Вака од искуство да ви кажам дека не треба да барате подалеку од бившата федерација.
Xhontra, Major Tom i Zlatkocivus дадоа пример. Овие простори се плодни со одлични рок изведувачи.
Многу е тешко да избереш најдобар албум од омилениот бенд а не па најдобар рок албум. Тесно беше помеѓу Sleeping With Ghosts од Пласибо и Love Metal. Албумов практично ме внесе у рок музиката и многу го слушав коа излезе. Башка роденден му е на Хермани па викам ајде нека бидат Финциве.
На денешното мени, специјалитет на куќата е:
Силен контендер за најдобар деби-албум на сите времиња и дефинитивно најдобриот албум(и група) засекогаш од Данска!
Нека не ве разубедува стигмата околу блек металот.. вакво нешто немате слушнато!
И нежен, и моќен, и бескрајно оригинален…
Еден и единствен Кинг Дајмонд!
Мелиса
за фановите на Шиталика… мал кјуриозити: далечната 1984 кога уште биле андерграунд и у најјакото… дошле на мини турнеја у Европа/Данска! Мислеле дека господ го имаат за ј*ајца фатено додека не им ги ставиле Мерсифул фејт за предгрупа! После нив срам им било да се појават на сцената! Со подотворена уста и неверување ги гледале! Публиката наравно ги викала на бис!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.