Спомен куќа на Мајка Тереза и петиција против репетиција

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Кајгана подфорумот за Архитектура ја објавува иницијативата на некои мои (веројатно) постари колеги кои реагираат за изборот на идејното решение за изградбата на спомен куќата на Мајка Тереза. Прочитајте го текстот и доколку можете, оформете мислење. Иако, мислам дека за да биде реакцијата на место мора да е поткрепена со графичка презентација на критикуваното решение и уште повеќе со споредба со останатите прилози. Во спротивно, оваа иницијатива ќе биде само ловење во матно со основано сомнение дека е тенденциозно покрената со некои други намери.

Драги колеги, праќајте основи, 3Д на солидна резолуција.... луѓето треба да видат што се готви, за да го кренат својот глас. Тргнувам од себе како аполитизиран студент при архитектонскиот факултет. Сакам вашите зборови да не останат празни и да лебдат низ www. просторов. Дајте им дополнителна тежина. Ј

Заедно сме посилни; јас сум волен да ви помогнам... и сигурен сум дека иницијативава ќе наиде на солидна реакција доколку ја доизработите/презентирате солидно.

Еве што конкретно имаат да кажат дел од студентите при Архитектонскиот факултет во Скопје во своето излагање по повод покренатата петиција:

-----------------------------------------------------------
ПEТИЦИЈА: Мајка Тереза - ДА, Вангел Божиновски - НЕ

Напишано од група студенти по Архитектура 16.08.2007.


Министерството за култура со Решение број 32 4819/1 од 18.05.2007 година

Комисијата за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение за објектот Спомен куќа "Мајка Тереза" нa Повторниот Меѓународен Конкурс 5/07 за "Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решение за објект – Спомен куќа "Мајка Тереза"во Скопје во состав:
проф. др.Јасмина Хаџиева,диа, председател и членови др Јован Стефановски - Жан, диа, Angelo Molfetta, диа , Анета Тановска, диа, Билјана Филиповска, диа, Тихомир Арсовски, диа, Антон Серечи новинар, Стојан Тренчевски новонар, мр Елизабета Канческа Милевска, Нермин Адеми, мр по економски науки, Авни Халими, шеф на кабинет, Лидија Лазарова, дипл. правник, Драги Стојановски дип.инж, технолог.
Комисијата за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение за објектот Спомен куќа "Мајка Тереза" во Скопје , ги разгледа и валоризира пристигнатите 6 (шест) труда и врз основа на критериумите од расписот на Конкурсот ја донесе следната одлука:
да додели прва наградa во нето износ од 300 000 денари на трудот со работна шифра 001.
Првонаграден труд
1.Трудот со работна шифра 001
Шифра: PR 333
Автори: Вангел Божиновски, диа и Слободан Арсовски, диа

F8EBAEEF6E58644DA120A9264256DB98.jpg

Причината поради која го објавуваме овој текст е срамната одлука на жири комисијата од Министерството за култура да додели прва награда на диа Вангел Божиновски за неговиот проект за спомен дом на Мајка Тереза.

Тоа го правиме од две причини:

1. Условите во кои се заврши целата постапка
2. Лошиот квалитет на првонаградениот труд

Ќе се потрудиме да ги образложиме и двете.

Условите за тоа како се одвиваше целата постапка при изборот на решението беа следниве: Беше распишан првиот конкурс за изработка на решение за спомен дом на Мајка Тереза. На конкурсот беа пријавени повеќе трудови од различни автори и на тој конкурс беа наградени следниве автори:
Awarded works:

1.First award Work with working code 002
Author Jorge Marum
Code AG 213
2. Second Award – Work with working code 003
Code А 1280
Author – Andrijana Jovanovik – Savik
3. Third award Work with working code 010
Code АC 339
Author – Carlos Diaz I Luic Gomis

Во прилог следуваат извадоци од официјалниот каталог издаден во Мај, непосредно по завршувањето на првиот конкурс. Во него јасно се образложени ставовите на жири комисијата за секој од пристигнатите трудови.
6F95899E6279924C89CDA68C15ECF21B.jpg



По ова, министерството за култура распишува втор конкурс со нови услови и овојпат право на учество имаат само првонаградените од првиот конкурс и оние архитекти кои во последните три години добиле награда за проект на објект од музејски и монументален карактер или изградиле таков објект.

Како што се гледа, на првиот конкурс, сега првонаградениот на повторениот конкурс, Вангел Божиновски не добил никаква награда, а неговиот труд не беше ни во оние проекти кои добиле откуп. Напротив неговиот концепт е образложен како „проблематичен со интерполацијата во постојното урбано ткиво“.

Под кои од овие услови Вангел Божиновски добил право да учествува? Не е ни во наградените, а никој не знае кој е тој објект од музејски или монументален карактер што тој го испроектирал или изградил, и според кои критериуми некој проект би се прогласил за "проект од монументален карактер".

Понатаму, спорно е, исто така, за што и самиот автор несакајќи признава, дека тој учествувал на повторениот конкурс со сосема истото решение од првиот, само што во вториот дел условите биле променети, а неговото решение сосема се вклопувало во новите услови, па не морал ништо да менува. За дискусија е и блискоста на првонаградениот со сегашната власт и неа не ја коментираме, но многу симптоматично е тоа што министерството чудесно ги менува условите според проектот на сега првонаградениот, со што му се овозможува да добие прва награда во негова игра, со негови услови.

Да не споменуваме дека конкурсот морал да биде анонимен, значи не смеело да се знае чии трудови се пристигнати додека не се заврши жирирањето. На ова авторот одговара:

"Не можат да обвинуваат дека конкурсот не бил анонимен бидејќи комисијата веќе го видела мојот труд. Јас имам препознатлив стил и израз и членовите на комисијата можеле да го препознаат мојот проект и првиот пат."

Прочитајте повеќе во онлајн изданието на Дневник.


Но, тоа не е сe! Контроверзиите продолжуваат:


“Одговарајќи на обвинувањата дека повторениот конкурс е наместен, со оглед на тоа дека на првиот конкурс неговото дело не било ниту наградено ниту пак откупено, Божиновски вели дека не станува збор за истиот проект, туку дека куќата на Мајка Тереза, која ќе се гради покрај Домот на АРМ, сосема е ново дело.“


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8F7C9031CF1EFD4DA15E2766FA43F95E



Иако не би сакале да се дефокусираме од темата, сепак мора да се каже дека Министерството за култура не успеа да истурка ни еден конкурс во кој ќе биде се чисто. И покрај тоа што речиси во ниеден од конкурсите не се одлучи да додели прва награда, затоа што конкурсните трудови никогаш не ги задоволуваа условите и барањата, овојпат и покрај дискутабилното решение, беше доделена само една награда - и тоа прва. Исто така сомнителни се и спроведувањето на конкурсот за Театарот, конкурсот за Градска Куќа, конкурсот за Музеј на ВМРО и жртвите од комунизмот...

За жал, ова е најлошото решение што би можеле да го добиеме од гореспоменатите.

Овој труд претставува една несреќна комбинација на форми и стилови (а најверојатно и на бои) кои никој до сега не се обидел да ги искомбинира.

Непотребно нагласениот наративен пристап - стара Македонска куќа (за што еднаш Скопје се изгорело, со стоковната куќа Мост) и тоа верувале или не со дворче со авлија(!) пред која Мајка Тереза би требало да изгледа како да е застаната пред порти(?!) е сосема излишен и апсолутно нема никаква потреба од претставување на македонската куќа на такво јавно место, кое целосно ќе ја деградира околината затоа што е вон контекст со сите објекти околу.

И без разлика на овој пристап со стара македонска куќа, тука не се претставува старата македонска архитектура, туку се претставува карикатура од македонската куќа која никогаш немала кружни скали со метална хромирана ограда и чардак кој не личи на ништо традиционално. Наивниот пристап со сецесионистичко тетовирање на фасадата со Ешерова текстура (која многу наивно авторот ја „позајмил“ затоа што најверојатно го потсетувала на нешто религиозно) со риби и птици уште повеќе го упропастува и така веќе очајното решение.

Дали имаме потреба од чувство дека сме во Мариово кога се наоѓаме во центарот на главниот град на Македонија? Или се враќаме во 19-от век?

На таа катастрофална интерпретација на стара македонска куќа авторот додава и одредена индиска форма на куќа со венец кој најверојатно ќе биде во сина боја (облеката на Мајка Тереза) со бели траки што би потсетувало на нејзиниот живот во Индија.

На овие два чудесни споја авторот не застанува тука и монтира уште камена кула која би требало да потсетува на онаа пред АРМ, но во катастрофална интерпретација и пропорција со некаква топка одгоре.

За да сe досега не изгледа како да е напишано во афект, нема да го коментираме столбот со топка како капител, ниту бунарчето во дворчето, ниту дупката, ниту лустерот во ентериерот...

Како целина, проектот е најголемо промашување. Како е возможно прво така дрско да се пристапува кон контекстот на локацијата и да се реагира така нихилистички? А уште пострашно е тоа што и самите елементи во проектот се негираат еден со друг!

И конечно, каде е одразот на времето во кое живееме?

Она што дефинитивно сметаме дека авторот треба да го сфати е тоа што архитектурата никогаш не ги пренесувала работите така наративно. Симболика секогаш постоела, но таа никогаш не била пред формата и функцијата, како што е во случајов (ако може да се зборува за некаква јасна форма и функција). Тажно е што авторот до сега тоа не го сфатил и што треба тоа да му го кажат група студенти по архитектура.

Доколку ние не сме во право како студенти, тогаш да се најдеме заедно со продржувачите на проектот (доколку ги има) и да извлечеме референци јавно, што е нормална постапка во вакви ситуации низ светот.

Ако некој конкурсен труд не им се допаѓа на граѓаните, тој оди на јавни расправи и дебати, одлучува народот и поради таа одлука тој не се гради. Како пример би можела да се наведе одлуката на граѓаните на швајцарскиот град Базел, кои гласаа со чисто мнозинство против градбата на Заха Хадид, една од најдобрите светски архитекти. Хадид победи на конкурсот за проект на концертна сала, но швајцарската традиција вели дека народот го има последниот збор кога се работи за големи проекти кои инволвираат јавни трошоци. 62.6% од гласачите гласаа против овој проект.

Значи сеуште не е доцна и ништо не е решено!

Исто така свесни сме дека е неетички да се зборува за туѓ проект, но ова е до толку дрско од страна на авторот, комисијата и министерството, што ни ја дава таа слобода да реагираме на ваков начин.

Треба ли да спомнеме дека со наши и ваши пари во Скопје се гради нешто што изгледа инфантилно и грдо, и дека глетката што ќе ја имате додека пиете кафе на улица Македонија ќе биде куќата на д-р Франкенштајн?


Време е сите ние да реагираме.

Потпишете ја оваа онлајн петиција!

(во Comments ве молиме внесете го бројот на вашата лична карта)


Група студенти од
Архитектонски факултет - Скопје
 
Auuuuu, ne sum znael za ova, do tamu li e stignata rabotata? Pokraj loshoto arhitektonsko reshenie, dali ima povekje informacii zoshto se organiziral vtor konkurs, koi se lugjeto od Ministerstvoto involvirani vo procesot, itn.?

Lichnosta na Majka Tereza e vazhna i ne samo za grad Skopje i shodno biten e kakov kje bide "spomenikot" za nea. Dokolku ponudenoto reshenie e "najloshoto mozhno" kako shto velite od struchna strana, mislam deka treba da se reagira blagovremeno i kajgana.com kako najgolem makedonski portal, pretpostavuvam bi mozhela da igra uloga. No sepak vie kako struchni lica treba da povedete so ideja kao da se izleze od situacijata.

Fala za postot i prodolzhi vremeno da ne informirash kako stojat rabotite.
 
Epten go pocituvam avtorot na temata za da ja rasipam istata, ama Misir mislam deka znaesh shto bi ti repliciral :):)
 
ИНТЕРВЈУ: АРХИТЕКТ ВАНГЕЛ БОЖИНОСКИ, АВТОР НА СПОМЕН-ДОМОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Критиките на проектот покажуваат непознавање на македонската традиција

"Мојот проект е Спомен-дом кој го одбранува и слави просторот на македонското градителство, таа огромна 10 милениумска градителска традиција која единствено е способна да создаде таква можност според која малата Гонџа се преобрази во блажена Мајка Тереза"

7E074EFE453F1D458EC29C9DE33094C5.jpg
Веднаш по објавата за одобрувањето на Вашиот проект како изведбено-идејно решение за Спомен-дом на мајка Тереза, стигнаа оспорувања. Што мислите за ваквите струења?


- Архитектонските натпревари по традиција се темелат на принципот на надежта. Но во најголем број случаи исходот оди во прилог на знаењето и искуството. Како архитект, теоретичар, критичар и истражувач на македонската архитектонска традиција, ова, најодговорно можам да го изјавам бидејќи сум бил и учесник на меѓународни, југословенски и македонски натпревари и член на оценувачки комисии и сум освојувал највисоки и меѓународни и домашни признанија, но се случувало мојот труд да остане незабележан од комисијата. Никогаш не ми се случило да го обвинувам авторот-победник по која и да е основа или комисијата по завршената работа. Ако сум имал забелешки на конкурсните услови, или не сум учествувал или сум ги доставувал - објавувал забелешките пред да започне со работа оценувачката комисија. Ако сум имал забелешки на награденото идејно решение по завршувањето на натпреварот, сум ставал забелешки само по сериозна анализа по промоцијата на изложбата и најчесто со намера да придонесам кон подобра реализација. Во сите други случаи сум оставал да се реализира делото и времето да го прослави авторот и комисијата или да се покаже спротивното. Ваква е постапката на еден сериозен архитект кој ја познава професионалната етика.

Постојат забелешки кон Вашиот естетски израз. Некои забележуваат дека во Вашиот проект има "хедонизам на материјалите", и, дека тоа не соодветствува со аскетизмот на Мајка Тереза?

- Луѓето кои сериозно се занимаваат со превод и препев од македонски и на македонски, внимаваат кога имаат намера да сковаат контекст од македонски и немакедонски збор. Ако некој во сферата на архитектурата ви каже дека сте постигнале љубовно-сетилен спој на различни материјали, тогаш тоа значи дека сте врвен мајстор на занаетот. Благодарам, иако тоа не била намерата на авторите на оваа синтагма. Алузијата дека аскетизмот на Мајка Тереза е аскетизам кои тие го претпоставуваат, само покажува колку малку ја познаваат силата и животната енергија на Мајка Тереза.
Мојот проект е Спомен-дом кој го одбранува и слави просторот на македонското градителство, таа огромна 10 милениумска градителска традиција која единствено е способна да создаде таква можност според која малата Гонџа се преобрази во блажена Мајка Тереза.

CB3C6DE638CBCF4AB58FA70E2D7D8A09.jpg
Во овој контекст до каде е македонската архитектура во зачувување на автохтоната градба? Што треба да се менува во оваа смисла?


- Го чувате она што го сакате. Го сакате најмногу она што добро го познавате. Добро го познавате само она што го истражувате. Колку подлабоко истражувате толку подлабоко се вљубувате. Едноставно речено, ако нешто не познавате не можете ни да го почитувате. Токму критиките на проектот кој го отсонував во соработка со арх. Слободан Арсовски, покажуваат до кој степен на непознавање на македонската архитектонска традиција стасала секојдневноста на нашата архитектонска пракса.
Македонската архитектонска традиција и нејзиниот автохтон започнува длабоко во зората на цивилизацијата. Моите истражувања покажуваат македонски архитекти, автори од 13 и 14 век, од 6 век на новата ера како и од 3 век пред новата ера. Со истражувања на терен (јас го минав истиот пат низ Македонија кој го избрал професор Грабријан пред повеќе од 60 години) се покажува неточна досегашната претстава за белината како карактеристика на фасадата на македонската трдиционална архитектура. Напротив, фасадата на македонските градби е полихромна и често орнаментирана. Македонската архитектура не е анонимна, ниту народна. Таа е апсолутно авторска.
Ми беа неопходни 3 години работа за да го воведам протомајсторот Андреа Дамјанов (откриен од академик Крум Томовски) во секојдневноста на Сојузот на архитектите на Македонија. Убеден сум дека Историјата на македонската архитектура треба да се помести како прв приоритет во воспитнообразовниот систем на високото школство.

1CB7F34BC2974740A3778D90F4E1D49B.jpg
Кажете ми нешто повеќе за комплексноста на идејното решение на Спомен-домот Мајка Тереза?

- Спомен-домот на Мајка Тереза е моја преокупација повеќе од 3 години. За да стасам до вистинското решение при собирањето на податоци пред мене се исправија неколку клучни прашања. Познато е дека просторот не само физички, туку и психолошки ги обликува оние кои престојуваат во него. Според тоа (со оглед на фактот што нема податоци за куќата на Мајка Тереза освен адресата) како можел да изгледа просторот во кој таа го минала најважниот дел од животот - времето на детството, периодот во кој се формира психолошкиот профил на личноста? Познато е дека определбата за премин од световен во духовен живот покрај внатрешниот повик е предизвикана од некој повод кој треба да се открие во биографијата на Мајка Тереза. Според тоа, кој е настанот што го предизвикал преобразувањето на Гонџа Бојаџиу во Мајка Тереза? Потоа, дадената локација веке има препознатлив белег во впечатливата скулптура на академик Серафимовски и содржи и спомен-белег на сјајната епопеја на НОВ, како и средовековна кула под заштита на законот за културни вредности, како и специфичен контекст на плоштадот со наталожени стилови и објекти со високо архитектонско достоинство, а програмските барања имплицитно бараат објект кој ќе биде место за аџилак, што само по себе значи архитектурна приказна. И конечно кој и да е, што и да прави во текот на животот, патува од родното место за еднаш некогаш да се врати и да раскаже.
Сето ова е видливо и јасно со јазикот на архитектурата, низ немиот говор на просторот, пласирано во архитектонското решение.

Кој е Вашиот особен белег во архитектурата?

- Минав нетипичен пат на себеизградување како архитект. Восхитен сум од воспитната моќ и интелектот на мојот професор Љубен Најденов за време на студирањето, како и од упорната и напорна работа на академик Крум Томовски - нашиот најзаслужен истражувач на македонската архитектура. Паралелно со подеднаков интензитет можев да се изградувам како теоретичар, критичар и проектант.
Уште како студент прашањата околу македонската традиција се кристализираа во мене поради некои нелогичности во позиционирањето на нашето градителско наследство, и ме произведоа во архитект кој не оди во потрага по копии на рецентни градби од развиениот свет, туку ги бара суштинските карактеристики на македонската архитектура. Откривајќи ги карактеристиките на македонскиот израз јас ги применував во реалноста на сегашниот живот и со секоја нова градба се уверував во интелигентноста на македонскиот архитектонски израз. Низ праксата сфатив дека оформувам свој препознатлив израз. Моите остварувања и пред да бидат објавени беа препознавани од колегите и блиските.
Едноставно, мојата борба за докажување дека македонската архитектура не е анонимна ми помогна да создадам свој стил кој се темели на почитта кон нашето наследство. При проектирањето користам шестар, пред се, што значи дека мојот модул е Јустинијановиот круг. Покривот мора да заврши со купола. Фасадите се боени и орнаментирани и течат една во друга во сите правци. Објектот се разгранува по вертикала, левитира и со својата привлечна моќ го ангажира околниот простор кој се влева во внатрешноста и повторно се враќа назад.
E946C8D9916D4B4B94A3C6930A77147A.jpg
Понекогаш, особено кај анонимните конкурси, за мене е голем хендикеп што колегите веднаш можат да го препознаат мојот труд. Но, јас по природа не умеам да се сокријам. И кога ќе стасам до решение за кое сум убеден дека е најдобро за одредена локација јас го бранам до крај, се додека не добијам доволно силна аргументација за промена на дизајнот.
Извор
 
Chekaj sega Serpico, implikacijata beche deka ima "foul play" tuka so vtoriot "tender", barem taka te razbrav, zatoa se sepnav.

Dali se proiznel dodatno nekoj struchen za ponudenoto reshenie? Shto mislish ti lichno? Vaka izleguva grupa studenti lajat, a kavanot vrvi.
 
врска нема петицијата

го поздравувам авторот, и едно големо "УААА" од мене за студентите при архитетонски

уште кога ги прочитав двете точки

1. Условите во кои се заврши целата постапка
2. Лошиот квалитет на првонаградениот труд


...и јасно ми стана дека залудно си ги трошат "студенските денови"

по првата точка, се мисли на корупција или процедурална е забелешката? - т.е. им се сака да е корупција, ама не е, па најдоа некоја "член во законот" ... демек..

по втората точка, не ви е ова бре тендер за продажба на државно земјиште па кој највеќе ќе понуди - тој! што имаат граѓаните на скопје/макдедонија со тоа што на група студенти не им се допаѓало тоа што некој архитект го проектирал?!

спомен куќа на мајка тереза и музеј на современа уметност се две различни работи. јас како граѓанин на скопје не сакам градот да ми личи на дубаи.
затоа.. поздрав до авторот
 
Vaka izleguva grupa studenti lajat, a kavanot vrvi.

Tочно така некако испаѓа.

Моето мислење за дело на дипл.инг.арх. можам да го дадам откако ќе погледнам соодветни прилози за направеното дело. Од неколку мали сликички може да дадам само коментар... за конкретниов случај - Грозно ми изгледа.

Марковски, точно е дека суетата е присутна кај архитектите, а корените можеби можеме да и ги најдеме уште во студентските денови. Ама важи и фактот дека студентите на Архитектонскиот факултет од поинаков агол гледаат врз некој конкретен труд, за разлика од медицинарите, правниците, технолозите, економистите или журналистите. Значи, никогаш не смее да се занемари нивното мислење, бидејќи тие (ние) се луѓето кои можат да сторат нешто за твојот град да не заличи на Дубаи.

Како што ми изгледа, тие во моментов го прават точно тоа.

Со сета почит, ама тоа не може да го прави ватиканскиот архитект од проста причина што за да градиш на едно место треба да го познаваш местото....и да не ги повторувам тавтологиите на Божиновски, кој патем некако успеал да пронајде купола како карактеристичен белег во традиционалната македонска градба (извадок од интервјуто).

Мисирков, ако се докаже "foul play" ќе треба да се доделат неколку црвени картони. Само, кому да се покаже забавената снимка...

Јас сум живо заинтересиран за терање на работава до крај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom