Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Класика второлигашка приказна, одложена ждребката, сигурно ни лигата нема да почне на 21 август, како што беше предвидено.

Новава управа изгледа ни се скарани, ко што би рекле битолчани. Не објавуваат ни кога играат пријателски, ни како завршиле...

Ја гледав со Локо Градско на стрим, ги тепавме 0-3. Убаво голче стегнавме за 0-1, мислам дека Љамчевски го даде.
 
Со два гола на Никола Наумоски и еден на Ненад Тодоровски
 
Nikola Naumoski od Pelister so vi dojde?
Vaka taka Ljamce, Riki pola Bitolacani pak vi dojdoa vo klubot uste Vladica vi fali [emoji16] so znaci imate sansi da vlezite prva liga inaku da prasam gjorgi hristov uste e vo akademijata ili go izbrkaa

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Да, добар е малиот. Не е Христов, си замина.
 
Профункционирал конечно форумов. Алелуја.
Се десија некои работи во меѓувреме.
- Прво не ми е јасно зошто Глишиќ е вратен кога го имаме Илијоски, а на други позиции ни се повеќе потребни појачувања.
- Со Моцарт се во разговори да ни бидат генерален спонзор во следните 3 сезони
- Исто така има начелен договор за сериозна соработка откако ќе се вратиме во Прва лига, али за тоа отом потом.
- Илиќ тарабуката имал понуда од Албанија... што се тиче мене одма нека го пуштат, ама ако имаат друг голман на лагер.
- И задњо, се спремаат опасни местенки уште од сега во Втора лига Запад. Предничи Тетекс според мое инфо. Силекс им обезбедил припреми во хотелот во Охрид, а Воска треба да им покрие котизација за да си ги добијат бодовите од нив.
 
Ајде честито утре од збор до збор ќе те објават Ликовци. :D
Е К С К Л У З И В Н О
"Вардар во завршни преговори со гигантската фирма за обложување Моцарт"
 
ФК Вардар: Илиќ, Велковски, Мишковски, Стојанов, Глишиќ, Пеев, Керим, Парталко, Блажевски, Петковски, Петров.

Играа уште и Јовчев, Шабани, Стојковски, Ѓоргоски, Давков, Блажевски, Нијаз, Љамчевски, Мирков, Грозданоски и Панов.
 
За нас подобро сезонава да се одложи за бар седум дена, затоа што во овој момент немаме потпишано ниту еден од новиве играчи. Слободан го нема во Скопје, колку што сфатив денес се враќал, бил во странство да договара соработки. Од друга страна Христов и Саше започнуваат да ги тренираат децата на Академија.. сеуште многу работи не се разјаснети.
 
Втората лига одложена до недоглед. Можно е ФФМ да оди контра нивните правила и пред почетокот на сезоната да ги спои двете лиги.
 
Ќе ги регистрираат штом платиле котизација. Сигурно нема да остават така.

И треба да ги спојат. Лудост е Македонија да има две Втори лиги, а ни 50 % не се во стање котизација од 8.000 евра да платат!? Па што уопште бараат тие екипи да се натпреваруваат...
 
Последно уредено:

Знам дека квалитетот на втората лига е мизерен, ама па од друга страна, спојувањето на лигите ќе значи смрт за фудбалот во источна Македонија. Ќе останеме само на куртон клубовите на функционерите на ДУИ. Со формирање на втората лига исток, заживеаа градчињата низ истокот, на фудбалски план. Јасно е дека живуркаат со општински пари, дека повеќе е пропаганда за локални избори, но подобро така отколку овие градски клубови да играат трета лига, по селата. Не сум поборник на спојување на лигите. На времето во прва лига имаше по 14-16 екипи, а имавме две втори лиги со по 16-18 тимови.

Инаку, ситуацијата во Вардар не била најсјајна. Може ништо да не испадне од спонзориве и играчиве не се регистрирани, како што кажа Калараш.
Можно е воопшто да не се натпреваруваме во ниту една лига годинава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom