Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Имаме еден тон стопери, уште он ни фали назад :)))))


Се согласувам, ама кога е Лазаревиќ во прашање не би било лошо да биде во тимот. Може да го играат и како десно крило, ако е потребно иако не му е природна позиција.
 
Се согласувам, ама кога е Лазаревиќ во прашање не би било лошо да биде во тимот. Може да го играат и како десно крило, ако е потребно иако не му е природна позиција.
Он да, мислев за Велкоски Виктор.
 
Некој да бил присутен денеска, да пренесе импресии?
 
Од она што ми кажаа натпреварот бил егал тука некаде биле и двата тима со игра и шанси.Сепак се работи за тим сомногу нови играчи и треба да одиграат што е можно повеќе пријателски пред стартот на новата сезона.
 
Ве газиме денеска :D
Имате пренос иначе на фејзбук РТК или на КТВ
 
Им свирнаа пенал да го освојат турниров. Добра игра, ќе биде подобро со Стојанов позади и десен бек.
 
Првата ја игравме со втор тим.
Посолидни бевме од Победа, ама изгубивме на пенали. Имавме една 100% шанса, ама утнавме.

Со Тиквеш бевме израмнети, ама кај нив не играа странците. Пеналот немаше врска и фер ќе беше да заврши нерешено. Петров имаше добра шанса ако не се лажам, ама одбрани Димовски. Добро комбинираме, ама мака ќе мачиме со реализација. Ни треба некој помлад и побрз напаѓач, ама да не биде како глиста, туку со добра килажа. Слаб е Петковски како единствен напаѓач.
Мислам дека ќе имаме многу 0-0 ремија низ сезоната, особено што ептен ќе се бранат екипите со нас.
Одбранава ни е коска за позициона игра, Мишковски беше топ. Ама во ситуација кога напаѓаме, ако отидњт напред, нема враќање, како желки беа.
 
Вакви турнири од ревијален карактер, каде што се игра по италијански систем воопшто не се некаков репер за формата на екипата. Со Победа скоро и да не глеав ништо. Од она што малку видов претежно деца беа во составот, со исклучок на ми се чини Пановски, Љамчевски и Гроздановски.
Другиве 45' со Тиквеш доста посолидни. Одма се глеа што ти значи искусна одбрана, иако ни фали десен бек сепак за да бидеме комплетирани. Чак би рекол дека и поконкретни бевме од нив, а прашање дали беше тоа пенал за кавадарчани. Слободно можам да кажам поклон од судијата.
Само мое мислење дека треба малку да се крене интензитетот во играта, но многу веројатно ни условите не дозволуваат такво нешто во моментов. Шиле и Петковски доста не кочат со нивната статичност. Можеби треба да се проба со Гроздановски на шпиц, а Пановски на крило.
Сега преостанува да видиме како ќе се одвива завршната фаза од припремите во Охрид и очигледно тука ќе се одиграат повеќе контролни натпревари. Се на се' кога ќе се подвлече, на играчки план сме на добар пат. Остануваат одредени финеси да се корегираат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom