Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Бено Демир и Гача се средени, верувале или не има разговори со Спировски, Цујо и Диме Иванов од Тетекс шпиц.
Vaka samo poise ke mi e muka sto ispadnavme u kupot..
 
Со Демир и летово неформално беа договорени, ама поради несигурност во реализацијата на проектот мислам дека се повлече. Искрено за муабетот за трансферот на Гача мислев дека е некој мајтап.
 
Со Демир и летово неформално беа договорени, ама поради несигурност во реализацијата на проектот мислам дека се повлече. Искрено за муабетот за трансферот на Гача мислев дека е некој мајтап.
Се повлече дека му стигна понуда да игра прва лига, арно ама со Калц не може секој да сади краставици..
 
Дали со Панта е официјално? Не видов нигде потврда.
На некој од сајтовите пишуваше дека приоритет му е трансфер во странство, ако не успее да најде тогаш ветил дека ќе дојде во Вардар.
 
Една од најдефитицарните позиции - голманската ја решивме, да се донесе сега шпиц уште некој добар квалитетен и да успееме Панта да го донесеме би било предобро, тогаш би имале тим поквалитетен од пола Прва лига, не би требало да биде проблем и баражот... Се збори дека преговараме со Симе Христов од Тиквеш, играше порано кај нас, за втора лига би бил Левандовски :D лани сам ги носеше Тиквеш до бараж... е сеа не е баш кој знае каков играч за у Прва лига, ама за втора е одличен.
 
Дали со Панта е официјално? Не видов нигде потврда.

Гача не се враќа случајно, сигурно во игра се уште неколку стари волци.
Не е официјално, ама потврдено ми е од човек од клуб дека се враќа и он.
Бено Демир и Гача се средени, верувале или не има разговори со Спировски, Цујо и Диме Иванов од Тетекс шпиц.
Демир не е среден. Се разгледува како опција, ама не е сигурно дека ќе го земат. Пак викам не знам што ќе ни се и Демир, и овој Димче Иванов. Кој е па тој сега!?
У моментов ни требаат капиталци ко Гача и Панта. И евентуално други ако се привлечат од тие што се најавуваат. А вакви као Демир за гужва да праат само, ич не се потребни. Мое мислење...
 
Не е официјално, ама потврдено ми е од човек од клуб дека се враќа и он.

Демир не е среден. Се разгледува како опција, ама не е сигурно дека ќе го земат. Пак викам не знам што ќе ни се и Демир, и овој Димче Иванов. Кој е па тој сега!?
У моментов ни требаат капиталци ко Гача и Панта. И евентуално други ако се привлечат од тие што се најавуваат. А вакви као Демир за гужва да праат само, ич не се потребни. Мое мислење...
Диме Иванов претпоставувам дека е Димитар Иванов, десното крило што играше во Вардар на млади години. Ги прошета сите послаби клубови од тогаш, како во прва, така и во втора лига. Апсолутно непотребно засилување. Веќе имаме двајца играчи со сличен квалитет на таа позиција. Петров и Костовски се тотално разочарување, ама не гледам ни како Диме би го зголемил квалитетот. Би имале тројца непотребни играчи. Подобро да земат некој младинец тука и така е најбезболно младинецот кој мора да го искористиме, да биде крилен играч. И општо најди некое младо и брзо дете да трча по страна, сигурно повеќе ќе придонесе од Петров или Костовски. Нешто како Асани и Петковски своевремено.

Ниту Демир не ни е потребен, а апсолутно не би го донел ни Симе Христов.
 
Нереално ми е дека Спировски и Цујо би дошле да играат дур сме во втора лига, мада нереално ми беше и за Мицевски па и за Гача па ете.. Она што ми остави впечаток е дека Гача потпиша на 3 години, што дава некаков впечаток дека се планира на долг рок, не се излетал ваљда туку-така.

Се слагам со муабетите погоре инаку, Демир, Иванов, па и тој Христов (искрено не го знам овој што играч е) мислам ќе бидат само трупање на составот без некаков апгрејд. Не е проблемот ширина на состав во моментов, туку квалитет. Ако нема некое подобро решение за крилните позиции, подобро да се форсира еден од Наумоски/Мирков таму, Шиле секако би бил стартер и наредна полусезона, подобро нека се средат позиции каде што може осетно да се засилиме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom