Политички случувања во Израел

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
не го поддржуваш, али уште ги гланцаш ташаците на Биби. Све беше океј додека не го избраа него. Само што го избраа, одма протести и војна отвори со Хамас. Овој им ја уништи цела репутација на евреите што ја граделе со децении во светот.
Секско Кујтим, затоа сега твојте од лгбт се против Биби.
 
GNc2T9iXkAAAOCV
 
@jamajka е овие се тие 'цивилизираните' од твојот омилен Биби, што ти ги поддржуваш ...

 
Значи си против ова што го прави Биби ? Или пенис те боли или што ?

Или само мразиш педери па затоа пишуваш?
Апсолутно сум против ова што го направи Биби. Најголемата глупост што можеше да ја направи во моментов. Биби ја доведе во прашање иднината на Израелска држава. Буквално го направи точно тоа што Хамас сакаше да го направи, изигра како што непријателот му свиреше.
 
Буквално го направи точно тоа што Хамас сакаше да го направи, изигра како што непријателот му свиреше.
Ова е нешто што ќе го знаеме тек кога ќе слегне прашината... Може Биби да испадне великан за Израелците, мислам покрај тоа што е воен злосторник и копито.
 
Ова е нешто што ќе го знаеме тек кога ќе слегне прашината... Може Биби да испадне великан за Израелците, мислам покрај тоа што е воен злосторник и копито.
Нема шанса. Го врати Израел назад 50 години. Имаат малку среќа Евреите што Палестинциве и нивните организации застанаа на погрешна страна во Сирија и во арапската пролет, иначе Хезболах ќе хараше до сега, толку им ги спушти гаќите на Евреите Биби. Ептен ризична операција.

Евентуално ако наеднаш се свичне и ја продолжи политиката на Шарон за приближување на Иран и Русија. Пошто еве подршката на Азербејџан од глава им се удира.

а ако мислиш дека чистење на Газа ќе го направи јунак, гадно се лажеш, чистењето на Газа ќе значи почеток на крајот на Израел.
 
Великан не може да испадне, само прашање е колку може да ја дозаебе ситуацијата.
 
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Не само што Израелската држава во моментов спроведува фашистички мерки против Евреи, туку и ги присилува западните влади да го прават тоа.

 
Овој судар влезе во осми месец. Она што малкумина го сметаат е географијата. Појасот Газа е со големина на рутата од Центар до Драчево со стратешка длабочина од цели 5-6км :icon_lol: . Како е можно Една регионална велесила како Израел да не може да го збрише Хамас на една минијатурна територија и со бројчана надмоќ од 20-1 заедно со гаргантуанска предност во опрема и оружје. Зарем повторно АК, РПГ и ИЕД ќе го спречат Израел во постигнувањето на победата?
Имаше некои процени дека Хамас имал 36000 борци под оружје и барем 100К јатаци во неборбени дејности.

Седми октомври беше катастрофа за Хамас, направија масакр со кој му ги одрешија рацете на ИДФ да делува со максимална деструктивна сила. Тотален тактични промашај. Доколку се одлучеа да не убиваат цивили туку тие 850 убиени цивили да ги киднапираа со што ќе имаа барем 1300 заложници тоа ќе беше сосема друга прича. Какви дебили, тоа чудо едно.
Но и вака како што е, поддшката за Израел е во надолен тренд, споменатото минијатурно подрачје со 2,3 милиони жители и 36К паравојска одолева веќе осми месец. Се чудам од каде им толку опрема и особено муниција на Хамас за да даваат ефективен отпор толку долго време. Поламилионската ИДФ не може да го уништи Хамас барем засега. Дали ќе има промена на тактички и оперативен план останува да се види. Па едно небитно изолирано местенце со големина на поштенска марка сеуште дава значаен отпор после осум месеци?! Реномето на ИДФ во вакви судари беше страшно високо, па што сега се случува? Наводно имале над 1000 мртви и 6500 ранети војници, дали е тоа резултат на застарените идеи за служење војска контра идеите за профи армија специјализирана за COIN операции? Колку може некаков продавач во рибарница мобилизиран да се бори во урбани услови да биде поефикасен војник од професионално високо обучен борец?

Она кое го прави Израел веќе станува срамно од цивилизациски аспект. Никој не може даго негира нивното право да се бранат па и да се светат за седми октомври но што е бре ова? 39К убиени од кои 15,5К млади испод 18 години, 87К ранети, 1,4 милиони раселени, глад и жед...настрана што тие цифри не ги опфаќаат лицата заглавени под урнатините чиј број се шпекулира дека е над 22К иако тоа треба да се земе со резерва.

Да не заборавиме дека на Западниот Брег каде што Хамас не постои имаме 450 убиени и 1500 ранети палестинци од почетокот на војната што зборува за убивање без цел, да се пука колку да се пука.

Објавената цел на израелската власт и воен врв е да се уништи Хамас целосно, до последниот борец. Колку е таа цел реалистична и колку цивили ќе платат со живот или осакатување останува прашање.
Освен тоа, кога и да заврши војната каде воопшто ќе се вратат тие 1,4 милиони раселени лица? Во Газа Сити нема останато камен на камен, ќе треба да се подигнат шатор-населби без комуналии и основи услови за живот и хигиена а доаѓа летно време и можност за куп болештини од Колера и Тифус до Дезинтерија.
 
Како е можно Една регионална велесила како Израел да не може да го збрише Хамас на една минијатурна територија и со бројчана надмоќ од 20-1 заедно со гаргантуанска предност во опрема и оружје. Зарем повторно АК, РПГ и ИЕД ќе го спречат Израел во постигнувањето на победата?
Имаше некои процени дека Хамас имал 36000 борци под оружје и барем 100К јатаци во неборбени дејности.
Не може бидејќи ова не е рововска или урбана војна како во Украина па да знаеш (можеш да ги видиш) каде се нацистите и да ги елиминираш. Хамас се кријат во неколку катни софистицирани подземни тунели и Израел ќе мора да жртвува десетици илјади војници за да пробаат да ги уништат без 100% гаранција дека ќе успеат.

Нормално има и борци на Хамас помеѓу цивилите во Газа кои им прават заседи на ИДФ но грото се доле во тунели не чепнати и излегуваат од време на време како кртови да направат штета и назад пак во дупката.

На Хамас му одговара геноцид во Газа со што како што гледаме се врши огромен политички притисок на Израел да прекине со огнот и да им се даде независна држава на Палестинците призната во Обединети Нации, а на Израел му одговара да ги исчисти сите Палестинци од Газа и Западен Брег за да нема причина Хамас да војува. Двете страни се држат за врат и нема пуштање.

Него слабо се збори за фактот дека илјадници жители на јужен Либан и северен Израел не се безбедни во нивните градови и села поради судирите помеѓу Хезболах и ИДФ па добар дел од нив и се иселени.

Some 60,000 residents have had to leave their homes, in the first mass evacuation of northern Israel, and cannot safely return, prompting increased calls within Israel for firmer military action against Hezbollah. Across the border in Lebanon, some 90,000 people have also been displaced by Israeli strikes.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom