Прирачник на Меѓународната агенција за енергија
Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), која е сестринско тело на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кон крајот на април годинава објави прирачник со наслов ”Saving oil in a Hurry: Measures for Rapid Demand Restraint in Transport” кој треба да им помогне на владите да се справат при недостиг или продолженраст на цените на нафтата.
Предложните мерки вклучуваат намалување на дозволената брзина на автопатиштата на 90 километри на час, воведување забрани за возење (од типот парни/непарни броеви на регистерските таблички какви што се применуваа и кај нас пред повеќе од 20 години), намалување на цените во јавниот превоз за да се стимулира негово поголемо користење, па дури и намалување на бројот на работните денови во неделата. Препорачано е и стимулирање на прода‘бата и користењето на хибридните и возилата на био-гориво.
МАЕ вели дека сите предложни мерки можеда се применат речиси веднаш ако владите се подготвени за тоа. Прирачникот од 168 страници содр‘и и методологии и податоци кои владите можеда ги користат за да утврдат кои мерки се најдобри за околностите во нивната земја.