Квалитетот на горивата во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување
Лукоил се со неколку класи подобри од останатите дистрибутери на гориво во македонијава... и јас сум ја осетил разликата со бензините :)
 
Абе неможеш така да пресметуваш, зависи кај возиш како возиш. Не е исто на отворен пат и градска.
Најдобро можеш да споредиш ако поминуваш иста релација секој ден. Јас пример со 500 денари сум поминал еднаш 100км, еднаш 150км, еднаш 90-80км. Ама сум возел различни патишта а сум турал бензин од иста бензиска.

Незнам дали јас бев нејасен...

Значи 50 кила бензин, без нити едно излегување од град.. релацијата скоро иста.. Работа, дома, чаршија, работа, дома, чаршија, за викенд чаршија, дома..
Значи 700 км со бензин од Лукоил..
Еве веќе 450 км, не сум излезен на отворен пат.. од Макпетрол турен..


Ај ај, немора да се заврши со карање. Те едитирав - Џиш.
 
Темата ви е споена, продолжете со дискусијата.

А кога сме тука, и јас имам заприметено дека со гориво од лук оил има повеќе километри за возење. Незнам зошто и како, дали додаваат адитиви, или пак Мак Петрол додава некои глупости.

Според проверени извори (познавам човек што работи во Окта), сите бензински станици (вклучувајќи го и Лук Оил) користат гориво од Окта. Од Окта не излегува цистерна без земен примерок за анализа на квалитетот. Така да на излез од Окта се гарантира некаков квалитет на горивото. Е сега што се случува на бензинските станици и кои примеси му се додаваат на горивата откако ќе ја напушти рафинеријата е прашање...
 
Имам приметено дека дизелот е најдобар на Лук Оил. Поготово Плетвар ако го искачуваш, итекако се приметува со дизел од Макпетрол и од Лук Оил разликата. А и од други луѓе истово го имам слушано.
 
Татко ми вика дека никогаш не можеш да начекаш константо дорбра нафта.Некогаш вика трома е не прима како што треба, некогаш вика супер е како стиснеш така иде...Е сега што прават со нафтата појма немам...Кога ја земавме колата од Германија првите 5-6 месеци имавме проблеми нерамномерно работење на мотрот, и сецкаше у вожња ама подоцна си се навикна на нашево срање и сеа си фура нема гајле...
 
Редовно ставам од Макпетрол , ама последниве неколку пати , ставам околу 15 литри а дигиталниов мерач коа ќе го истрошам ми брои 13 литри. :(
Има ли некој слични искуства?
Планирам да се префрлам на Лукоил , чисто ради споредба.
 
Малку сум изреволтиран зошто наместо ентер стиснав backspace па по 2 пат го пишувам постов ама ај нема врска :)
Значи вака: Потрошувачката на горивото не е константна, таа зависи од многу фактори: начинот на возење, брзината, број на вртежи на моторот, видот и составот на горивото итн итн
Горивото нема константен состав, иако би мора да има константен октански број :), Составот на горивото исто така зависи од голем број фактори : периодот на годината, местото на изворот на сровата нафта од кое е добиено, материјалите кој ги имаат во рафинеријата, дали на бензинска ставаат вода или некој додатоци итн итн.
Според закон во Македонија за сите горива мислам дека важи Евро 4 стандардот а мислам дека кај и да е треба да стапи на сила и Евро 5 (а можно е и да стапил на сила затоа незз :)) горивата исто така мора да се без олово (кое до негде е добро за моторот но е многу штетен за околината и живите суштества) па затоа се користат некој други додатоци кој не им се знае ни состав ни последици од истите кон околината (за тоа нека му ја мислат хемичарите и лекарите).
Друг проблем е тоа што просечната старост на возилата во Македонија е 16 години , а стандард е евро 1 или послаб, па затоа настануваат проблеми со работата на моторите (поголема потрошувачка, неправилна работа , чести дефекти и слично)
А кога сме кај тоа дека со гориво од една бензинска се поминува повеќе км а со од друга помалку тоа зависи исто така од неколку фактори:
Погоре напишав неколку но ќе додадам и дека тоа зависи дали на бензинската му додаваат вода или некое друго сретство само за да се зголеми неговото количесто без притоа да се запази квалитетот, често се продава гориво со помал октански број како гориво со поголем октански број и уште едно според мене многу битно е тоа што мерачите на пумпите кој иако треба да работат со точност од +/- 0.1/0.5 % (најчесто со - на ваша сметка) не се редовно калибрирани или намерно се подесени да работат со точност од +/- 1/5 % (во 100% од случаите се - на ваша сметка, никој несака да работи со никакви загуби :)) па кога ќе се удри пресметка 5% од 10 литри и не е некоја голема вредност но кога ќе се удри пресметка за подолг период испаѓаат дури милиони чист профит на продавачите.

А кога сме кај тоа кој од кај полни гориво , несакам да испадне реклама, ама јас полнам од макоил мббс 95 бидејки во викенди продаваат за 1 денар поефтино башка секогаш ставам за 500 денари тд немам некој посебен ќар а југо си е југо си вози на секаков бензин :)
 
Лукоил се со неколку класи подобри од останатите дистрибутери на гориво во македонијава... и јас сум ја осетил разликата со бензините :)

не ти е точна констатацијава...

плинот им е СРАЊЕ што смрди...
 
не ти е точна констатацијава...

плинот им е СРАЊЕ што смрди...

Кој плин не смрди, со Плинот од Лукоил поминувам најмногу километри. И нафтата и бензинот му се солидни.
 
плинот на лукоил мислам дека им е најголем процент метан (зс е природен гас најголем дел), а од макпетрол им е комбинација од пропан/бутан фабрички добиен па затоа има некоја разлика иако би требало да имаат приближно иста енергетска вредност (закони си се закони :))
 
еј кога сме кај плинот,од макпетрол е подобра е од маккоил од лично искуство (проверено)
 
До сега најмногу километри што сум извозел со плин низ Скопјево(градска вожња) бил со плинот од фабриката Железара. Истиот пат го поминувам цело време, отприлика ја знам трошњата на 100км, али кога и да ставам од Макпетрол или Лукоил секогаш потрошњата покажувала повеќе. Дали е ради соодносот на пропан/бутан не знам, не сум толку по хемискиот состав. Прво бев скептик пошtо таму плинот е секогаш 3-4 денари поефтин од секаде али испадна мн океј!

П.С
Не е ова реклама во секој случај, само сакав да дадам мое мислење ;)
 
До сега најмногу километри што сум извозел со плин низ Скопјево(градска вожња) бил со плинот од фабриката Железара. Истиот пат го поминувам цело време, отприлика ја знам трошњата на 100км, али кога и да ставам од Макпетрол или Лукоил секогаш потрошњата покажувала повеќе. Дали е ради соодносот на пропан/бутан не знам, не сум толку по хемискиот состав. Прво бев скептик пошtо таму плинот е секогаш 3-4 денари поефтин од секаде али испадна мн океј!

П.С
Не е ова реклама во секој случај, само сакав да дадам мое мислење ;)


Tacno i jas iam primeteno isto i vise 2 godini samo od zelezara tankiram plin, kaj e poeftin za 2-3 den i pokvaliteten e kade kade od drugive pumpi.
 
Имате приметено поголема потрошувачка во литри во последно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom