UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Нема зима за Костич, ќе го соберат партиите за да им прави далавери во гласањето. Ќе создава лажни лични карти, ќе оди да гласа по 1000 пати. Само малку да се опамети, одма ќе најди ангажман. Упорноста ја има (y)
 
Прегледај го приврзокот 423755

Изборите поминаа пред Се во фер и демократска атмосфера, забележана е само една нерегуларност на изборното место Кајгана, имено, еден член кој се одзива на презимето Костич, под дејство на Cannabis sativa или попознато кај луѓето како Марихуана, Ганџа, Џоинт и слично, успеал да направи 18 проф .... сега ме известија дека се сепак 28 профили во рок од само неколку саати, број кој треба да се земе со резерва зашто сигурно ќе порасне, и со секој еден од нив го искористил правото на глас при што сите отишле на контото на репрезентацијата на Англија. После 10тиот профил веќе не се ни трудел да бира име, и направил уште 10 со името зврцко, кога ганџата најверојатно удрила на најако и све му било рамно.

Се обративме кај надлежните кои правеа Се во нивна моќ за да се борат против оваа аномалија, притоа банирајќи го на секои 8 минути. А од таму бевме упатени и до менталната установа во Бардовци, од каде порачаа дека постојат соодветни третмани за ваквиот проблем и неговото височество Костич по итна постапка треба да се упати таму, и ако ништо друго, барем едно нешто вечерва ќе си дојде дома, каде што и припаѓа.

И ти да не пафна нешто бато, шо таа кирилица? :LOL:
 
Честитки до Шпанија

Англија и нивната ФА ќе заебат уште една супер талентирана генерација поради нивниот инат и тврдоглавост.
Земи асален тренер, со тикварот Саутгејт ништо не прават, и низ години назад се форсираат најмедиумски истакнатите играчи што влијае на формацијата и тактиката на тренерот. Цело првенство Кејн Белингам и Фоден не се споија.

Кој кур на Родри му дадоа најдобар играч, Фабиан Руиз беше Зидан за него.
 
Доминација на Шпански играчи и Шпански систем, навистина ретко кој би си помислил дека Шпанија ќе освоеше.
Од сам старт мошне изненадувачки на сите најдобар фудбал изиграа а го гледаш Мората капитен им е.

Каков спој направи овој Де Ла Фуенте во репкава, собра се што имаше квалитетно на располагање и ги направи да изгледаат ко Пеп фудбал да играат.
Голем фактор има што другиве изиграа испод просекот за разлика што се очекуваше од нив. Па и овие Англија бе какви тарабуки се, Премиер Лига дрим тим имаат и цело првенство само на хајп се шлепаат, резилот го испија со 2 финалиња по ред изгубени, тотално заслужено!
 
Братот Шкотланѓанец што го ставаше секое знаме на репрезентациите што играа против Англија да ми е жив и здрав, и сакам некој со таква упорност и решителност државата да ни ја води !Прегледај го приврзокот 423756Прегледај го приврзокот 423758Прегледај го приврзокот 423759

Па ни ја водеа такви што ставаа знаме контра македонското, а којзнае и сега колку е променето. :icon_lol:
 
Ламин Јамал, најмладиот играч


И ти да не пафна нешто бато, шо таа кирилица? :LOL:
Мора да се запази уставот на Нашата Земја кога станува збор за вакви официјални соопштенија од институциите на истата. Дајте ви се молам немојте повеќе со вакви прашања во ова доба од ноќта, кога во позадина се готват 4 нови профили спремни за акција во наредните половина час, до 40 минути.

1720996246234.png
 
Реално Шпанија го освои првенството, Англичаниве треба да се луди да му продолжат договор на овој идиотов без разлика што имаше две финалиња, па јас да ги имав овие играчи ќе го освоев првенството. Шпанциве им играат агресивно на секоја топка, тука и ја добија утакмицава, овој идиотов уште фура сталоженост, а сите играчи им играат во лига каде игра машки фудбал. Абе оди директна војна ти ебам моронот, јес да ќе летаа картони, може и црвени ама така имаш поголеми шанси. Се виде дека англичаниве секогаш кога губеа можеа да напаѓаат и даваа голови дури и 2:2 можеа да извадат на крај, ама ај тоа може со некој друг тренер во иднина.
 
Шпанија да најдат уште некој шпиц како Торес/Виља има да бидат многу поопасни. Коректно изигра и Мората ама не е тоа тоа
 
Не, требаше да смени формација и да го вметне Палмер во прв тим и да го игра маааалце поповлечено во однос на тоа што го игра во Челзи јер е едини креативен играч во цел тим. Арнолд требаше да си игра десно, а Вокер лево, или Трипие лево, а Вокер штопер на местото на тој Гуеи.

Епа ете зашо го извади Кејн џам свиткаа гледам. Пратиш фудбал ептен, знаеш и сам дека не се вади најдобриот играч во ситуација кога бркаш гол, ма колку сака нека е лош.

Oткако го најде троецот на средина со Меину, Рајс и Белингам/Фоден, Англија почна да игра барем нешто, зашто очај беа во квалификациите кога ги пробуваше Галагер и Трент во средина. За Палмер се слагам, некаде во темава пишав дека би го пробал на местото на Сака некоја утакмица. Ама ликов е таков што ретко менува играчи во кои има доверба а му се стартери, па макар ништо не изиграле цел меч. Фоден и Кејн на многу утакмици ги немаше воопшто, и требаше да ги менува порано.

За Кејн, претходниот меч всушност таа замена Кејн - Воткинс ги однесе во финале. Би се сложил со тебе дека не треба да се менувва играчо како Кејн, да беше Кејн добар претходните мечеви, ама ликов цело првенство делува како вчера да е дојден во тимот, а не да им капитен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom