Се укинува функцијата истражен судија

  • Креатор на темата Креатор на темата itar pero
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Eve nesto pametno.
Izgleda cirkusot so letnive apsenja ja razmrda vlasta pa predlaga to sto treba.Podrska od mene.

Истражната постапка во рацете на обвинителството. Комплетната истрага ќе ја водат обвинителите, а ќе се укине функцијата истражен судија.
Ова се дел од измените кои ќе се регулираат со законот за кривична постапка. Министерот за правда Маневски прецизира дека во истрагата сепак ќе биде вклучен и судија кои ќе одлучува за мерката притвор, но и за издавањето налог за посебни истражни дејствија и прислушувањето.
„Функцијата на прибавувањето на доказите, функцијата на прибавувањето на податоците и функцијата на поднесување на обвинението и функцијата на истрага во претходната постапка ќе биде во рацете на јавниот обвинител, а функцијата на судењето во рацете на судот. Јавниот обвинител ќе обвинува, ќе истражува, ќе прибавува податоци, а судот ќе пресудува“, вели Михајло Маневски, министер за правда.
Со ваквите измени се напушта сегашниот систем, судот по службена должност да прибавува докази. Меѓу другото ќе се намалат и правните лекови кои непотребно ја одолговлекуваат постапката.
Со владината стратегија за реформи во казненото право, измени ќе претрпи и кривичниот законик, во конфискацијата на имотот, пленидбата, трајното одземање на имотот.
За да заштеди државата ќе се намалат и поротниците, односно нивното присуство нема да е потребно на судењата за лесни кривични дела.
 
Интересна е реформата во казненото право,посебно во кривичниот законик кој предвидува конфискација на имот,пленидба или трајно одземање на имотот особено доколку се опфатат последните 15тина години од самостојноста на Македонија и посебно се возобноват дела за кој има индиции дека е извршена криминална приватизација.
 
Фала, богу, крајно врме е судиите да си изиграваат детективи, и да работат тоа што им е работа односно да судат, тој што обвинува нека си собира искази, докази и.т.н.
 
fala bogu komunistickite sudovi dase iscistat vece . konfiskacija na imot i nema zastareno delo .sekoj koj sto napravil stpril kriminal treba da odgovara pred liceto na pravdata.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom