Во кој период сакате да живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Во период на тито кога умрел ме интересира како тоа сите се заќутеле у еден момент,тоа чудо ќе е.
 
е незнам зашо ама многу сакам да живеам у времето на тито односно у времето на југославија... незнам ни сам зашо... сите викаат Ехх тоа беа времиња... па ваљда стварно имало некоја причина и ваљда стварно вредело...
 
Во калифорнија, доцни 60-ти и почеток на 70-ти...
 
Во камено доба поточно неолит. Ќе се сексам по цел ден ќе одам на риби, ќе се шетам топлес низ шумите, ќе се мачам да запалам огин едно два саати, ќе нема сметки за ЕСМ, кредити јок, милиција јок, гејови ич абе рај невиден.
 
Ова време е најубаво. СЕ ИМА ПАРИ САМО НЕ!!!
 
е незнам зашо ама многу сакам да живеам у времето на тито односно у времето на југославија... незнам ни сам зашо... сите викаат Ехх тоа беа времиња... па ваљда стварно имало некоја причина и ваљда стварно вредело...
Ништо не си пропуштил а за тие што викат ехх тоа беа времиња тоа се тие што малку или никако не работеа а платата им беше редовна па затоа жалат...
 
Времето денес е најдоброто време од сите можни времиња.
Никогаш претходно ја нема денешната возбуда (со причина) за тоа што иднината го носи, денешниот период е период на научни достигнувања, на разни идеи и чекори кои ќе ни овозможат во нашиот животен век да ги видиме успесите на генетиката, нанотехнологијата, вештачката интелегенција, напредокот во физиката и егзактните науки, интернетот и сличните без преседан алатки и технологии кои ни се на достап, кои ќе го променат нашиот начин на живот и нашето разбирање на работите околу нас.
Ние сме привилегирани што живееме во вакво револуционерно време.
 
Во периодот на златните години за Македонија, во времето на Филип II и Александар.
И ептен сакам да сум била на овие години што сум сега во 90тите години на минатиот век.
 
Во 60-тите да носам стегач на главата, фармерки со висок струк и стартче и да се трескам на уат а филин, да се палам на телевизор во боја....
 
Во времето кога Бугарите и Грците просеа за нашите пари...Кога молеа тие за да купиме нешто од нив и слично, кога со малку пари се ќе им купеш или ќе пиеш,јадеш или изнашеташ...за џабе...

И уште еден период, за време на Александар или Филип втори...да напишев една книга кој е кој и за кого останува правото да се нарекува Македонец и Македонија.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom