Домашните адвертајзинг агенции велат дека не се тие виновни за нискиот естетски квалитет на рекламите со кои се претставуваат домашните фирми.Повеќето газди , очигледно , не знаат дека добрата амбалажа и добрата реклама половина го продаваат производот , можеби зошто мислат дека се обраќаат на народ кој има ниски критериуми и бара само ниски цени.
Рекламите кои излегуваат од продукцијата на К-15 се преупотребени , со преекспонирани ликови , дури понекогаш вулгарни во настојувањето да привлечат со својот народски јазик.
Не се следат светските трендови да се привлече потенцијалниот купувач со реклами не под наводници туку навистина со здрави производи.Во Америка доколку некојх рекламира сок како природен , а сокот ги нема тие особини производителот оди на суд од потрошувачите.
Кој е тој што ги пушта рекламите во етер , а притоа не се интересира за естетското доживување кај гледачот туку само колку ќе наплати со самото рекламирање?