Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Одложен дуелот Пелистер - Вардар поради снег :facepalm: , дуелот ке се игра на 15 Декември
 
Па нели има игралиште со вештачка трева одма зад стадионот, зошто не го префрлија таму?
 
Ај ако не за нова година нека се игра.. Мизерии од тим, немаат 6 луѓе да чистат еден саат...
 
Вардар треба да бара службено да ја добие оваа средба.
Средбата не е одложена поради моментални временски неприлики, туку поради тоа што домаќините не ни се обиделе да создадат минимални услови за игра, иако имале доволно време за нешто такво.
Згора на тоа не не' известиле дека немаат услови за игра, па напразно е загубен еден ден во патувања и средства за истото. Можеле да пријават дека не се способни да најдат 10 лопатари што ќе го тргнат снегот и натпреварот навремено да се одложел или да се играше на друг стадион, во друг град. Мизерија од тим...
 
:tapp: Треба да реагира нашата управа на ова, не смее вакви глупости да си прават, поготово што не се работи за моментално лоши временски услови туку поради организацијата на домаќинот, ако ништо друго нека ја дадат кај нас сега да се игра. Инаку, од купот денес испаднаа и Слога и Шкендија, ваков Пелистер мора да се добие и после да се размислува за сериозно засилување зимава!
 
Главните фаворити Шкендија и Шкупи испаднаа од купот , сега во игра остануваат Струга , Ѓорче и Силекс ..
Ако го поминеме Пелистер па потоа на зима се засилиме квалитетно нека се нападне купот бидејки противниците не се многу силни , ова е голема шанса која се отвори и за Вардар и за другите помали екипи .
 
Не си правете бајрам на умот дека би освоиле куп. Струга ТЉ се светлосни години пред нас, немаме никакви шанси во двомеч со нив. За Ѓорче да не зборам, со 10 странци во екипа, ќе атакуваат на опстанок и да обезбедат Европа преку купот. Блашко нема да ја пропушти оваа шанса.
Не заборавајте дека ние сме второлигаш кој губи бодови од Воска, Велешта и Беса.
Ние единствено би се носеле во двомеч со Силекс, но само ако се засилиме доволно.
На страна муабетиве за евентуално полуфинале, мислам дека немаме сили ни Пелистер да го елиминираме, колку и да се во проблеми. Мислам дека намерно одат на одложување, за да си ги доконсолидираат редовите, мислам им фалеа некои странци ако се играше денес. Слепци се нашиве ако не бараат службено полуфинале.
 
Па ете Силекс да ни падне во 1/2 и потоа финале се игра еден меч се е можно , плус публика наша ...
Не би се откажал така лесно од купот , тоа ти е исто пример ние сме поквалитетни од Беса или Велешта ама не ги победивме , во фудбалот не победува секогаш појакиот , поготово на еден меч може да одлучи еден корнер еден прекин ...
Сети се лани во баражот Ренова се спаси во 90 минута со Охрид и победи на пенали , Силекс испадна од Тиквеш кој беше второлигаш .
Ова зборам под услов Вардар да доведе неколку засилувања зимоска , со овој тим јасно ми е дека немаме шанса ..
 
Не си правете бајрам на умот дека би освоиле куп. Струга ТЉ се светлосни години пред нас, немаме никакви шанси во двомеч со нив. За Ѓорче да не зборам, со 10 странци во екипа, ќе атакуваат на опстанок и да обезбедат Европа преку купот. Блашко нема да ја пропушти оваа шанса.
Не заборавајте дека ние сме второлигаш кој губи бодови од Воска, Велешта и Беса.
Ние единствено би се носеле во двомеч со Силекс, но само ако се засилиме доволно.
На страна муабетиве за евентуално полуфинале, мислам дека немаме сили ни Пелистер да го елиминираме, колку и да се во проблеми. Мислам дека намерно одат на одложување, за да си ги доконсолидираат редовите, мислам им фалеа некои странци ако се играше денес. Слепци се нашиве ако не бараат службено полуфинале.
Мислиш дека толку имале стратегија да одложат ,за да се вратат некои играчи :)
Абе седи не прај теории на заговор и ти сега хаха...
Во клубот не се знае кој јади , кој пие ,кој плаќа .
 
Прво нека го пројдат Пелистер, па зимски преоден рок да сочекаме да се одработи и после тоа може да збориме колкави шанси би имале за Купот.
Со оглед на тоа како се менуваат работите во нашиов фудбал, не можеш да предвидиш ништо од денес за утре, а камоли да се предвидува кој ќе освои трофеј за 6 месеци од сега.
Иначе ај крајно шарлатанскиов однос од Пелистер не ми е ни зачудувачки, ама од ФФМ ќе има некаква реакција!? Отидоа нашиве уште вчера во Битола, трошоци за карантин и пат, и овие мртви ладни не се ни обиделе да го оспособат теренот, ниту 24 часа после врнежите од снег. Мора да си сносат санкции за циркусов...
 
Денес Мицко беше во посета на новата трибина на стадион, вие барате дерби да се игра :kuracc:
Шала на страна, навистина глупост беше ова денес, мислам дека друг фактор игра улога тука, низ годините имаме играно на многу повеќе снег од овој денес памтам со Работнички и Победа во крајно лоши услови, ова денес е чорба :D Или играт против ФФМ сега намерно го остајле така теренот, заради лошото судење оваа сезона и така сме отепани, едвај до гол стигаме, ама и тие минимални шанси шо ги имаме за гол пример од пенал судиите не ни судат и оштетени сме за најмалку 4 пенали кои не се досудени и другата варијанта да ви јадат уште некој ќотек играчите со Велешта, Кадино и Беса пред да дојдите на 15ти :D
Со надеж да дојдите без некој играч (во случај ако се повреди), ние секако имаме три тешки утакмици од кои две на гости кај Шкенди и Пандев каде ќе одат само на екскурзија :D
Ама дека можеја-можеја да ги известат вардарци ден претходно, сепак идат карантин, хотел, превоз се е трошок, ама пак ќе речам мислам е друга политиката, а санкции дополнителни тешко да има, веќе си го презакажаја терминот....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom