La Liga Santander 2023/24

  • Креатор на темата Креатор на темата McLovin
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Барселона

  • Реал Мадрид

  • Атлетико Мадрид

  • Реал Социедад

  • Виљареал

  • Реал Бетис

  • зошто не сопрев после Атлетико?


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Столе дно проби кога ја исфрли топката директно во нозете на Кореа.
А го скапаа фалење последниве денови, зеде од нула голови сто прими во еден натпревар :ROFLMAO:
Како и да е без разлика шо Валекано после третиот гол изгледаа како екипа од трета лига, Атлетико вечерва покажа докторска партија.
Има тим овој Атлетико за високи дострели оваа сезона. Пабло Бариос и Лино се оган играчи, млади и гладни за фудбал, ќе направи голема грешка ако го испрати на позајмица Лино, има да ора напред назад.

Саул исто покажа знаци на живот, одлична партија со две асистенции (y)
Сите до еден беа на ниво, Мората изгледаше како Роналдо во движењата :ROFLMAO:
Единствено нешто негативно на овој натпревар беше повредата на Депај, нема среќа овој човек во фудбалот, прашање на време беше кога ќе се повреди (n)
 
Некни со Бетис три топки не врзаа, денес 7 гола против Рајо и следно коло пораз...
 
Табела после трето коло
Screenshot_2023-08-29-11-58-02-709-edit_com.brave.browser.jpg
 
Ја немам проверено оваа информација, дефанзивниот Атлетико :icon_lol:
Феликс синоќа на клупа јајца снеси :D
Најверојатно ќе потпиши за Барселона. Сериозно ако го соберат добар трансфер ќе биди за нив, сеуште сметам дека има потенцијал да биди играчиште, ама да ја среди главата, инаку ништо.
 
Ја немам проверено оваа информација, дефанзивниот Атлетико :icon_lol:
Феликс синоќа на клупа јајца снеси :D
Најверојатно ќе потпиши за Барселона. Сериозно ако го соберат добар трансфер ќе биди за нив, сеуште сметам дека има потенцијал да биди играчиште, ама да ја среди главата, инаку ништо.
За да дојде Феликс мора да замине еден напаѓач. Лапорта го сака, Чави не, 3 дена до крај на трансфер пероидов, прилично невозможна мисија. Поверојатно е дека ќе оди да спечали.

Иначе и јас мислам дека ако има клуб каде што би успеал, тоа е Барса.
 
Управата на Барса ги известиле ЛаЛига, дека планираат да донесат уште 2 засилувања, едниот е Кансело, а дека ќе си заминат 3 играчи.
Ленгле, Ерик и Абде најверојатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom