Анкета: Локални избори 2025 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nepoznatiotttt
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ќе гласате на локални избори 2025?

  • СДСМ

  • ВМРО - ДПМНЕ

  • ЛЕВИЦА

  • ДУИ

  • КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ

  • ЗНАМ

  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

  • Друга партија (ќе пишам за која)


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јули 2023
Мислења
24
Поени од реакции
11
Во Октомври 2025 година во нашата држава ќе се одржат локални избори во кој според последните анкети е апсолутен ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои се очекува да освојат апсолутна победа по бројот на освоени градоначалници и советнички места.
За која политичка партија ќе гласате на овие избори за ваш татко/ мајка на градот што очекувате од него ?
Дали сте задоволни од владеењето на сегашниот градоначалник?
 
Рејтингот на вмро многу е опаднат после случувањава од јуни на вака. Јас ги гласав и на парламентарните и на претседателските лани, го сторив тоа и на локалните 2021 и на парламентарните 2020 ама факт е дека работава не им чини. Не верувам да направат некој голем потоп како што пиша во првото мислење ама верувам дека ќе направат добри резултати не бидејќи конечно после 7 години нешто се смени, туку затоа што конкуренцијата им е слаба. За ездеес муабет да не правам, ако Венко си јаде трици по телевизија дека биле спремни за локални, не друже не сте, се лажеш. Не верувам да постои будала која лани на генералните избори не гласал за ездеес па сега да се премислил и рекол ,,убаво им тргна, ќе ги гласам". Ноу ноу:neetaka: Верувам дека левица годинава ќе добие многу. Еве кажувам ако извади кандидат во мојата општина со две раце ќе го заокружам.Верувам дека ќе успее да земе барем една општина, најверојатно ќе биде некоја hardcore ездеес општина која и при ваков дебакл лани успеаа да ја победат. Пример Крушево, Маврово и која беше таму друга. Можат да земат и по стариве hardcore ездеес општини кои годинава ги изневерија и ја сменија бојата после преку 20 години, пример Струмица, Берово, Делчево, Куманово, Карпош, Центар, Дојран, може и Крива Паланка да се спомне... Друго се претседателски и парламемтарни, друго се локални. Левица екстремно лош резултат на претседателските извади ради лошиот кандидат. Апасиев да се кандидираше или некој поасален од Билјанчето, 100.000 гласа ако ме извадете глава да ми ја сечеш. А и за парламентарни е друго бидејќи сите сакаа да ги казнат социјалдемократите па гласаа за вмро за да премине прагот од 61 пратеник и да не мора да му се лижи на аљи (ама вмро заедно со знам имаше над 61 пратеник па пак му се личеше, само не сега на аљи туку на арбенчо и на гаши), па ги занемаруваа помалите партии. Доколки вистина годинава имаме двојни избори, левица над 10 пратеници зема 100%, апасиев е единствен политичар со муда и народот тоа го цени.
Ај да не филозофирам, се распишував ко улав не знам која будала ќе издржи до крај да го чита. (Имам ја уште за пишување ехееј, ама ај наредна прилика)
 
Моментално разликата помеѓу ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ е 5:1, и мислам дека СДСМ може да загуби дури и во Центар, Струмица, Крушево, Крива Паланка и останатите места каде што сега имаат градоначалник. Главната неизвесност и најинтересната битка на овие локални избори ќе биде во албанскиот блок.
 
Зависи како ќе биде до изборите. Ако продолжи Мицко со добрата работа може сите градоначалници да ги собере на овие од СДС.
 
Сдс не бил никогаш послаб од моментов така да мислам преку сила ако земат 3 до 6 општини и тоа типувам на Струмица, Крушево и Центар и некој од Чашка, Крива Паланка и Валандово. Дпмне ќе си победи пак убедливо, Левица ќе собере некој советник плус

Очекувам и Дуи на овие избори да изгубат важни општини како Струга, Кичево, Дебар и Арачиново
 
Вмро го лапа Кичево за доручек.ДУИ е мртва завршена приказна теренски никој не им оди сдс се дно Левица нема капацитет да добие градоначалник па така ВМРО и ЗНАМ ќе земат се.Мислам дека во општините каде што Сдс имаат некој рејтинг ВМРО коалицино ќе го даде место на ЗНАМ па така со гласови од Сдс преку ЗНАМ ќе добијат дел и од тие општини.Инаку ВМРО мора да менува повеќето од досегашните грдоначалници затоа што дел се големо разочарување.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy
Сдс не бил никогаш послаб од моментов така да мислам преку сила ако земат 3 до 6 општини и тоа типувам на Струмица, Крушево и Центар и некој од Чашка, Крива Паланка и Валандово. Дпмне ќе си победи пак убедливо, Левица ќе собере некој советник плус

Очекувам и Дуи на овие избори да изгубат важни општини како Струга, Кичево, Дебар и Арачиново
Како што тргнала Чашка треба да се надеваме сдс да победи таму, оти 2021 знаеш дека за малку не ја окупираа и неа?
Автоматски споено мислење:

Зависи како ќе биде до изборите. Ако продолжи Мицко со добрата работа може сите градоначалници да ги собере на овие од СДС.
Која добра работа бе друже? Се слушаш што зборуваш?
 
Како што тргнала Чашка треба да се надеваме сдс да победи таму, оти 2021 знаеш дека за малку не ја окупираа и неа?
Автоматски споено мислење:


Која добра работа бе друже? Се слушаш што зборуваш?

Треба помалце да пратиш инфомакс и ќе се вратиш у нормала.
 
Ако годинава во мојата општина Левица не извадат кандидат воопшто не гласам, на минатите од што немаше избор дадов глас на дпмне и жива утка излезе така да…
 
Како што тргнала Чашка треба да се надеваме сдс да победи таму, оти 2021 знаеш дека за малку не ја окупираа и неа?

Албанците имаат околу 35% од гласовите таму, така да прашање е само кој од Дпмне или Сдс ќе влезе во втор круг и победи
 
Албанците имаат околу 35% од гласовите таму, така да прашање е само кој од Дпмне или Сдс ќе влезе во втор круг и победи
Ко што успеаа во советот мнозинство да имаат така и геадоначалниче ќе си фатат. Дај боже да грешам...
Треба помалце да пратиш инфомакс и ќе се вратиш у нормала.
Треба малце да излезеш од слепилото. Тешко на држава со вакви ко тебе кои вмро и магаре да кандидира ќе го гласаш. Сум гласал и ја за вмро, лани три пати (прв круг, втор круг, парламентарни), 2021 три пати (прв круг, втор круг, советници), 2020, ама ја сум реален човек и се повеќе сфаќам дека опозицијата секогаш е во право.
 
Ко што успеаа во советот мнозинство да имаат така и геадоначалниче ќе си фатат. Дај боже да грешам...

Треба малце да излезеш од слепилото. Тешко на држава со вакви ко тебе кои вмро и магаре да кандидира ќе го гласаш. Сум гласал и ја за вмро, лани три пати (прв круг, втор круг, парламентарни), 2021 три пати (прв круг, втор круг, советници), 2020, ама ја сум реален човек и се повеќе сфаќам дека опозицијата секогаш е во право.

Па не ти зборам на памет, имаше скоро анкета. Ти као да живееш у меур и не гледаш.
 
Па не ти зборам на памет, имаше скоро анкета. Ти као да живееш у меур и не гледаш.
Абе батали сега анкета, спрема анкета Камала со лендслајд требаше да победи па еве до кај сме сега. Ти зборам дека вмро ништо не прави исто како таче зајче грујче бране и сите пред него.
 
Ко што успеаа во советот мнозинство да имаат така и геадоначалниче ќе си фатат. Дај боже да грешам...

Само 4 од вкупно 11 советници имаат Алб партии таму, но да имаат мнозинство заедно со Сдс оти го подржаа нивниот градоначалник. На наредни избори ако победи од Дпмне некој и него ќе го подржат, исто како што во Велес оној од Дуи ги подржува Дпмне
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom