Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
13. Земја без залез - Марија Андријашевиќ (Бегемот, 2024 (оригинално издаден 2021))

1752396010901.png


Многу ме измори романов. Не дека е лош, туку напишан е во еден стил каде нема јасна граница меѓу минатото и сегашноста, меѓу јавето и сонот и меѓу сетилното и сеќавањата. И навистина, капа долу на авторката за несомнената умешност да ги раскаже на тој начин работите. Но за читање е тежок! Навистина тежок, зашто во ни еден момент не знаеш дали си во реалноста или во некое сеќавање во главата на Глорија Сутон, раскажувачката и главниот протагонист тука, дали си во сегашноста или во минатото, дали Глорија пишува за неа сега или за неа како дете... Мора да се има многу концентрација, многу фокус и многу трпение за да се успее да се стигне брзо од почеток до крај на овој роман. Мене изгледа не ми успеа да бидам доволно концентриран на овие топлотни бранови летово, па затоа го влечев со месеци и веројатно затоа не ми се допадна толку колку што очекував. А очекував многу со оглед на оценката тука, на коментарите и на наградите кои ги има земено.

„Земја без залез“ е семејна сага за едно семејство во кое недостасува фигурата на мајка и сопруга, во кое многу работи остануваат премолчени и недоречени и роман за сеќавањата, за растењето во едно селце во далматинска Загора, во близина на Сплит, но и за врските со пријателот од детството, Јадран и неговата ќерка Алта. Огромен дел од романот е напишан како монолог на главниот лик, Глорија, млада ботаничарка која се враќа во родниот Сплит за да го посети татко и кој е речиси пред смртна постела, при што пред неа се распостилаат сите сеќавања од детството, од растењето, од моментите поминати со татко и и дедо и во Врј каде и се родила љубовта за растенијата, но и од доживувањата со Јадран, а создава и нови спомени преку дружењето со неговата ќерка Алта.

Реков, очекував многу од романот, а некако останав разочаран зашто не ми пружи некоја приказна во која ќе можам да се впуштам со уживање. Едноставно приказната ми беше преедноставна и прогресијата на истата ја видов како една рамна линија во која не најдов ужиток. Но, несомнена е творечката умешност на авторката и за тоа секоја пофалба. Ама на моето патешествие низ земјите од поранешна Југославија, ова ќе остане како роман кој дефинитивно ќе го запаметам, но не верувам дека некому би го препорачал.

3/5
 
9. Плодови на гневот - Џон Стајнбек - 10
Сигурно во топ3 најубави книги кои ги имам прочитано во животот. Од прва до последна страна целата книга беше едно преубаво искуство, атмосферата беше доловена на феноменален начин, балансирано совршено за во нитуеден момент да не е напорна или досадна книгата, а притоа да има и хумор застапен, одлична авантура, но и многу убави пораки преку карактеристики на ликовите кои се застапени и кај нас самите, како и кај ликови од нашето секојдневие. Финалната сцена во шталата после поплавата, со млекото и човекот прегладнет е една од најубавите и најдлабоките сцени прочитани во литературно дело. Задолжително да си ја прочита секој, нема да зажали.

10. Алхемичарот - Пауло Коелјо - 7
Трето дело од Коелјо кое го имам прочитано, после "11 минути" и "Брида". Тука некаде ми се со 11 минути, додека Брида ми беше досадна и напорна за читање. Убава книга за да си ловиш мисли од неа, добра поука и твист си носи делото, но сепак повеќе преферирам книги каде што има дејствија оставени без објаснување на нас самите читатели да ги толкуваме како сакаме и да заклучиме што сакаме од нив, а не да ни се дадени дирекции до поуката која треба да ја извлечеме, барем моето читачко искуство со книгава ми беше такво. Како и да е, не беше напорна за читање, лесна и не одзима многу време, иако не се по мој вкус вакви книги, сепак вредеше читањето и беше добро искуство.

11. Големиот Гетсби - Френсис Скот Фицџерланд - 7.5
На почетокот некако споро доста почна, но како се движеше крајот драстично се опорави. Книгата е за жена конкретно, но може да се пренамени за било каква работа во животот. Многупати одиме all in за да оствариме некоја цел, жртвуваме и даваме многу од себе, несакајќи да ја согледаме штетата која ја оставаме зад себе бркајќи ја таа цел и не мислејќи на последиците. Заслепени сме, а моментот кога прогледуваме е често веќе многу доцна. Драго ми е што нараторот на романот ја сфаќа на време научената лекција од туѓ пример и не ја направи на крај истата грешка како Гетсби. Добра книга, не прекумерно интересна, ама доста моќна, ништо life changing, ама си носи убава порака.

12. Сликата на Доријан Греј - Оскај Вајлд - 7.5
Првите 200 страни ми беа дури и напорни, баш имаше некои описи преку набројани работи до бескрај за кои се прашував која е поентата на целото нивно споменување во контекстот на приказната, дали има некое скриено значење, дека такво не открив. Но, преостанатите 80 страни до крај беа одлични, многу дејствија се случуваат во малку страни и целата работа кулминира многу брзо. Ликовите во романов се многу добро разработени, во главата си имаш некоја скала кој колку е добар на таа скала од најлош до најдобар и како прогресира романот се менуваат местата. На крај завршува и на единствениот начин како што требаше да заврши. Од совеста (сликата) никогаш не можеме да избегаме, секогаш се враќа назад по нас да си го наплати долгот.

13. Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес - 9
Уште една одлчна негова книга после “100 години самотија“. Книга за моќта на љубовта, трпението, зрелоста и мудроста која ја добиваме низ годините. Веројатно во реалноста ваквите примери како примерот на Флорентино Ариза од романот се непостоечки, но убаво е да се прочита за моќта и силата која ни ја дава љубовта и колку таа е движечка сила во светот. “И колку време мислите да продолжите да пловите така? - Цел живот“. Најтопла препорака.

14. Лица со маски - Владимир Костов - 4
Оваа книга не знам како ми залута да ја прочитам, но ми требаше некоја кратка книга за да пополнам ден - два на плажа и ја најдов низ дома. Книгата е генерално досадна, раскажува ситуација од работа и негова анализа на колегите, кој колку бил подмолен, чесен и како постапил и се поставил во таа ситуација. Социјалистичка атмосфера, време и период на книгата, со доста жаргонски термини, што и не ми се допадна баш, не ја препорачувам.
15. Збогување со оружјето - Ернест Хемингвеј - 9
Прекрасна книга, која многу ме потресе, народски кажано “од земја ме акна“. Читајќи ја, правев паралела со “За кого бијат камбаните“, двете се комбинација од воена и љубовна приказна, но ако во “За кого бијат камбаните“ ми преовладуваа воените описи и битки, тука сепак во преден план ми беше љубовната приказна. Тоа што ми се допаѓа, а и најмногу ме потресува кај Хемингвеј е играње со нашата надеж, читајќи се внесуваш во приказната, расте оптимизмот кај тебе и кога мислиш дека веќе ништо не може да крене на лошо, дека сите битки се добиени, како кула од карти сѐ се руши. За жал така и во животот кај многу судбини. Приказна за апсурдноста на војната, за преживувањето, за вредноста на еден човечки живот во војна, за љубовта како водечки мотив во животот. Вистинско уживање беше читањето на книгава и моја препорака на сите кои ја немаат прочитано.
 
9. The Flaw - Antonis Samarakis 4/5. Одличен психолошки трилер.
10. Hickory Dickory Dock - Agatha Christie. Конечно еден посолиден крими роман после исчитаната Five little pigs. 4.5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom