Wolt Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Што би купило од Корпа или Кликни јади, веб страната, апликацијата или вработените?
Ништо немаат ни возила ни некаков ланец па да купуваат ако дојдат, само ќе ги прегазат а доставувачите ќе се пренасочат кај нив.
A има ли некој возила од ваквиве фирмиве доставувачи на храна? Стварно не знам затоа и прашувам.

Брендот мислам го купуваат за да си ги земат колку и да ги има вработени, базата на ресторани со кој соработуваат и така им е олеснето да почнат за почеток.

Е сега не знам како е во други држави ама кај нас вакви фирми доставувачи на храна се сконцентрирани најмногу во главниот град Скопје и ретко се во другите градови. Во другиве помали градови 90% од рестораните си тераат со свое доставување.

Корпа гледам почнале да работаат и во Тетово. Има мал избор на ресторани и продавници.
 
Последно уредено:

Ништо немаат од возила, затоа бараат доставувачи со сопствени возила / точаци / скутери.
 
Кај нас нема да купуваат никој, ќе си почнат самостојно. Истовремено, моментално Кликни Јади пробува да се ребрендира по втор пат иако и првиот пат обидот беше неуспешен, а гледам и сега е истата приказна. Таа фирма кај да е ќе згасне. Корпа за сега убаво си работат, иако пред само една година обратна беше ситуацијата.
 
Тие пивски стомаци и dad look на просечен 24 годишен Македонец не настанале случајно. Знак прашање е колку вакви бизнис идеи би функционирале во средини како Македонија каде секое семејство има два автомобили и се оди со истите дури и по мала нужда.
 
Редовно користам Корпа и во последно време сум доста разочаран од услугите.
За некои 2 километри и до 190 денари ми искача достава, а тоа што повеќе ме нервира е што некогаш и до 2 часа ја чекам доставата.

Потребна е конкуренција на пазарот за овие услуги, особено што бројот на корисници на дневна основа не е за занемарување (*споредувајќи ИД-а на нарачки на корпа)
 
Бакшиш со платена достава не треба да е ни прашање. Џабе тие разочарувачки микроекспресии и пцуење/колнење во себе. Рачето за кусур е испружено и чека.
 
Што би купило од Корпа или Кликни јади, веб страната, апликацијата или вработените?
Ништо немаат ни возила ни некаков ланец па да купуваат ако дојдат, само ќе ги прегазат а доставувачите ќе се пренасочат кај нив.
Нема да стартуваат од 0, не можеш да почнеш без доставувачи, вака од Корпа ќе имаат нешто за стсрт. Апликација си имаат своја
 
Доставувачите не се со договор за неопределено, тие едни незадоволни напуштаат, други нови доаѓаат и се така во круг. Само договори со фирми за храна треба, ништо друго.
 
Кликни Јади имаат околу десетина постојано вработени таму. Или барем толку беа, ако не заминал уште некој. Во Корпа мислам дека сите се со договор на дело или како и да се вика тоа (договор за хонорарна работа, не знам?)
 
Доставувачите не се со договор за неопределено, тие едни незадоволни напуштаат, други нови доаѓаат и се така во круг. Само договори со фирми за храна треба, ништо друго.
На Волт најмал проблем се фирмите, јаки се и во една неделс се ќе договорат. Ќе видиш каква промоција ќе направат, на секој клип на јутуб ќе ти искачаат, безплатна достава ќе имаат еден период. За еден месец ќе изгазат.
 
Во Скопје може и ќе газат со работа. Малку потешко е да влезат во некој од помалите градови. Еве Корпа гледам во Тетово дури сега почнаа со работа и тоа во понуда ресторани има на една рака да ги наброиш.
 
Кај нас нема да купуваат никој, ќе си почнат самостојно. Истовремено, моментално Кликни Јади пробува да се ребрендира по втор пат иако и првиот пат обидот беше неуспешен, а гледам и сега е истата приказна. Таа фирма кај да е ќе згасне. Корпа за сега убаво си работат, иако пред само една година обратна беше ситуацијата.
Кој е новиот обид за ребрендирање? orderr mk?
 
Кај нас нема да купуваат никој, ќе си почнат самостојно. Истовремено, моментално Кликни Јади пробува да се ребрендира по втор пат иако и првиот пат обидот беше неуспешен, а гледам и сега е истата приказна. Таа фирма кај да е ќе згасне. Корпа за сега убаво си работат, иако пред само една година обратна беше ситуацијата.
Кликни јади ќе згасне поради лошо менаџирање на газдарицата Лидија Димова и сите вредни работници што си заминаа од таму се чудат како фирмата уште работи а поради кои фирмата далеку подобро работеше од Корпа.Бродот почна да им тоне кога си отиде Сања па Роберт и Верче тројцава главни мотори на целата фирма.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom