Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ke se igra vo madzari. kako sto kaza saber poveke odgovara na nasata igra plus pritisokot e pogolem. dobra vest e sto igracite se napaleni i sakaat osveta. realno nie ne igravme loso u tetovo, ednostavno oni gi iskoristija sansite nie ne. ajde se nadevame ovojpat ke bide obratno.
 
Уште нема конечна одлука каде ке се игра , но за атмосфера и притисок реално Маџари е најдобра опција , па во полусезона со далеку послаб тим и Шкупи и Шкендија не победија на мускули , а сега Вардар со овој тим во Маџари имаме шанси до бодови ..

Трибинита во Маџари е една од најблиските во нашава лига до теренот , буквално можеш да им плукнеш на играчите во глава :D

Во моментов Шкендија е поквалитетен тим и на градски би било потешко да дојдеме до бодови , да имавме тим за титула ке имаше и повеќе публика на градски логички ...

Верувам желба на сите ни е градски , но пеколна атмосфера и можни бодови е шансата во Маџари , кај нас во коп сигурен сум ке има 1.000 луѓе така да ...

Шкендија сака репете уште еднаш да ја .... :cool:
Ми се сере од Маџари веќе ,побрзо во Тетово се стига него во Маџари на стадион.
 
Во право сте дека теренов во Маџари моментално за жал повеќе ни одговара за да извадиме некој бод, ама сепак мислам дека вреди да се игра на Градски. Мислам дека луѓево со поголем мерак би дале и 200/250 денари доколку се игра на Градски отколку ли 100ка за во Маџари, едноставно ствара одбивност кај доста од луѓево што би дошле да гледаат фудбал не знам по кои стандарди може да се нарече тоа стадион воопшто таму. Плус за викенд има цели фамилии што си шетаат низ парк преку викенд е преполно со народ, кафанчињава низ Дебар Маало исто. Тоа е тој градски шмек што теренот во Маџари не може ни во најмала рака да го приушти.

Пс: Би дал само мој предлог при купување на картите на врата да се даваат барем некој тип на стикерчиња или било што како што беше случај до крајот на прошлата сезона, вака некако не изгледа убаво само пари на рака и влегувај.
 
Ми се сере од Маџари веќе ,побрзо во Тетово се стига него во Маџари на стадион.

На пример Комити Ченто ќе речат, абе какво Ѓорче тоа е усвета ... боље у Маџари , итако даље.

Реално ние сме родени на запад и се знае каде припаѓаме, ама пошто се знае што ни е НАЈ БИТНИ и дека Комити го водат клубот, мислам дека треба го слушнеме тренерот што ќе каже и да бидеме на карта каде е нај БЕЗБОЛНО за нашите играчи.

Инаку, сеа да не идеме пре далеку, еве да не ги споменувам Србите, да речеме Торцида, имаат членови кои патуваат 80 км во правец (од другите градови Далмација) секој меч, па не е проблем дека е далеку.
Ние ако викаме дека е далеку од Карпош до Маџари пошто е 12 км дистанца, тогаш најеќе е до нашиот менталитет.

Мислам дека ќе крца , дека ќе биде како лани со Гостивар што беше на Велики Петок.
Само жалосно е луѓе што ќе останат надвор, е ова е проблем.
 
Ми се сере од Маџари веќе ,побрзо во Тетово се стига него во Маџари на стадион.
Другар ако сакаш ќе идеш дали ваму дали таму се едно е,јас за да ебам палам кола идам било каде,пред некој ден во 11 вечер затерав со Гевгелија,љубов си е љубов тоа ми е зборот.
 
За клубот да се врати на Градски треба да има некаков финансиски бенефит од враќањето. Или било каков бенефит.
За настап во Маџари сме претплатени од прерходно ако не се лажам и таму не играме за без пари, ама споредбено со сумите на Градски има голема разлика.
Утакмица на Градски во дневен термин е минимум 2000 евра. Значи треба 1200 души да платат по 100 денари за да се покрие оваа сума.

Дали играњето на Градски ќе донесе повеќе публика од Маџари во сабота во 15 часот? Многу дискутабилно.
Јас ракава ја сечам дека во Маџари ние имаме повеќе обична публика. Се знае дека тие што се скопјани бар од втора светска војна наваму воглавно живеат во периферните населби. Нема грешка дека стари луѓе ќе се затераат на Градски за да гледаат утакмица во сабота попладне.

За Вардар да е во финансиски ќар треба да се продадат минимум 1200 карти повеќе отколку што би се продале во Маџари?
Гарантирам дека во Маџари ќе нема игла каде да се фрли, дека 2500 карти како ништо ќе се продадат.
Спремни сме дека во тој термин ќе има на Градски над 3500 луѓе на стадион?

Друга работа, кога ќр ти дојдат луѓе кои не биле подолго време и да јадеме некоја петарда, нема никој да ти дојде нареден пат.
Зборете што сакате, ние со Шкендија тешко би се носеле на Градски. Некогаш се прашуваат и самиот стручен штаб, каква стратегија има.
Далеку сме од опстанок, а кај играчите има голем мотив за во сабота да се одмаздат за тазе поразот кој го доживеавме. Едно е кога цела публика ти виси над глава ко во Маџари, друго е со атлетскине стази кои ја носат трибината на километар од тревникот. Треба 30000 публика да има за ист да биде ефектот.
Како што викаш дека клубот може да дозволи 2-3 утакмици да се играат на Градски ,зашто оваа да не биде таа.Види го распоредот со кој се играме дома ќе ти стане јасно,дефинитивно овој меч би привчекол најмногу публика.Да не се лажеме дека со тиквеш би било подобро до тогаш веќе се ќе се знае ќе имаме обезбедено опстанок и ќе биде повеќе како "ревијален натпревар".
Со добра мобилизација за во сабота која веќе почна верувај 6000-7000 ќе има како од шала на стадион.Тое е буџет од продадени карти 700.000 денари имаш и за стадион и за судии и за клибот.
Во Маџари ќе биде гз преку глава 3000 ќе влезат уште 2000 ќе останат надвор.
Се согласувам дека теренот повеќе ни одговара во Маџари ама верувај дека друга ќе биде приказната за овој меч да се игра на Градски ќе биде и мотив плус за фудбалерите.
 
Градски не е во опција и затоа што во ист викенд не изводливо е да се играат две утакмици на тој стадион, Работнички си има договор со ПУИГ и сигирно е во предност во однос на нас. Гледајќи го распоредот до крај истиот проблем би го имале и во колото кога играме дома и со Македонија и со Тиквеш. Најповолен момент по мене за враќање на градски ќе биде за натпреварот со Воска на 21.04. тогаш Работнички игра во гости, а играме со директен противник за избегнување на 10 место. Ќе биде и времето потопло и идеална прилика да дојдеме до 10.000 публика, што во моментов е максимална бројка на која може да се надеваме за натпревар од нашата лига.
 
Пред малце искочи видеото од утакмицата со Гостивар на официјалната страна на Вардар(Фејсбук и Инстаграм) , браво за тренерот Михајлов што од 30 до 40 секунда им одржа таков говор за кого играат и кој дрес го носат, секоја чест ..:aplauz:

На крај и срцето ми се наполни кога играчите ја пееја бисер балкански , и Лемос дури ја научил песната ..браво момци :oeoeoe:

Ме радува што има позитивна хемија во тимот тоа е многу битно за еден тим , верувам дека со наша поддршка Шкендија може да падне во Маџари , башка кореографијата на Балисти со ковчегот од Тетово нека им биде дополнителен мотив да ги победиме индијанците ..
 
 
Најголемиот проблем во Маџари е што многу луѓе ќе останат надвор. Еднаш ни се случи тоа минатата година. Стадионот е пре тесен за овој Вардар и за ваква атмосфера која владее.
 
Убаво пиша некој претходно, од искра правите Реал Мадрид. Не знам зошто толку дефетизам, кога играчите имаат мотив плус играат пред своите навивачи. Биднало што биднало пред неколку недели, гледајте позитивно на наредниот меч...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom