Не се обидуваат затоа што е полесно така, најверојатно на некои луѓе им е дојдено преку глава да мора да трпат некого и да се осеќаат како виновни па да се правдаат на секого. Секој има листа на желби и ретко кој по дефолт се вклопува па треба да се адаптира и тука е целиот штос. Не мора да значи дека некој не може емотивно да се врзе. Има верувам ситуации каде некои луѓе си имаат некој патерн на однесување и си тераат по инерција. У целиов муабет потребно е човек да сретне баш права личност за која ќе биде спремен да го жртвува комфорот....е тоа е за жал тешка ствар. Додека е човек млад е полесно и како поминува времето така статистиката не е на негова страна.
Иначе да, луѓето у принцип имаат потреба од припадност уствари припадноста има потреба од луѓето. Луѓето се врзани у одредени групи заради нашата природа односно природата на нашите умови, # колективна свест.
Може да се функционира и надвор од матрицата, сум пробал и не било лошо....ама пак сум се вратил у стадото. Не дека имам потреба, уствари е тотално небитно.....show must go on едноставно кажано.
Тоа е обострано и види, никој не треба да "трпи". Не зборувам за тоа.
Зборувам за посебен карактер на луѓе, кои почесто ќе го најдеш кај мажи, поретко кај жени, тоа е врзано со примарно воспитување зошто е така. Доволно години имаш за да познаваѓ мажи кои постојано имаат некаква врска, скокаат од врска во врска, не се сами, ама се сами. Ни една врска не им трае доволно долго итн. Не е возможно сите тие жени со кои се гледаат да не чинат, а тој јадниот трпи ли трпи.
Обратна ситуација, кај жените, ти е "хронично мажена", тоа се жени кои МОРААТ да бидат во брак. Имаат повеќе бракови зад себе, во секој автоматски заземаат (глумат) традиционална улога, ниеден брак не трае затоа што се само површно поврзани со мажите, бракот им служи за општествено да имаат "титула".
Никој овде не трпи освен евентуалните жртви на овие мажи и жени, од причина што самите со себе на крај не излегле, единствено можат да те заплеткаат во сопствената изгубеност и нелекување на тие рани.
А види, не дека многумина не поминуваат низ животот без да најдат вистинска врска, мислам на партнерство, од вистински побуди и вистинска приврзаност. Луѓето ноторно имаат проблем да се соочат сами со себе, не со другите. Полесен е, иако посиромашен, животот поминат во лага.
Сите имаме потреба од припадност од причина што сме социјални животни. Никој не може сам, не да преживее, туку да живее.