Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Шуќур тепавме иначе ќе го скршев лаптопот:D Какви шанси претходно не реализираа Николов и Мишковски, си помислив дека останавме без победа и денес. Илиќ ме извади од такт на 2-3 наврати кога заплива во прво, али генерално не може да им се најде замерки на момциве денеска. Буквално изгинаа за секоја педа од теренот и како што пишав мора да завршат во кал до гуша, доколку сакаат да земат 3 бода.
ТЕПАВМЕЕЕЕЕ!!!
Кога го видов корнеров во 93та, одма ми се врати лош филм од првата во Скопје.
На кое дереџе сме, на победа со Беса од Добридол да се радуваме ко да сме земале титила.
Ја спасивме сезоната реално, останува да ја затвориме полусезоната со победа со Кадино и да скроиме подобра екипа од пролет за второ место...
Па верувај потешко е да тепаш и против една Беса Добридол на ваков терен, отколку против Фенербахче во Истанбул. И со генерацијана која стигна до групи во ЛЕ, не можеш да бидеш сигурен дека ќе тепаш при оние услови...
Овој стадион по сите правила и прописи треба да биде затворен за игра. На само 1-2 метри позади линија имаш sид со камења.. Па недај боже некој да се залета и да се удри, после што правиме?
А замисли дека до пред некоја година, на овој стадион се играа и прволигашки натпревари...
 
Не знам како судијата воопшто утврди дека постојат услови за игра.Топката на некои делови од теренот заглавуваше во калта.
 
Не знам како судијата воопшто утврди дека постојат услови за игра.Топката на некои делови од теренот заглавуваше во калта.
Причината е бидејќи веќе нема слободен термин за игра. Следната среда играме Куп, а потоа ќе биде дупло поладно и скоро исти услови, али како и да е битно тепавме, па ја затвораме оваа тема со теренот хехе.
 
Треба да размислат од ФФМ порано да почнува лигата и да заврши порано првата полусезона и да се избегне ова. Инаку и во ситуации кога не е проблем густиот распоред, ретко судиите објективно постапиле. Се сеќавам во Кратово еднаш топката пливаше во вода на теренот и се одигра натпреварот, иако реално немаше услови.
 
Па ако ја пратиш ситуацијата, од ффм доста доцна одлучија да почне втората лига. Третите и тие пониските не ни почнаа. А и онака првата почна на осми август, а сега се завршува. Јбг на сред горештини во јули нема шанси да почне. За да се случи тоа треба натпреварите да се играат под рефлектори, а на прсти на една рака може да се избројат стадионите со рефлектори во оваа вукојебина.
 
Според мене таман си почна затоа што прежешко беше тогаш, но не треба да паузираат кога игра репрезентација. Која е поентава и втора лига да не игра не знам, тоа прва лига не дава репрезентативци, не па оваа. Со тоа се изгубија 3 викенди и еве ги последниве 3 кола сите ќе бидат вакви.
 
Некои екипи даваат младински репрезентативци :D
Пример ние со Николов :D
 
Има ли некои најави за ангажман на добри фудбалери на полусезона?
 
Некои екипи даваат младински репрезентативци :D
Пример ние со Николов :D
Еве и ние со Петејчук, да се пофалам:Pго викнале за у21 пријателските со Црна Гора:pos::pos:
 
Утре мора брз гол и втор дел да одмори некој играчи за среда. Кадино врска немаат, се деца се.. Шиле не игра поради 5 картони.
 
Лагана победа вчера.
Терен катастрофален за игра, но брзо ги скршивме. Два гола од Битолчани (Наумовски и Љамче), еден на Глишиќ.
Не го фатив голот на Наумовски, влегував во моментот кога го дадовме, но веројатно паднал по влез од лева страна и вратена топка во средината на шеснаесетникот.
Глишиќ имаше офанзивно одлична партија вчера. Одигра доста добро и постигна одличен погодок.
При постигнувањето на голот, го баци знакот на Вардар и се поклони пред Комити. Веројатно чин на извинување за „ружна прошлост“ со заминувањето во Слога.
Инаку, според мене Глишиќ е доста подобар офанзивно отколку во дефанзива. Штета што го имаме и Блажевски на таа страна. Во одбрана остава голема празнина и често не отвораат по таа страна.
Противникот не мрдна, најдобар поединец им беше голманчето, кој слободно може да го собереме место Илиќ. Илиќот пак имаше една нафрлена топка што му испадна од раце и еднаш го издриблаа при 1-0, ама топката се заглави во калта и ништо не направија во продолжение на акцијата.
Во второ полувреме видовме неколку замени. Мишковски беше заменет со Стојанов, Илиќ беше сменет со вториот голман. Искрено, не го знам детето (Лука Стојковски), а и немаше многу простор да покаже нешто. Вака немаше некоја завидна градба за голман. Знам дека ги има поминато сите категории на академијата на ФК Вардар. Немав поим кој ни е втор голман по заминувањето на Игески, мислев дека брани Матеј Андов од генерацијата на Али и Ибиши.
Во игра влегоа и Парталко и Филип Ѓорѓиевски. Искрено замениве не ни се баш на ниво.
Интересно беше што после натпреварот се испеја О Сузана, пееја сите играчи, а меѓу нив се најде и Љамче. Не знаеше што ќе се пее, скокаше прво и кога сфати, ги грабна Пеев и Петров и се паѓаше од смеење, овие го тераа да навива :D Наумовски два натпревари по ред не' бојкотира поради анти-Битолско скандирање по натпреварите.

Мислам дека доволно се одморија дел од поважните играчи, така што одиме ол ин во Битола.
Ќе биде интересен натпреварот, а подеднакви шанси им давам и на двете екипи. Штета што играме без Вилдан Керим, а гледам дека некое време и Костовски го нема во екипата.
Убаво би било да се заврши полусезоната со обезбедено полуфинале во купот, иако фокусот сепак треба да ни биде пласманот во првата лига.
Полусезоната не беше најсјајна, од првото место секако се збогувавме, а останува со малку засилувања, да успееме да ја поминеме Воска на второ место. Мислам дека ако доволно се засилиме, нема да биде проблем тоа.
Во баражот, би вкрстиле со некоја екипа од Тиквеш, Скопје, Борец или Пелистер. Последниве две досега личат за најумрени, но не се знае, со малку паричка може да се смени ситуацијата.

Инаку, нашите младинци денеска ја осигурале есенската титула. Не знам дали меѓу нив има некој асален играч. Гледам Мирков го дал голот против Пелистер, а другите не ги познавам.
 
Последно уредено:
Пелистер и Борец сигурно испаѓаат, а ако остане Тиквеш на позиција 9 или 10 нема да ни биде евентуален противник поради географската поделеност. Тие би играле со вториот од 2 лига исток. Нас не очекува тешка битка со Воска за второ место, ако ги поминеме ќе играме со скопска екипа и тоа би било полесна задача отколку освојувањето на второто место
 
Што се расчаталил Шехтански по фејсбук дека ќе морале да го вратат клубот на Град Скопје новите газди? Има некоја основа и муабет во ова или ко по обичај си блада типот?
 
Што се расчаталил Шехтански по фејсбук дека ќе морале да го вратат клубот на Град Скопје новите газди? Има некоја основа и муабет во ова или ко по обичај си блада типот?
Дај скриншот или копирај ако не ти е тешко. Нека не замара, нека си тера политика. Јас сум презадоволен од дечкиве, не ветуваат брда и долини, туку планска работа. Тоа што му треба на вардар во моментов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom