Кои се нашите предци?

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

Ние сме потомци на....

  • Античките Македонци

    Гласови: 93 43,5%
  • Словените

    Гласови: 45 21,0%
  • Мешавина од претходните

    Гласови: 76 35,5%

  • Вкупно гласачи
    214
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Етногенезата на македонскиот народ

Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.

Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!

Елините од 6 век не биле прави Елини, туку мешавина на античките Елини со нивните робови, па затоа тие, започнувајќи од потпаѓањето на елинските државички под римска власт, па се до крајот на 19 век, својата националност ја нарекуваат „Ремеои“, што значи Римјани, а ние ги знаеме како Грци или Византијци. И денеска, тие луѓе ние ги нарекуваме Грци, односно Византијци-Римјани, но не и Елини. Во елинските државички, робовското население било бројно исто колку и слободното, елинското, а во некои преовладувале мнозински и робовите, со состојба Елини да бидат малцинство во својата држава. Робовите најчесто биле Траки, Етиопјани или други афрички народи (The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press, 1986). Имаме податок од првиот век од нашата ера, каде Римјаните велат дека тогашните „Елини“, немале ништо елинско во нив, туку биле потомци на робовите на Елините, кои пак биле протерани или убиени, па преовладувало населението кое биле потомок на афричките и тракиските народи (Tiberius Claudius, Roman Emperor and historian, 10 BC - 54 AD, in I Claudius, by Robert Graves).

Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Цела Македонија во 7 век е поделена на Склавинии, во кои живеат како новодојденците Словени, така и античкото македонско население и сите заедно го носат името Македонски Склавени. Македонскиот народ се простира и на територијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија), поради тоа што таа територија ја населиле истите „Македонски Словени“. Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Целата територија каде што живее македонскиот народ, наречена е по народот кој ја населувал- Македонија. Луѓето што ја негираат македонската нација велат дека Македонците своето име го добиле по територијата што ја населуваат т.е. Македонија, што е фатално за нивната квазитеорија, бидејќи Македонците живеат не само во областите на античка Македонија, туку и во Пеонија, Илирик, Дарданија, Тракија. На тоа становиште е и бугарската историографија, која пиринските Македонци ги учи дека се нарекувале и се нарекуваат Македонци, само поради тоа што живеат на територијата на Македонија; но, пиринска Македонија се наоѓа на територија на некогашна Тракија, па паѓаат во вода негирањето на постоење македонски народ, оти тој дел на Тракија се нарече Македонија по македонците кои живеат таму.


Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од Анонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран.

Македонските Словени се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите. Затоа, во почетокот како Словени се познати Македонските Словени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските Словени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските Словени, почнаа и нив да ги нарекуваат Словени. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци... Доказ за посебноста на македонските Словени се нивните здружувања во држави меѓусебе, без да соработуваат или да се здружуваат со нивните соседи, Антите, тнр. бугарски Словени или пак Србите. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Константин Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486).
Македонскиот народ како „нацио мацедонум“ за прват е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 “descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam.'” (Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија.

Во 12 век, Македонците биле познати како „македонското племе„ т.е. македонска Phatr’a, а византискиот државен функционер и историчар Nicetas Choniates известува дека во 1138 г. византискиот император Јован Втори ја поделил својата војска по етнички групи Phatr’aи, каде се забележани и македонски Phatr’ai (Nicetas Choniates 1 (стр. 29-30))л Во 1184 г. војниците кои ја бранеле Никеја, држеле состаноци по етнички групи phatr’ai (ibid., 284-5).

Уште еден историски извор, византскиот сатиричар Тимарион го опишува празникот Св. Димитрија, патронот на Солин: „тоа е голема Македонска прослава, на која не се собира само македонскиот народ, туку и луѓе од сите сорти и правци: Ромеи (Грци) од Елада, Мизијските (архаичен израз за бугарите) племиња (Vizantiiski Vremenik, Moscow VI 1953, str. 367). Во тоа време, Македонија била византиска тема Бугарија, права Бугарија била византиска тема Парастрион-Мизија, а тема Македонија била источна Тракија; авторот на текстот говори за етничките Македонците од Солун, оти територијални Македонци се наоѓаат во Тракија, темата Македонија. Обично во тоа време, официјалните византиски лица, своите поданици ги нарекувале територијално, по темата каде што живееле, па така вистинските Бугарите ги именуваа како Мизијци-Паристрионци, додека пак Македонците, Власите, и дел од Србите и Албанците ги именуваа како Бугари, а словенизираните Траки и сите останати од Тракија, како Македонци. Ова византиско именување на своите поданици по теми го користат Бугарите за да докажат дека денешните Македонци се Бугари, но забораваат да кажат дека права, денешна Бугарија не била тема Бугарија, ами Паристрион или Мизија, па по нивна логика денешните Бугари се Мизијци-Паристрионци (поддунавци), но не и Бугари. Во 14 век, од страна на српската средновековна држава, Македонија е наречена Романија, а Македонците политички се наречени Романи (Грци, Византијци), па дали тоа значи дека сме Грци? Самите Солунчани себеси се нарекувале Македонци, па Јован Каменијат, поет солунски во 904 г. при опсадата на Арабјаните на Солун, за својот роден град вели: „великиот и првиот град на Македонците“ (J.K. Begunov, Kozma Prezviter v slavjanskih literaturah, Sofia 1976, p. 297). Несомнено, во средновековието Солун бил „метрополис на Македонците„ (Ephraimi Chronologici caesares; Ed. J.P. Migne - PG 143 , Paris 1891, p.198), а „сите солунчани чисто словенски говореле“ (најстаро „Житие на Св. Методија„, Анонимус, 9 век).
 
За прв пат декларирање како Македонци по род е забележано е во записите на Охридската Архиепископија од 13 век, што не значи дека и порано немало декларирање македонска националност. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири.



Најмногу информации имаме за Македонците кои од турските зулуми бегале во најблиските христијански земји, пред се’ Австро-Унгарија. За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“ (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53).

Австрија, започнала со притисоци за католизација на Македонците, па заради тоа тие бегаат во православна Русија. Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiјској имперiи с' 1649 года , Том' XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови (Пет'р' Кеппен', Хронологическiј указатель матерiалов' длја исторiи инородцев' европејској Росiи, Санктпетербург' 1864 г. ).

Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна на Иван Хорват, кој се декларирал како Влав, но сите останати од полкот биле Македонци, со униформа во македонските национални бои: жолта и црвена (Скальковски, Хронологическое обоз'рнiе исторiи Новороссiјскaга краја, 1731-1823, I, Оддеса 1836). Зачувани се списоците со имињата на македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од нив се изјасниле како припадници на македонската нација ( Централниј державниј историческиј архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб. 6/1756).

Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија. (Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун). Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Куцовласи, Цинцари, Грци и Бугари.

Дури и Македонците од пограничните места во 19 век имале македонска народна свест. Во Крива Паланка, град на тромеѓето Македонија-Србија-Бугарија, сочувани се записи на повеќе свештеници од тој период по кривопаланечките цркви, кои, за да ја зачуваат својата македонска националност почнале да носат презимиња „Македонски“; не само тие, туку забележани се и првенци од Кр. Паланка со презиме Македонски. Отец Ѓеорѓија Македонски во 1846 г. забележал: “..ја научив словенската азбука од татко ми Македонски, кој така се нарекува оти сме Македонци...“(Georgija Makedonski, Bogosluzhbena kniga "Opshti minej" - vo crkvata vo s. Radibush, Kriva Palanka, posledna nepagirana stranica). Отец Димитрија од с. Огут пак во свој запис од 1865 г. од кривопаланечка црква пишува: „во летото господово 1848, првенците на градот Крива Паланка ме вработија како свештеник против волјата на Неговата Светост, грчкиот свештеник Кир Гаврил. Господин Микхаил Македонски се залагаше најмногу за моете назначување, бидејќи сум Македонец по род...“(Zapis vo knigata Zitie Svetih vo Krivopalaneckata crkva. Pretposledna nepagirana strana).

Неколку години подоцна, забележано е групно изјаснување на македонска националност од документацијата на Кресненското Востание, 1878 г. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Зачуван е и допис од македонската емиграција од Tuin Severin- Романија до организаторите на Кресненското Востание, каде што македонските емигранти меѓу другото истакнуваат: „да се дигнеме сите Македонци против нашите НЕПРИЈАТЕЛИ и да је пролееме крвта за нашето ослободување, за да види цела Европа дека сме НАРОД достоен да ја прими слободата...со наша Администрација (управа)...(Б'лгарски Патријарх Кирил, С'противата срешту Берлинскија договор, стр. 158-159, Софија, 1955 г.).
 
скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско) и голем македонски патриот и преродбеник. Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“ (јуни 22, 1891 г. Теодосиј Скопски, "Централен Д'ржавен исторически архив" (Софија) 176, oп. 1. aрх. eд. 595, l.5-42 - Razgledi, X/8 (1968), p.996-1000).

На 01.12.1891 г. Теодосиј оди на радикален чекор, само за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, па бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141). За жал, денеска бугарската историографија отец Гологанов го направија блгарин, па дури ќе најдете информации по бугарски книги дека тој станал и член на Бугарската Академија на Науките 1910 г.; воедно, под закана за физичка ликвидација бил и принудуван да потпишува текстови со пробугарска содржина, исто како и Мисирков.



Бугарската Егзархија со циркуларното писмо бр. 1278 од 05.09.1908 г., испратено до сите егзархиски учители и свештеници во Македојнија, бара од сите нив „да ги избришат сите белези на македонската индивидуалност“. И сега некој од Бугарија ни соли памет дека нашите дедовци се чувствувале Бугари, а всушност, пред стотина години, нивните пак дедовци се труделе да ги булгаризираат нашите дедовци.

За националните чувства на Македонците од 19 век пишувале и бугарските весници. Oфицијалниот владин весник „Свобода“ 13.04.1892 за дејноста на македонската книжевна дружина „Лозарите“, предводена од еден од лидерите на ВМРО и составувачот на нејзиниот устав, г. Петар Поп-Арсов, пишува:
"... Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува? " (автор Д.Т. Левов, наслов "Лоза", вестник „Свобода“ бр. 6/786, Софија. 13.04. 1892).



Сведоци за постоење македонска национална свест се и извештаите на странските разузнувачки служби во Македонија. Во 1923 г. италијанскиот генерал Телини, учествувал при разграничувањето на Грција и Албанија, при што изготвил извештај за 18 македонски села во Албанија и ги представува како македонски, иако бугарскиот воен аташе во Цариград во тоа време, ген. Марков, преку италијанскиот висок комесаријат во Цариград инсистирал селата да бидат окарактеризирани исклучиво како бугарски. За ова ген. Телини сведочи: „при карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде, кога жителите ги прашував за нивната националност, сите тие еднакво одговараа со зборот Македон, а кога ќе додадев Бугар, тие одговараа Македон. Јазикот кој тие го говорат....е познат под името македонско наречје...“(IDA MNRI, Документ 10628/1461 (документ бр. 103). Истовремено, високиот комесар на Италија во Цариград го информира италијанскиот Министер за Надворешни работи, г. Мусолини, со писмо од 18.09.1923 г. за македонските села во Албанија каде се вели „...селата за кои наведениот генерал (бугарскиот ген. Марков) се интересира и од самите жители се нарекуваат македонски, а не бугарски“ (IDA MNRI, папка 712 (Албанија 1919-30); DARM, KC 21, стр. 712, предмет број 3; превод од италијански јазик).

Многу од патеписците кои поминале низ Македонија биле и погрешно информирани за македонските состојби, пред се од Грците кои биле пообразуваниот слој на Балканите во тоа време и главно ги прателе странците на нивните патувања низ регионов. Во 1907 г. Allen Upward ја посетил Македонија и зборувал со македонски селани. На прашањето што тој го упатил кон македонските селани кој јазик го користат, селаните одговориле „македонски“, но неговиот грчки преведувач „македонски“ го превел со „булгаре“. За ова, Allen Upward сведочи: „селанецот не го смета својот рурален дијалект користен во Македонија ист со бугарскиот и одби да го нарече со тоа име...“ (Allen Upward, The East End of Europe, London 1908, pp. 204-205).
 
bitushanec напиша:
Многу од патеписците кои поминале низ Македонија биле и погрешно информирани за македонските состојби, пред се од Грците кои биле пообразуваниот слој на Балканите во тоа време и главно ги прателе странците на нивните патувања низ регионов. Во 1907 г. Allen Upward ја посетил Македонија и зборувал со македонски селани. На прашањето што тој го упатил кон македонските селани кој јазик го користат, селаните одговориле „македонски“, но неговиот грчки преведувач „македонски“ го превел со „булгаре“. За ова, Allen Upward сведочи: „селанецот не го смета својот рурален дијалект користен во Македонија ист со бугарскиот и одби да го нарече со тоа име...“ (Allen Upward, The East End of Europe, London 1908, pp. 204-205).
Значи ако се тврди за континуитет на постоење античките Македонци,тоа е непогрешлива и потполна вистина но ако некој патеписец или историчар зборува поинаку - тој е излажан, од злите пакосни неприатели на Македонскиот народ?
 
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.
no it didn't. Was,is and will be the same. From 1000s of years ago.
 
bitushanec напиша:
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.

Се тоа убаво што си се потрудил ама има еден раелен проблем односно контрадикција која ти се појавува на почетокот на првиот пост.
Кажи ми кое е тоа домородно македонско население, античко македонско население е Македонскиот народ, кој имал свој јазик и свои богови различни од грчките. Така да пиомите Македоско население и Македонски народ се исти односно истозначни. Ако сакаш да ти има смисла цитатов може на почеток да вметнеш Модерниот Македонски народ за да се разликува од Античкиот.
 
пан-славско срање..
Руската и Украинската историографија..
во нивните трудови пишува дека:
“Словените дошле од зад Карпатите”???
(Од кај нив, зад карпатите е Балканот ???)

еве зошто срање..
Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава - том први издаден 1981 год. Универзитет “ Кирил и Методиј”
Во поглавје 44 страна 80 цитиран е документ од делото “ За темите од Константин Порфирогенит” кој во шестата тема Пелопонез пишува : ..... подоцна пак, окако македонците биле победени од римјаните, сета Елада и Пелопонез паднала под јарем на римјаните, 168 год. пред н.е. така што од слободни станале робови.
Целата земја се ПОСЛОВЕНИЛА и станала варварска .......
Во објаснувањето под број 388 и 389 се кажува дека се работи за 168 год. пред н. е. и дека глаголот -------------- значи се пословенила.
Се поставува прашањето кои се тие Словени во втори век пред нашата ера.??????????????????
пак срање..
“ Историјата на македонскиот народ “ во издание на институтот за националан историја глава 1, пасус 1 и 2 под наслов “ населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров “ ..
коментарите за “ сигурните извори “ почнуваат и изобилуваат со фразите:

постојат претпоставки, се претпоставува, не е сигурно и конечно објаснето, најверојатно, изгледа, може да се претпостави....
пасус..
“првите сигурни вести пак за Словените ги донесуваат римските автори Гај Плиниј, потоа Тацит и Птоломеј, но ни овие автори не зборуваат за Словените под нивното име, туку под името венети и венди,( тогаш од каде констатацијата дека се работи за Словени ???) се претпоставува дека тој назив има келтско потекло....?????????


пак срање..
“Името Словени првпат се јавува кај некој непознат византиски автор од почетокот на 5-ти век како “Склавини”(овдека е нелогично што не се прави никаква споредба со македонските племенски заедници наречени “Склавинии” во кои живеел македонскиот народ по 168 год. п. н. е., односно по паѓањето на Македонската држава под римска власт.)

“Какво е значењето на ова словенско име уште не е сигурно и конечно објаснето”

“Прататковината на Словените НАЈВЕРОЈАТНО била помеѓу реките Висла, Днепар, Десна, Западна дивина и Карпатите”

“Од својата пратаковина словенските племиња се ширелево сите правци, ИАКО ИСТОРИСКИТЕ ИЗВОРИ ОД 2 ПА СЕ ДО 4 ВЕК НЕ ДОНЕСУВААТ ЗА ТОА НИКАКВИ ВЕСТИ “ !!!!
( тогаш од каде ваква констатација ???)



пак срање..
“По ова време, во визатинските извори не се споменува ни една македонска склавинија. Секако може да се претпостави дека македонските склавинии престанале да постојат 9 века по н. е. ...... историја на м.н. страна 95.Склавинте – словените – пишува Теофилакт не знаеле за христовото име, му служеле на скитското безумие, како на СОНЦЕТО “така и на месечината и на другите ѕвезди, а некои пак им пренесувале жртви и на кучињата.” Глава 3 страна 97.

( Зошто не е направена споредба со Македонските склавинии по 168 год. пред н. е. кои биле многубошци, го имале култот на сонцето и борбата меѓу нив и Византија за покрстување завршила во 9 век по н.е.)

[FONT=&quot][/FONT]

НАУКА
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/462847
крвта не е вода...
 
сега е 21 век..
за етногенезата може да помогне и..
68mql5c.gif

па ќе видиме колку..
од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; ....
сега од 21 век..
па натаму ние нив ќе ги препознаваме како суб-сахарски..
арапо-грци...
а Ѓоргија Пулески и без ДНК анализа истото го кажал..
и запишал...
и за споредба..
истата историја (посебно католичката) кажува дека МАИТЕ во Мексико исчезнале..
додека ДНК анализата покажа дека 60% од денешната Мексиканска нација има МАЈА-ГЕНИ...
нешто не е во ред со историските писанија и именувања и преименувања на домородното население...

 
Етногенеза на древните Македонци

за македонскиот корен

Народот е - општественост со своја - татковина која пак е на одредено - место на светот и има - сопствена култура.
Македонија од искона е истата на истото место.
Дури и Евреите кои беа насекаде ,се инволвираа во сите државни системи,мораа на крајот да створат држава од ново ,на место - конкретно.
Се разбира се повикуваа на историски континуитет.

семејствата и народот се - природни општества а не плод на обичен договор,зашто народот не може да се замени со - држава (за тоа и зборев во делот на - Царствата и круните), иако е сосем природно што народите сакаат да имаат - свои држави,но често се предмет на освојувања и ослободителни борби после тоа.

но народот не може да се замени ни со т.н.р - демократско општество ,зашто во такво нешто народноста се разводенува а се зголемуваат - правта сеедно чии (полови,малцинско-етнички,хендикепирачки,сексуални,...).

затоа -демократското општество и е поблиски на државта одошто на народот.
Прашањето на демократичноста е прашање на - внатрешната политика.
Затоа ...

народот е почвата на која се раѓа - државата, затоа што и тој на почетокот бил - семејства и родови...

за македонски народ

првата општествена заедница е - родот ,го врзуваат единствениот јазик и крвта,зашто е составен од сродни семејтва.
Неколку блиски - рода го чинат - племето.

племето е од понатамошните размножувања на родовите и е повисока општествена заедница од - родот.
И тука е -јазикот и крвната сродност главниот белег.

со понатамошни множења на племињата , се шири и нивниот животен простор - територијата.
Сега јазикот се надоплнува со нови изрази а карактеристични за поднебјето.
Племето кое живее крај езеро,море,река и племето кое во вискоите планински масиви или пак некое во низински има различни говорни потребни изразувања.

со ова се доаѓа до дијалектите на еднородниот јазик.
Особено се изразени ако не дојде до кохезија под водство на некоја - обединителна цврста спрега.
Кога ќе дојде до тоа - тогаш настапува и кохезијата во јазичното изразување и поимите се прошируваат и кај другите сонародници.
Се разбира разлики ќе им и понатака но тие сега се намалуваат.
Особено ако се изврши кодификација под диктат на владетелот со некој акт или сл.(образовни процеси).

Тоа обединување се случува со доаѓањето на економско-културниот процес.
Во антиката тоа се првите - кралства.

Македонија со најстара населба во Европа.
Македонија како што ќе посочи и проф. Харолд Ламб - е место на првата постојана населба во Европа, датирана на околу 6620 години п.н.е.
Тука условите за создавање - автентичен народ се особено изразени.
Затоа и таа е место на многубројни - кралства.

Македонците во најстариот Еп во Европа - Илијадата.
Речиси секое од племињата - имало на почетокот свое кралство.
Уште во најстариот Еп од Европа кај - Хомер - Илијадата ,кралевите на Македонските племиња - Пеоните и Пелагонците со своите соплеменици се борат кај - Троја во 2 илјадетие п.н.е.
Опишани се пределите кои и денес ја красат Македонија:
Вардар ,
Црна
градовите
Амидон и др.
Тие се судираат со обединетите Грчки племиња.
Тоа е прва Македонско-Грчка војна.
za%20karan%201.jpg

Македонските племиња за првпат ги обединува - Каран Обединителот ,уште во 8 век п.н.е.
Тој ја создава првата - македонска држава.
Ги обединува најпрвин скараните кнезови на - Орестида(Костурско) и Еордаја (Островско),притоа применувајќи и сила аподоцна и сите останати кнезови на македонските племиња .

Престолнината ја избира ,невидлив за противникот- по дожд и магла одејќи со војските зад стада кози, во градот - Воден.
По името на предводниот јарец - Ајга , така ја нарекол и престолнината .
Подигнал и трофеј за победата и - обединувањето.
И самото негово име е - Каран ( Рогат ),
па победничките рогови се од тогаш постојан декор на речиси сите македонски кралеви.

za%20karan%202.png

Подоцна еден лав кој ќе се симне од - Олимп ,
кон - престолнината - ќе го сруши ,
и не само заради родоначелникот Херакле но и заради ова Македонските кралеви особено ценеле некого кој ќе успее да убие лав
и се кителе и со лавја грива
(покрај роговите , на монетите и кралеви со лавји гриви).
Но од ова случка ,
тие од тогаш и не подигале - трофеи,( победнички столбови).

Александар Македонски на сите монети ,медаљони е со рогови како и другите - Антогинидите и другите династии на македонските кралства...
Како права држава на македонскиот народ тој ја јакни , од него се и апликациите на монетите со - јарец и роговите.


 
Пердика

"Седмиот по ред предок на овој Александар
(се мисли на Александар Први)
беше Пердика, кој го основа македонското кралство, и тоа вака:
Трите потомци Теменови:
браќата
Гаван,
Аероп и
Пердика
избегале од Apг во Илирија, а од Илирија,
навлегувајќи во Горна Македонија дојдоа во градот Лебаја.
Тука се вработија да служат кај кралот.
Едниот ги чувал коњите, вториот говедата, a најмалиот од нив Пердика, ги чувал козите и овците.
Беше тоа време кога и кралевите, а не само народот беа сиромашни и немаа пари.
Лебот го месеше и печеше самата кралица.
Ама, кога и да го печеше лебот за најмладиот, овчарот Пердика, тој секогаш двапати нараснуваше.
И откога тоа истото секогаш се повторуваше, му раскажа таа на својот маж за ова.
Штом кралот тоа го дочу, се сети дека тоа може да биде некој чуден знак и дека претскажува нешто важно.
Тој ги повика слугите и им нареди да ја напуштат неговата земја.
Овие пак му рекоа дека веднаш ќе си одат штом ќе ја добијат платата што ја заслужиле.
А кога кралот слушна дека овие бараат плата, многу се разлути и, бидејќи сонцето ги фрлаше своите зраци во куќата низ отворот на покривот каде минуваше чадот, им рече, бидејќи божеството го наведе на таа лудост, покажувајќи со раката на сонцето:
"Еве, тоа е платата што ја заслуживте и што ви ја давам.
" Гаван и Аероп беа вчудовидени кога ова го дочуа, а најмладиот брат, бидејќи случајно имаше меч рече:
"Се согласуваме, кралу, да го примиме тоа што ни го даваш", па со ножот го нацрта сончевиот зрак на куќниот под и, исцртувајќи го тоа, зафати трипати сончеви зраци во своето крило, па потоа отиде и тој и тие со него.
Кога тие беа веќе отидени, еден од кралските службеници му објасни на кралот зошто ова дете тоа го стори и со каква намера најмладиот брат веднаш го прими она што кралот му го даде.
А кога кралот тоа го слушна, многу се налути и прати по нив коњаници да ги убијат.
Во таа земја се наоѓа една река на која и принесуваат жртви потомците на бегалците од Apr, како на свој спасител.
И таа река,кога Теменидите минаа преку неа, толку силно надојде што коњаниците не можеа да ја минат.
А момчињата дојдоа во другиот крај на Македонија и се населија близу таканаречените градини на Мида, синот Гордиев, во кои раснат диви рози, од коj секоја има на себе по шеесет ливчиња и имаат поубав мирис од сите други рози.
Во тие градини, по раскажувањето на Македонците, беше и Силен заробен.
Откако се дофатија до таа земја, браќата тргнаа и ја покорија цела Македонија."

Херодот [484 - околу 425, п.н.е.)
според книгата од Шелдаров и Лилчиќ [Херодот, VIII, 137,138 и 139)
 
МИТОЛОШКИТЕ КОРЕНИ HA МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Митологијата е еден префинет начин низ кој меморијата се пренесува повеќе милениуми од колено на колено кај народите, заради староста, како начин да го сфатат светот и животот.
Идентификацијата со природата и божествата им дава сила да преживеат. Подвигот на некој херој е тој поттик на мотивирана движечка сила за навраќање и објаснување на непознатото и опасното. Заштитата од боговите е гаранција за успехот, надежта и совладувањето на сили од небото, земјата или од други луѓе.

Народ богат со митологија има уште побогата историја.
Тој што ја нема, ја краде од другите.
He смее ништо да се занемари: ни Богот, ни божествата, ни богочовекот, ни улогата на самиот човек.
И не се знае што инспирира повеќе, дали херојствата во животот или херојската смрт. Секој спознаен настан испраќа пораки.

Внимателно со сонцето, со ловот, со храната.
Непријателот демне.
Да го препознаеме, да го побараме во темнината, во злото, во војната.
Поколенијата учат подеднакво и од успехот и од неуспехот.

Македонскиот народ поминал низ сите фази на создавање и живеење и оставил траги за човештвото.
Во неолитот најмногу, а тие сеуште не се ограбени.
Затоа во Македонија има така голем концетрат на карпеста уметност, најголем центар во светот.
Тоа се симболи, знаци, цртежи, пораки писмо од луѓето за ѕвездите и настаните.

Тие прастари македонски луѓе умееле да се ориентираат во просторот, да ја користат енергијата и да бележат пораки коишто дури сега пристигнуваат до нас.
Неолитските куќи, Големата мајка и Адамот од Говрлево, украсите на теракотните садови, славењето на плодноста и среќата, идолите и верувањата, си тоа ни укажува на идентичниот начин на живеење со денешните рурални населби низ Македонија.

Континуитет е вкоренет во митологијата која што трае како наследство.
Македонската цивилизација им дава по нешто на другите народи, а тие никако да и се оддолжат како што доликува.
Ги користат тие слоеви од митологија, слоеви и артефакти од предисторијата, слоеви од царските македонски династии, слоеви од православието, кирилицата, историјата, воените личности и народ на Македонецот.
Сето тоа треба да се знае кога се зборува и пишува за Македонците - Феникс.
Две и пол илјади години не присвојуваат, не пљачкосуваат, уништуваат, и пак, од пепел сме возобновени.
Свет народ.
Сончева династија.
Си го бараме: Сонцето. Светлината. Добрината. Творештвото. Умот и разумот. Вербата во трагите на претците и боговите.
Си го бараме Македонецот како човек и Бог, како научник и филозоф, како градител и уметник, како обичен човек - Македонец, кој што ќе објасни дека Македонија потекнува од митологијата и од реалноста.

Кога Лета ги родила близнаците Аполон и Артемида, божански чеда, биле посветени на Сонцето, светлината, медицината и писмото.
Сите светилишта околу Егејот и длабоко во македонските земји им биле посветени ним.
Артемида заштитничка на плодородието и ловот, во придружба на светиот елен, лакот и стрелата, богато ги украсува светлиштата со статуи и царските базилики со мозаици. Светлишта насекаде:
Делфи, Додона, Дион, Стоби, Стибера, Хераклеја, Епидаур.
На Аполон му е посветено светилиштето во Делфи со Питијското пророштво.
Кадмо, барајќи ја сестрата Европа, грабната од врховниот бог Зевс, имал видение да го совлада питонот, да го ослободи изворот и да го изгради храмот.
Тука Семела го родила Дионис.
Потоа тие неизменично управувале, а Питија претскажувала, лаконски и двосмислено: "Ако започнеш војна, ќе пропадне голема држава и крал" - не му кажала дека тој крал ќе загине и неговата држава ќе пропадне.
Така и било.

И Александар барал претскажување.
Ја влечел Питија кон Делфи во време кога немала видение.
На пол пат Питија извикала:
"Ти си несовладлив".
Александар ја ослободил задоволен со кажаното, а на Делфиската свештеница и пораснал угледот.

Македонската историја тесно е поврзана со многу митолошки настани.
537w1sx.gif

Од Македонија тргнале Аргонаутите на исток до Колхида по златното руно.
И Дионис низ Азија ја оставил виновата лоза и баханалиите.
Херакле на истите простори ги извршил сите 12 херојства и го спасил окованиот Прометеј, казнет од боговите за оганот и светлината.
За сето тоа митолошко време Атлант на своите плеќи ја држел земјата, а боговите ги придружувале луѓето во походите.
Посејдон го скротувал Егејот.

Тоа е патот на Аргонаутите, Херакле, Дионис, Прометеј, Атлант, Посејдон, Тројанските војни, Александровите походи, патот на Апостолите низ Македонија и Самоиловата војска, тоа е истиот пат на Крстоносните војни.
Тоа е патот на сонцето по кој крстосуваат Македонците, исто како и митолошките претци. Македонската држава ги цртала границите на легендарните претходници, подеднакво важни и кај царските династии и кај митолошките случувања.
Паралелен свет на богови и луѓе.
Паралелни судбини на божества и херојства.
Неми сведоци за тоа се истите лица на богови и луѓе на мермерните статуи и фреските по македонските древни градови.
Исти се градбите и на палатите и на храмовите.

Македонските цареви се Хераклиди.
Херакло со лавјата кожа преку рамо го носи и стапот тирс.
Тирсот станал хераклидски потпис на парите кај македонските цареви до средновековието.
Под него пишува "МАКЕДОН".

Лавјата кожа врз главата на Александар.
Глава на лав или шепи на царските ковчежиња, обетките од Дион, Стоби, Солун, Охрид, Требениште, не се никаков импорт, не се импорт како што објаснуваат нашиве археолози. Тоа се хераклидски симболи вкоренети кај Македонците.
Присутни се и уште многу други симболи.
Сонцето, златните маски, лавот, орелот, дабот, невенот, штитот како сончев диск, фалангата, црвенозлатната боја и хламидата се потврда на идентитетот на се што е македонско и античко.

Посветени на мистериите, на светилиштата, на традициите, македонските кралеви, ги извршувале обредите на посветеност и го одржувале духот на македонските воини и македонскиот народ.
Таа е суштината, битот, каракатерот на Македонците, да ја негуваат митологијата, додека не ја претворат со стварност, како што тоа го постигнале во IV век пред Христа.

Херакловиот златен јазол во гробот на Филип ни симоблизира илјади заврзани краеви. Тоа не е Гордиев јазол што со мечот го пресече Александар.
Македонскиот јазол треба да се разврзува со логички аргументи.
Тоа треба да се прави и тие трошки низ историјата, да се поврзат во еден голем мозаик, во вистинска слика за сите постигнувања на Македонецот.
 
ПРИКАЗНА ЗА БОГОТ МАКЕДОН

Древните народи живеат со легендите за луѓето, боговите и природните сили.
Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон?
Тоа се само Македонците, државата Македонија, царот на светот Александар Македонски,
имињата Македонка, Дона-Донка во песните.

Од каде ни е името на богот, народот, државата?
Се знае.
Од древнина, од самото постоење на буквата "е" пред Аполоновите светилишта, од "МА" - Големата Мајка - Македонија, славена со неолитски артефакти, статуи, фрески слики од Македонки низ историјата.
Ако Големата Мајка толку се почитува низ Македонија, можеби по неа го добивме името, ако и таа не го родила Македон, трајно да ни стане родоначалник, патрон, заштитник именик.
Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон и Скит е самиот врховен бог Ѕевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно поотомство на богови и божества, што се здале во заштита на Македонија, по примерот на Македон.

Богот по своето име ја нарекол земјата Македонија.
Таа традиција ја презеле македонските цареви и по свое име ги нарекувале градовите како Филипи, Александрии, Константинопол, Јустинијана, Марков град, Самоилова тврдина, Аполонии, Хераклеи, до Гоце Делчев, Сандански и други.

Само Македон го дал името за цела Македонија, за сите Македонци и сите градови со царски имиња.
Постојат и други толкувања за нашето име. Тоа било од низини, од дно меѓу планини и пак се поврзува со името Македон Посејдон, Тихи Дон, како дно на земјата, морето и
реките.
Други мислат, името дошло од изгледот на Македонците, високи, стројни, здрави луѓе као храстови од планините и полињата.
Во секој случај Македон го дал своето име на Македонците и ја одредил сличноста
на боговите со кралевите и со луѓето.
Македон ни се претставува како стар, мудар бог кој што бдее над Македонија од височините на црквите.

Ликот на Александар се претставува како Аполон; млад, светол, убав, моќен и лиричен. Филип личи на Херакло, тој е воин, херој, жесток борец во одбрана на Македонија.
Такви се и многубројните македонски цареви слични по изглед, симболи и оружје јавнати на коњи како Александар, Самоил, Марко Крале, Делјан и Ангелите во небеските одреди на фреските низ Македонија.

Тоа духот на Македон се појавува како всаден боговечен дух и кај обичните луѓе што го слават на пролет како Ксантика - празник на цвеќето, мартинките, победите.
Богот Македон се вљубил во Ксантика и ја барал меѓу расцутените дрвја и цвеќиња што се претворале во плодородие а народот се веселел со пеење, пиење, со црвено-белата боја и летните зраци на сонцето што останале на знамињата и везењето до денешни дни.

Во спомен на Македон, Македонците носат имиња и презимиња.
 
Македонци се домородните жители на Македонија.

Етимологијата на зборот изгледа дека доаѓа од Македон, кој живеел во областа Пијерија (област на север од планината ОЛИМП-во Македонија).

Македонците подоцна се викале Елни или Ели, стар национален збор, кој произлегува од животното Елен, а можеби носеле капи со рогови од елен за да се разликуваат.

Македонците се појавиле на хоризонтот на праисторијата 1500 година пред не.е додека пред тоа сочинувале пределинска ТРАКОМАКЕДОНСКА нација, а нивниот јазик и вера не биле грчки.

Името Македонци произлегува од земјата Македонија.


ВО ГОЛИШАНИ ОТКРИЕНИ ДВА АНТИЧКИ ГРОБА

Со векови во паметењето на луѓето од воденскиот "Лак" кои ја обработувале земјата по наследство, како мали и сиромашни земјоделци, во тој рај е македонската татковина, каде како велеле од генерација на генерација се наоѓаат и гробовите на македонските кралеви.

Пердика на својот син Аргео му го покажал местото каде треба да биде погребан и му рекол "Македонското кралство (царство) ќе продолжи да постои се додека гробовите на кралевите се одржуваат непознати на светот".

Го слушавме ова уште во нашите малите години, тоа се предаваше од генерација на генерација, од нашите почитувани родители и старци, и дека Филип II е погребен во Лагот помеѓу две реки, како што индусите ги погребувале нивните кралеви.

Уште ни велеа родителите да не се доближуваме до гробот, да не бараме каде се наоѓа, бидејќи штом ќе го видиме мртвото тело и неговите големи очи, веднаш ќе умреме.

Овие работи ни ги раскажуваа луѓе потполно неписмени, без да го познаваат писмото и читањето, кои немаа поим од историјата на Македонија.

Тие луѓе прости ниту чуле за женствениот Демостен, ниту за софистот Сократ, ниту за екс робот Платон, ниту кој е Филип или Александар, но само го паметеле расказот од предците што од уста на уста се предавал на поколенијата.

Тоа беа чисти пренесувачи на заповедта (аманетот) на првиот историски македонски крал Пердика.

Тоа задолжение и наредба на Пердика се потврдува од фактот дека во Еге ниеден гроб на крал не е пронајден до денес, освен еден кој се смета дека е на Филип и кој бил опљачкан од Римјаните, велеа старите во имотот на Атанас Газеп син на Никола, а потоа имот на Васил, син на Атанас во местото "Мирдзанка", топоним во лагот, а синоним на истиомениот извор.

Исто така во с. Голишани (Левкадја) помеѓу Вртикоп (Скидра) и с. Копаново (со ант. име Миеза, денес Пиге) покрај градот Негуш пред некоја година (мај 1943г) и сосема случајно се откриле под земја два гроба, слични на гробовите од Кутлеш (Вергина) од еден мал сопственик на имотот (Каде му тонела водата при наводнување) по име Аматидис Христодулос (помалиот гроб)....
Во близина на помалиот гроб е пронајден и поголем покриен со слој земја и со бујни растенија, величенствено изработени и декорирани со ретко убави фрески..

од Беломорска Македонија
Лазарос Газепис (Лазо Газепов)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom