Ти Благодарам за советот,има ли некој да даде совет за контрола на импулсот...пореметување на импулсот е проблемот кај мене...
...токму тој ,,импулс,, всушност е самата зависност, сите тие зависници од алкохол, цигари, секс, оган, коцка го имаат тој импулс, па колку време го имаш тоа ,,задоволство,, дупло време ти треба да смогнеш сили да се ,,откажеш,, од тоа задоволство кое е негативно со последиците.
...прв чекор, треба да се откажеш еден период и да не контактираш или да бидеш краток со само еден поздрав и ,,се брзам,, до сите тие познаници, пријатели кои се поврзани околу тој твој ,,импулс,, кој те потсетуваат, те насочуваат или те дружат.
...втор чекор е да никогаш никому, па ни на самиот себе нема да си кажеш ,,од утре нема да се коцкам,, зашто следниот ден сигурно ќе го имаш спротивниот ефект на посилен ,,импулс,, и целодневно коцкање,
...трет чекор е најважниот, како да го излажеш твојот мозок, а со тоа и импулсот што ти го пушта тој зашто ,,ужива во тоа,, а не размислува дека имаш штета од тоа и сигурно секој ден во исто време ,,тој вториот во тебе - лошиот, ти вика ајде на апарати,, а ти ако одбиеш ,,ќе кажеш - не идам,, , тој лошиот во тебе ќе збесне, ќе ти создаде лошо чувство, нервоза, нагон на повраќање, па дури и срцебиење и вртоглавица што ти сакаш нејќеш мора да застанеш пред апаратот за коцка за да исчезне тоа за миг.
...еее сега треба да најдеш начин, постепено секојдневно да го ,,излажеш,, тој лошиот во тебе заедно со твојот мозок кој го храни со тој ,,импулс,,, но никако да кажеш веднаш ,,Не,,, а како тогаш? на пример почнуваш да самиот во моментот да ја смениш трасата на навиката на тој ,,импулс,, не да ја прекинеш, туку да ја пренасочиш со што мозокот секојдневно ќе го пренасочиме во друг правец, но сепак поврзано со твојот,,импулс,, за да го ,,излажеме,,.
...како би било тоа, на пример се подготвуваш во денот во исто време да идеш кај апаратите за коцка и така како одиш кон нив, импулсот од мозокот почнува да се лачи за задоволството што ќе следи и таман ја фаќаш кваката од коцкарницата да влезеш ќе речеш ,,во себе,, оти тој горе мозокот ќе го преработи тоа, ќе речеш ,,туууу заборавив да купам леб или да однесеш нешто некому, или да измислиш било што за да се одложи тоа влегување во коцкарница, па ќе си речеш, да ја направам ова онаа работа, па после ќе се коцкам, така мозокот ќе се збуни но нема да реагира негативно ќе рече ,,ај после ќе почекаме,, ,
.... кога ќе ја извршиш таа измислена работа, ќе кажеш ејјјј види колку е саат касно е, ручек време, ај вечер на тенане ќе се коцкам, па пола ден ,,си го преживеал, а мозокот излажен и мирен, па навечер ,,чека твое ветување за коцкање,, па ти ќе идеш токму тој вечерен термин кога ќе биде затворено, па ќе речеш ,,ај види затвориле , ај сега друг пат,, со тоа цел ден ќе останеш ,,чист,, мозокот и тој лошиот во тебе ,,ги излажавме,, и не ни направија негативни симптоми на зависност, тој прв ден ќе биде најважен, затоа кога ќе следат другите денови, мозокот све полесно ја прифаќа твојата опција на насочување на вниманието кон нешто друго а не кон коцката, па на крај дури ќе се откаже, но твојата волја за ,,победа,, е многу важна, треба да си поставиш цел дека ти тоа го можеш, да пуштиш музика омилена и да замислиш дека правиш нешто добро за семејството и околината, но немој да мислиш за тебе, ти не си важен во овој процес на одвикнување затоа што мозокот пак ќе се врати на почеток со својот ,,импулс,, .
...ваков начин на ,,лажење на мозокот,, , а не со забрана ,,од утре нема веќе,, може човекот да се откаже или барем да ги контролира сите зависности од цигари, алкохол, слатки, секс, оган, тепање, самоповредување...итн