Овој судар влезе во осми месец. Она што малкумина го сметаат е географијата. Појасот Газа е со големина на рутата од Центар до Драчево со стратешка длабочина од цели 5-6км
. Како е можно Една регионална велесила како Израел да не може да го збрише Хамас на една минијатурна територија и со бројчана надмоќ од 20-1 заедно со гаргантуанска предност во опрема и оружје. Зарем повторно АК, РПГ и ИЕД ќе го спречат Израел во постигнувањето на победата?
Имаше некои процени дека Хамас имал 36000 борци под оружје и барем 100К јатаци во неборбени дејности.
Седми октомври беше катастрофа за Хамас, направија масакр со кој му ги одрешија рацете на ИДФ да делува со максимална деструктивна сила. Тотален тактични промашај. Доколку се одлучеа да не убиваат цивили туку тие 850 убиени цивили да ги киднапираа со што ќе имаа барем 1300 заложници тоа ќе беше сосема друга прича. Какви дебили, тоа чудо едно.
Но и вака како што е, поддшката за Израел е во надолен тренд, споменатото минијатурно подрачје со 2,3 милиони жители и 36К паравојска одолева веќе осми месец. Се чудам од каде им толку опрема и особено муниција на Хамас за да даваат ефективен отпор толку долго време. Поламилионската ИДФ не може да го уништи Хамас барем засега. Дали ќе има промена на тактички и оперативен план останува да се види. Па едно небитно изолирано местенце со големина на поштенска марка сеуште дава значаен отпор после осум месеци?! Реномето на ИДФ во вакви судари беше страшно високо, па што сега се случува? Наводно имале над 1000 мртви и 6500 ранети војници, дали е тоа резултат на застарените идеи за служење војска контра идеите за профи армија специјализирана за COIN операции? Колку може некаков продавач во рибарница мобилизиран да се бори во урбани услови да биде поефикасен војник од професионално високо обучен борец?
Она кое го прави Израел веќе станува срамно од цивилизациски аспект. Никој не може даго негира нивното право да се бранат па и да се светат за седми октомври но што е бре ова? 39К убиени од кои 15,5К млади испод 18 години, 87К ранети, 1,4 милиони раселени, глад и жед...настрана што тие цифри не ги опфаќаат лицата заглавени под урнатините чиј број се шпекулира дека е над 22К иако тоа треба да се земе со резерва.
Да не заборавиме дека на Западниот Брег каде што Хамас не постои имаме 450 убиени и 1500 ранети палестинци од почетокот на војната што зборува за убивање без цел, да се пука колку да се пука.
Објавената цел на израелската власт и воен врв е да се уништи Хамас целосно, до последниот борец. Колку е таа цел реалистична и колку цивили ќе платат со живот или осакатување останува прашање.
Освен тоа, кога и да заврши војната каде воопшто ќе се вратат тие 1,4 милиони раселени лица? Во Газа Сити нема останато камен на камен, ќе треба да се подигнат шатор-населби без комуналии и основи услови за живот и хигиена а доаѓа летно време и можност за куп болештини од Колера и Тифус до Дезинтерија.