Алиу: 155 лица од Клиничката болница во Тетово ќе добијат договори на неопределено време Соопштенија Односи со јавност Министерство за здравство
zdravstvo.gov.mk
...да не беше трагично комично ќе беше пресмешно, како не' прават овци поточно ни ја вреѓаат интелигенцијата нас слушателите на национални ТВ вести со овие манипулативни изјави со кој знае каква позадина.
...155 договорци ќе добиеле вработување без конкурс, без критериум ...и точка, нека цркне ДУИ, а да ги земете сите по ред со име и презиме сите тие се членови на ДУИ или пак нивни родители и склучени со нив договор на дело токму во овие 7 години владеење на ДУИ и СДСМ
...со еден збор сите овие 155 договорци се токму членови на ДУИ и по некој изгубен мохиканец на СДСМ и што не успеале да добијат трајно вработување за владеење на ДУИ и СДСМ, сега во владеење на ВМРО ДПМНЕ сите ќе ги вработат на неопределено време, а членовите на ВМРО кои трчале за придобивање ново членство за победа на избори ќе останат со прст во уста!
...па одозгора Министеров за здравство Алиу засилен со изјавата за ,,вработување на сите 155 и точка,, се покажал многу јак менаџер ама во служба токму на ДУИ кога беше Министер токму поставен тогаш за информатичко општество за време на ДУИ.
... зашто никој не го праша министерот Алиу чии членови се и кои ги склучиле договорите на дело сиве овие години и токму тие договорци што до ден денешен коментираат и се подбиваат со ВМРО ДПМНЕ и со самиот премиер Х.Мицковски ќе бидат примени со трајно вработување токму со нивни Амин, човек да се прекрсти!
...зарем премиерот Х.Мицковски и тие околу него не го согледуваат тоа, не прават малоумни со ваков потег или е тоа политички договор во позадина, а ние како народ пиеме нафта, демек види решиле проблем што ДУИ не го решил (оти немало пари од Министерство за економија за време на ДУИ затоа не биле вработени), а сега Х.Мицковски со кредитот што го зел ќе го покрие сето тоа, токму тие членови договорци ќе ги вработи кои се негови противници и лаат против него и негова партија цело време низ социјални медиуми додека работеле со договор на дело во здравствената институција,
... добро да питам, што прави членството на ВМРО ДПМНЕ што се здравствени работници без работа, а им е ветено вработување пред избори?
