Star Trek: Strange New Worlds

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.784
Поени од реакции
39.310
Локација
Скопје
По „неуспехот“ на Star Trek: Discovery која трпеше огромни критики, пред се за ширењето на woke пропагандата која очигледно им беше поважна отколку самиот Star Trek универзум, реално никој не очекуваше да се појави нешто што ќе ги врати Star Trek на старите патеки. Но, за цела среќа, серијава нѐ демантираше!

1719077460990.png

Strange New Worlds е американска научно-фантастична серија, 11 по ред во Star Trek франшизата и директен спин-оф на нејзиниот претходник, погореспоменатата Discovery. Го следи капетанот Кристофер Пајк и посадата на вселенскиот брод Enterprise во 23 век додека се во потрага по чудесни нови светови низ универзумот, една деценија пред случувањата во оригиналната Star Trek серија. Првата сезона од десет епизоди излезе во 2022 на Paramount+ (кај нас може да се гледа на SkyShowtime), а втората од јуни до август 2023. Третата сезона ќе ја има премиерата во 2025, а веќе е обновена и за нова, четврта сезона. Главните улоги се на Ансон Маунт (Кристофер Пајк), Итан Пек (Спок) и Ребека Ромијн (Уна).

Најголем дел од позитивните рецензии за серијата се однесуваат на раскажувањето кое е слично како старите Star Trek серии, со различна приказна во секоја епизода, и за кастот, а во 2023 серијата освои Primetime Emmy номинација за монтажа на звук и многу други номинации и награди.

Доколку, како мене, ја имавте испуштено до сега, а сте фан на Ѕвездените патеки, ве уверувам дека ова ќе биде полн погодок за вас! Уживајте!
 
Screenshot_20240625_132047_TV Time.jpg

Ова беше најдобрата и најзабавната епизода во било кој Star Trek што сум го гледал!
 
Не знам дали воопшто некој следи или си правам јас монолог тука - излегоа првите епизоди од новата сезона. Многу јако почна, ама втората епизода некако беше flop споре мене. Вечерва ќе и седнам и на третата.
 
Малку чуден старт има третава сезона, ама ке видиме, можеби ке изненадат со наредните епизоди.
 
Не знам дали воопшто некој следи или си правам јас монолог тука - излегоа првите епизоди од новата сезона. Многу јако почна, ама втората епизода некако беше flop споре мене. Вечерва ќе и седнам и на третата.
Страв ми е да гледам повеќе. Чекам да завршат паразитите, да бидат пуштени низ тоалет како гомненца пред повторно да погледнам Star Trek.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom