Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?


  • Вкупно гласачи
    88
Интересна паралела со прошлото СП - кога игравме со Шведска во воведниот меч и таму губевме некои 7-4, 8-5, израмнивме на 9-9, ни направија некоја серија од 4-0 и се одлепија и на крај исто +12 заврши (само тогаш беа и Кире и Столе во составот). Среќа не играме со Египет следна. :icon_lol: Се надевам Павле ќе игра на наредната утакмица (а и дека Јагуриновски ќе биде фит - порано го ругав, ама последнава година игра ракомет и се труди), а и Петар на местото на еден од пикерите (Маркоски на пример).

Со Холандија сме играле во 90-тите и ги елиминиравме во претквалификации (победа во Битола со +6/пораз во Емен -1) и не сме играле од тогаш ниту еднаш - интересно во цела кариера на Кире како ракометар, нема играно со Холандија. :icon_lol: Имаат играно тие на едно јуниорско ЕП (од тој состав им играат Каи Смитс, Тен Велде и Коијман -мислам, а не им игра Ефрахим Џери). Генерацијата на Тале/Фитиљ/Томи играле два пати со Холандија. Во квалификации на кадетското ги елиминиравме во Хрватска и победивме ситно (Смитс им беше најдобар кај нив, кај нас не играше Кузмановски). На ЕП јуниорското во 2016 игравме со нив и загубивме со некои 3 разлика (кај нив најдобри Џери - не им игра и Тен Велде - не е во форма изгледа, а кај Нелоски - не игра ракомет веќе?). Редно е да победиме европска репрезентација на некое првенство, а Холандија мислам дека е идеална можност за тоа.
 
Исланд каков атомски ракомет игра (башка и пожртвуваност до максимум)! :shok2:
 
Исланд каков атомски ракомет игра (башка и пожртвуваност до максимум)! :shok2:
Ама Исланд го попи во второ. Миклер голамнов на Унгарциве се повампири. Каква утакмица :vozbud:
 
Левото крило 100 посто до 56 мин ,ама и Миклер влезе во шема,....се изненадив многу публика од исланд
Па Шведска не им е далеку со еден авион. А за разлика од пред 4 или 6 години кога бркаа само пласман во наредна фаза, сега сакаат минимум 1/4-финале. Изгледа пола Исланд дојде во сала.
 
Па Шведска не им е далеку со еден авион. А за разлика од пред 4 или 6 години кога бркаа само пласман во наредна фаза, сега сакаат минимум 1/4-финале. Изгледа пола Исланд дојде во сала.
Добра екипа се,десниот бек е број 2 во светот после Дика Мем....мислам грешка прават со Палмаршон ги гушит,јас да сум тренер не би го ставил,и првата утакмица ми делуваше дека е презаситен,мрзлив е станат.
 
Последно уредено:
Морам да признаам дека воопшто не го делам впечатокот со 90% од вас што пишувате тука.

1. Мора еднаш за секогаш да разграничиме број на голови со добра/лоша одбрана или напад. Брзото или бавно играње нема врска со колку квалитетно играш на секоја од страните. Македонија апсолутно никогаш немала добра одбрана. Најмногу стигнала до просечна во врвните денови на Јоновски и Маркоски (па еве ако сакате и малку натпросечна), а вообичаено биле потпросечна или лоша. Вештачки, со екстремно бавно темпо сме креирале мислење дека имаме добра одбрана иако процентуално тоа не било така. Тоа што била Македонија во врвните времиња на Кире и Столе е одлична офанзивна екипа, особено во позицион напад. Да, заради бавна игра не дававме по 35-40 гола ама тоа е затоа што вкупниот број на напади во 60 минути беше помал а не затоа што нападот не ни чинеше.

Како и да е, времињата се сменија. Таква игра денес за никого реално не е возможна, но и да беше, ние немаме играчи за таков ракомет. Најјаки бекови ни се Талески и Кузмановски. Ако Талески горе долу може да се снајде и во двете варијанти, за Кузмановски е дефинитивно подобро да се игра скандинавско-германски ракомет. Единствен играч во екипата на кој му одговара ракометот од времето на Кире и Столе е Пешевски - да се разбереме, Пешевски е ок за тоа што е, корисен специјалист, но не може цела игра да ја базираме на него. Дополнително, времињата кога можевме да менуваме 2ца играчи и тоа на 3ка и 4ка секој напад/одбрана завршија. Денес логиката со Јоновски и Маркоски воопшто не е ни возможно да се реплицира. Максимум што можеш е еден да замениш, а и тоа често против најефективните транзициски екипи (какви што се на пример Норвешка и Холандија), скапо се плаќа.


2. Да се "оди на победа", не значи да се "очекува победа". Според сите релевантни анализи, Македонија на првенството треба да е аутсајдер и горе долу освен навивачки никој не прогнозираше дека ќе ја поминеме групата. Од друга страна, заради системот на натпреварување, многу веројатно е послаби екипи од нас да бидат пласирани погоре - што е тука е тоа не се менува, но ништо од тоа не е показател дали одиме во добар или лош правец. Нас ни се проблем очекувањата. Некој на фановите им ги полни главите со глупости и фантазии - некој од не знаење (читај фанови што гледаат ракомет само во Јануари), некои од личен интерес (читај портали и "бивши ѕвезди" со лични агенди - Борко и сл.). По ниту една логика на ова првенство не може да третираме минимум 3 победи да е прифатлив резултат. Минимум прифатливо беше да ја добиеме Романија во првиот бараж. Со самиот пласман веќе направивме и повеќе отколку што се очекуваше. Секој бод кој не е на президент купот на првенството е гратис (со оглед на групата/групите каде се паднавме).

3. Двоцифрени порази од квалитетни екипи, особено скандинавски, сме имале и кога имавме многу поискусна и поквалитетна од сегашната, а не пак сега.

4. Нема ракомет само во Македонија. Се работи поприлично и во многу други држави. Сега во споредба со пред 10-15 години има најмалку 5-6 сериозни квалитетни екипи повеќе во однос на тогаш и уште 10тина што се солидни и незгодни а тогаш беа аутсајдери. А да не зборувам што Македонија е држава од 1.8 милиони жители од кои одвај 2/3 слушнале за ракомет. Бројот на деца и таленти и многу лимитиран без разлика колку филмови ви раскажуваат бившите ѕвезди со школите.

5. Многу дебати за Димитриевски и Димитроски, односно Карапалевски, Танкоски и сл. За првите двајца, воопшто видел ли некој од вас нивен натпревар во Шпанија? Имате ли осет каква лига е шпанската? Hint: Лига во која 80% од екипите се на ниво на Пролет, Тиквеш и Охрид. Да не зборувам што овие до скоро играа во Македонија, точно се знае кое е нивното ниво. За вторите двајца веќе коментиравме дека има 5-6 ете да ги наречеме средни бека во Македонија што се горе долу на слично ниво. Можеби може да кажеме дека се на ниво на овие што се викнати, но во ништо не докажале дека се подобри. Апсолутно никаква разлика не би имало, освен што Карапалевски е голем проблем во одбрана бидејќи е замена плус.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Малку за натпреварот со Норвешка. Воопшто не сум загрижен за резултатот. Реално на 6-7 минути до крај беше 6 разлика што е сосема коректен резултат со оглед на тоа каде е Норвешка а каде ние. Пораз од ~10 разлика беше очекуван исход. Загрижен сум единствено за повредата на Јагуриновски кој заради системот кој го играме ни беше важен играч - Серафимов не игра добро со Кузмановски и Талески, подобро се снаоѓа со покласичен побрз среден бек. Плус Јагуриновски е подобар дефанзивен играч. Не случајно после повредата почна бродот да тоне со Норвешка.

Голманите евентуално ќе фатат нешто. Процентот на одбрани на пријателските со Хрватска и Израел и сега со Норвешка е комично лош, па макар и сите шута биле класични зицери - а не се.

Одбраната е многу лоша, освен Талески и Јагуриновски никоја нема преодна оценка по првиот меч од тие што играат на позиции 2,3,4 и 5. Особено не ми се допадна како играше Кузмановски во одбрана (во напад беше солиден) - не случајно на 4 и 5 напаѓаа норвежани и многу често Кузмановски или прелесно излетуваше или грешно преземаше со соиграчот на 4ка.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Со Холандија се знае, има 2 клуча: брзо враќање назад и подвижни паметни играчи на 3 и 4 во одбрана. Холанѓаните имаат 2 ѕвезди во Стеинс и Смитс (какви што ние немаме) + уште еден солиден бек во Баијенс. Десното крило Шаген е исто солиден играч. Се друго е главно просечни играчи. Но овие првите 2ца се моторот на екипата, а кога моторот е елитен ги влечат сите со себе. Стеинс е можеби најтешкиот среден бек за чување во светот моментално. Екстремно брз и експлозивен со безброј плејмејкерски решенија. Нема скок шут но не му ни треба. Искрено со овие можеби и не мора да играме стандардна висока зона на 3 и 4. Многу попаметно според мене, е да имаме што е можно поподвижни латерално играчи и да играме плитко на 6-0. Ниту еден од главните играчи не им е скок шутер. Подеднакво важно е да го минимизираме бројот на изгубени топки - ама ова важи за против сите екипи. Против Аргентина, можеби и не толку, ама со Холандија и тоа како ќе ни фали Јагуриновски во одбрана - за овие баш беше супер.

Мислам дека во право е некој што напиша дека Павле Атанасијевиќ намерно го чувавме на трибини за да биде џокер. Дечкото е навистина млад и понеискусен од останатите бекови, но има природен талент за поуниверзална игра што ни е потребен. Ништо чудно да го видиме и на десен бек после повредата на Томи.Ј. - има играно за кадетската репрезентација на ЕХФ шампионат таму. Реално за против овие, јас и брат му би го зел во составот. Ќе ни требаат такви играчи за во одбрана.

Искрено ништо нема да ме изненади на овој натпревар - од +3 до -13 се е можно. Фаворит е Холандија, но не е огромен фаворит.

П.С. Трик прашање: Знае ли некој колку европски селекции имаме победено на ЕП и СП? Еве да речеме на пример во последните 5 години? Одговорот на ова прашање треба да ви ги постави очекувањата....
 
318162146_913400646746635_7193531295660982810_n.jpg
 
Освен парите, Мукаетов со апсолутно 0% ракометно познавање и корист за репрезентација. Киро го вози како сака.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Белгија го победи Тунис и ќе игра во наредната фаза! :eek:
 
Србите пропуштија прилика,резервниот голман на германците на крајот бранеше се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom