Wolt Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да покажам, ама можам да кажам - еден курир минатата недела ми ја покажа неговата заработка тој ден: над 9 000 денари имаше. Дневница 9 000, ако работи само 22 дена во месецот, тоа се преку 3 000 евра заработка!
А ако работи три смени на ден, ќе има околу 9000 евра заработка, што е повеќе од било кој доктор во Германија.
 
Не можам да покажам, ама можам да кажам - еден курир минатата недела ми ја покажа неговата заработка тој ден: над 9 000 денари имаше. Дневница 9 000, ако работи само 22 дена во месецот, тоа се преку 3 000 евра заработка!
Од програмирање сите ќе се пребацат на точкарење за Wolt.
 
Еве ви од пријатели што возат.

Ваљда нема да имаат вакви заработки цел живот ама реално имаат доста големи, сеа за сеа.
viber_image_2025-04-14_11-50-01-466.jpg viber_image_2025-04-14_11-51-44-794.jpg

пс: овој првиот со црна позадина е помалце од 5 саати активност. Вториов е работно време 8 саати.

Не ми е да се убедувам, не ни работам таму ниту имам нешто од нив. А глеам и на некои не им е верно. Ни ја не верував, ми изглеаше како пување само ама очигледно е дека имаат премногу нарачки Волт, посебно месецов поради тие промоциите и бесплатна достава.
(Ги затемнив нарачките, да не испадне да имаат проблем операторите што споделуваат заработка)
 
Последно уредено:
1000004087.png

Нешто не ми го дава старите слики на Вибер, цело време прават по 200 евра дневно. Рекордот мислам е 14 илјади.
 
Ете, да не испадне измислувам, глеам нешто цинични се погоре.
И мене ми кажа пријателов, рекод било на некој од Карпош 14к за 1 ден.

Како и да е, работете и лапајте ги парите додека е бум и додека има волкав поврат. Не може (т.е не би требало) да трае ова вечност. Ќе им се смени бизнис моделот или нарачките ќе се намалат.
 
Не бе, оставете ги, нека се смејат паматњаковиќиве на форумов. Цел живот "тате носи - мама меси", затоа живеат со максимата "не бе, ја за толку пари не работам". Од лажица потешко немаат дигнато, затоа се е тешко за нив. :pos:
 
Еве нека се овие 11-14к outliers и максимуми, ама да имаат просек 5к дневно 100ката за месец е реално надминлива особено што во Волт можеш да работиш ако сакаш и преку викенд кога нарачките се најверојатно зголемени.

Друго техничко прашање, дали доставувачите имаат здравствено/пензиско осигурување или е чисто pay per delivery бруто исплата без придонеси/даноци?
 
Друго техничко прашање, дали доставувачите имаат здравствено/пензиско осигурување или е чисто pay per delivery бруто исплата?
Во Кликни јади има пријавени доставувачи, со сите платени придонеси. Во Корпа и Волт мислам дека сите се со договор на дело, ама не сум 100% сигурен, може грешам.
 
Еве нека се овие 11-14к outliers и максимуми, ама да имаат просек 5к дневно 100ката за месец е реално надминлива особено што во Волт можеш да работиш ако сакаш и преку викенд кога нарачките се најверојатно зголемени.

Друго техничко прашање, дали доставувачите имаат здравствено/пензиско осигурување или е чисто pay per delivery бруто исплата без придонеси/даноци?

Немаат. Ова им е на повеќето секундарна работа, како 2ра опција/side job.
 
Во Кликни јади има пријавени доставувачи, со сите платени придонеси. Во Корпа и Волт мислам дека сите се со договор на дело, ама не сум 100% сигурен, може грешам.
Тоа е топ реално за втора работа 3-4 саати после 19.00 кога би требало фрекфенцијата на нарачки да е реално поголема. И 2к да капнат за тие саати е супер.
 
Не бе, оставете ги, нека се смејат паматњаковиќиве на форумов. Цел живот "тате носи - мама меси", затоа живеат со максимата "не бе, ја за толку пари не работам". Од лажица потешко немаат дигнато, затоа се е тешко за нив. :pos:
Златко, Хуморот дома е?
 
Златко, Хуморот дома е?
Кој хумор? Пишувам дека човек што лично го знам имаше 9000 денари дневна заработка, ми ставаат хехенце. Што треба тоа да значи, дека 9000 дневно се смешни пари, дека лажам (а одоздола скриншоти со доказ за уште поголема заработка), или "не бе, ја за тие пари точак не возам" (а никој не рече дека возат точак)? Ете, овој хумор јас не го разбирам, овој дома не е. ;)
 
Златен, реакциите ич да не ти го мрдаат. Гледаш, јас пецнав, Дани продолжи. Сите хепи.
Why so serious?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom