Каква мизерија се нарачаниве текстови. Пред 20-30 години насловите во весници би биле типа Вардарци не успеаа да победат против аметерите од Сан Марино, слаб Вардар на гостувањето итн. Ова денес да ти се одмили колку е очигледно. Оној па толку има комплекс од се што се дешава, после секое скандирање на Комити седнуе на компјутер и прво што пишува е некое детско „спуштање'' и величање на моментот дека ја прошол Ла Фиорита од Сан Марино, со нерешено во гости што е рамно на пораз. Прашањето е, кај му е оној невидениот трансфер од Лига петица, една минута не изигра типчето. Многу пациенти има во екипава што воопшто не познаваат фудбал. Ептен аматери, не знам како такви фаци смеат да играат во Вардар. И после сакаме нешто повеќе од тоа да бидеме во некаква трка за титула. Сега Лозана има да не помине рутински, и тоа е толку очигледно да боли. Не разбирам која е поентата да најавуваш решена ситуација, појачан буџет и на сето тоа да не направиш екипа која би била конкурентна бар неколку кола. Нема послатка задача од тоа, да покажеш мајсторство да составиш екипа во која ќе има фудбал, за која ќе се збори како е добро скоцкана и која има добра игра. А со овој буџет кој го има моментално Вардар и тоа како може да се направи. Штета. Што направил оној Закариќ што бил казнет?