиот дел беше од аспект на сопругот, вториот беше од зетот за сестра (уметникот): Инаку, да, истото чувство и јас го имав, со тоа што дури и вториот дел мене ми беше ОК, се навикнав по некое време и на него. Ама на третиот - не можев. Претерано беше. Плус многу ми сметаше тоа што на некој начин на ментална болест или растројство како да се обидуваше да и даде оправдување или да ја прикаже како нешто нормално. Анорексијата е се, само нешто нормално не.