И во Корпа го има тоа, ама преку Волт така ако нарачаш не ги добиваш тие 40% попуст на првите 3 нарачки.
Е да си ми жив за ова! Лично сметам дека ова е еден од најголемите проблеми на Волт. Понекогаш подигнуваат и по 3-4 нарачки од еден ресторан и плус им дава и други, од близина, и ги разнесуваат наваму-натаму додека храната се лади. Кога отворија Корпа баш оваа работа им беше приоритет зашто сличен проблем претходно имаше со Кликни Јади за кој верувам дека беа запознаени. Во договорите Корпа што ги прават, они се обврзуваат дека за секоја нарачка ќе пратат различен доставувач. Еден доставувач може да добие само една нарачка at a time. Затоа во тој поглед Корпа се бр. 1.
Да не сте грешка со ова? Имам 2ца пријатели што работат како 2ра работа по неколку саати и они баш кажуваа кога почнаа дека ако те прати по нарачка, не си слободен да подигнеш друга, додека не ја затвориш таа што си ја земал.