UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Леле што мерак ми се направи. Некој да ми речеше пред 10ина години дека ќе навијам Шпанија да освои ќе го направев будала. Ама па ова Енглезите со самата нивна појава те тераат да навиваш против нив. Толку курчевита нација а единствен трофеј освоен кога дедо ми бил уште тинејџер.

Ајде мрш, ви ебам тоа It's coming home

Шпанија скроз заслужено. Единствена репрезентација од фаворитиве што играа ФУДБАЛ. Имаа тешка група (на хартија барем), беа во потешкиот дел од ждрепката и на крај завршуваат со 7/7. Посазлужено од ова амин.
 
Лично мене фаворити ми беа Германија (како домаќин) и Шпанија, и сосема заслужено ја оправдаа таквата улога поради најубавиот фудбал кој го прикажаа во ова просечно Европско првенство.
Иако навивам за англиски клуб сепак не ги можам нивните фанови како и одредена група фудбалери кои се препотентни, арогантни cunts гадни сурати. Играа лош фудбал, се провлекоа на неколку пати за незаслужено да стигнат до финале.
Честитки до Шпанија за титулата Европски прваци !!!
 
Најдобар играч на првенствово би му дал на Олмо.
Гол асистенција против Германија, гол против Франција и одбрана рамна на гол во финалево

И Родри имаше одлично првенство, јес да позицијата му е таква кај што не учествува многу во бројките што ги гледаме на крај, ама пак, Олмо ми беше фаворит.
 
Најдобар играч на првенствово би му дал на Олмо.
Гол асистенција против Германија, гол против Франција и одбрана рамна на гол во финалево

И Родри имаше одлично првенство, јес да позицијата му е таква кај што не учествува во бројките што ги гледаме на крај, ама пак, Олмо ми беше фаворит.
Само Кукуреља, изгина човекот на секој натпревар покриваше, бранеше еве денеска и асистираше ... ЅВЕР !!!
 
Кукуреља можеби е и играч на првенствово, мислам дека немаше лоша партија, со оглед на тоа како се покажал во клупски фудбал, сосем друг играч гледавме првенствово. Капа доле за братот.
 
Секаде во светот коментатори се поранешни фудбалери, само кај нас филозофи, но барем си ги сакаме :ајнапиво:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom