- Член од
- 28 октомври 2005
- Мислења
- 8.293
- Поени од реакции
- 1.646
СЕЌАВАЊЕ НА МАРТОВСКАТА ГОЛГОТА
Од порта до порта ги собираа битолските Евреи
Роза Камхи Русо (87), една од ретките прижевани Евреи, се присетува кога од депортацијата се спасила криејќи се во визбата на дуќанот на Ѓоко Тапанџиев
Во визбичето живеевме многу мизерно.Таму спиевме, таму вршевме нужда. Озгора минуваа агенти,зашто во близина беше полициската станица. Ги слушавме како зачудено се прашуваат зошто тука нешто смрди. Ние сите работи долу ги вршевме зашто не смеевме да излеземе.Со овие зборови Роза Камхи Русо (87), една од ретките преживеани Евреи од Битола, ја раскажува голготата што ја минала за да спаси жива глава за време на депортацијата на 11 март 1943 година.
Имала само 21 година. Била член на Комунистичката партија, но спас не нашла во партизанските редови зашто поради провалите врските биле ослабени. Во Битола на прсти се броеле куќите што дома примале Евреи зашто тоа било многу опасно. Освен битолчанецот Боро Алтипармак, кој подоцна беше прогласен за праведник од Израел, имало уште два-тројца похрабри битолчани. Таа кобна ноќ кога од домовите биле измолкнати сите битолски Евреи, Роза со уште неколку другарки се скрила во визбата на еден дуќан во чаршијата.
- Тој ден Ѓоко Тапанџиев не' однесе во дуќанот на татко си, кој беше столарска-коларско работилница на сред Коларски пазар. На полноќ слушнавме дека го опколуваат целиот кварт. Прво тропнаа на врата токму кај што бевме скриени ние. Некој рече: „Немојте таму, тоа не е куќа, тоа е дуќан“. Целото мало околу дуќанот беше еврејско. Слушавме како од порта до порта тропаат, како ги вадат Евреите, луѓе познати, оние со кои соработувавме, живеевме - се присетува Камхи Русо на болните спомени.
По еден месец криење низ битолските дуќани се обиделе да се префрлат во партизани. Но, била фатена од полицијата и затворена. Имала среќа да не биде депортирана во логор, но ја мачеле за да ги открие партизаните. Во затвор одлежала 21 месец, а потоа дошло ослободувањето. Денес живее во Скопје. Таа и уште неколку македонски Евреи што денес живеат во Израел, по повод 66-годишната од депортацијата вчера присуствуваа на комеморацијата во Битола, а чествување се одржа и во Штип и во Скопје.
- Од Битола беа депортирани 3.200 битолски Евреи. Беа собрани на железничната станица, па транспортирани во собирниот центар во Монополот во Скопје, а по седум дена беа депортирани во озлогласените нацистички логори во Треблинка 1 и 2. По ослободувањето имаше неколку еврејски фамилии во Битола, но се иселија во Израел. Денес тука има само еден жив Моис Сариевски - изјави Димче Миновски од Македонско-еврејското друштво за пријателство.
На комеморацијата беше прочитано писмото на Пајо Авировиќ од македонската амбасада во Израел. Според текстот, Битола е дел од колективното сеќавање на израелскиот народ што се потврдува и со синагогата Јигил Јаков, изградена во близина на најпознатиот пазар во Ерусалим, а која сите ја нарекуваат Битолска зашто ја граделе доселеници од Битола.
Депортирани 98 отсто од македонските Евреи
По наредба на бугарската влада, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на бугарските и германските власти, уапсени биле 7.148 Евреи или 98 отсто од вкупната еврејска популација во Македонија во 1943 година.
Жанета Здравковска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BB0048EC36A02A4E882DF263899B40D3