Норвешка е подобра од нас во сите ракометни аспекти,буквално немавме никакви шанси,посебно во одбрана каде нашиве изгледаа како чуњеви покрај норвешкиве бекови,какви киклопи имаат во Сагосен,Род,Јоханесен,Рајкинд итн,со една основна ракометна финта што се учи некаде на 2-3 трениг по ракомет успеаа да ја решат цела утакмица.
На страна што Норвежаниве се машини ама нашиве апла ништо не покажаа во одбрана,Маркоски успорена снимка,овој делува како последниве 5-6 години да нема играно ракомет,тотално изгубен беше,Гулеруд маста му ја извади за цело време што го одигра.Проба Кире и со Младеновиќ малку ама не идеше,му фалат на другарчево едно 10 сантима и 5 кила мускул за да може да игра ракомет на врвно ниво,да не збориме да чува играчи од ваков калибар,едноставно суперлига е максимум за него,не знам што се запнал Кире дефанзивец од него да прави.
Кога сме веќе кај одбраната може да кажеме дека и селекторот ја утна до некаде,го разбирам зошто проба со некоја зона 3-2-1 да игра,не се навикнати Скандинавците на таква одбрана,секогаш кога играле со Балкански селекции имале проблем,секако ако се одигра квалитетно таа одбрана,ова денес од нас беше трагикомично.
Што се однесува до нападот ни ја прекинаа тотално транзицијата,пробавме на моменти да забрзаме ама немаше никакви шанси,ако се растрчавме по цел терен со нив тек тогаш ќе видевме што е дебакл.
Сепак јас очекувам на наредните натпревари посебно тој со Аргентина да имаме доста голови од брз центар,тоа му е главна цел на Кире уште кога стана селектор,сака да ја забрза играта и до некаде да наликуваме на екипиве што играат модерен ракомет,сигурен сум дека и доста се работело на тоа,пошто истата игра пробува и во Алкалоид да ја игра.
Мене искрено најмногу од прикажаното денес ме загрижува играта на дебитантите или помлади играчи како сакате кажете ги пошто веќе имаат некој натпревар позади нив.
Најмногу разочарува Ѓорѓиев,постојано е форсиран и буквално ништо нема покажано до сега во репрезентативниот дрес,од тоа што го гледам е само додавач на терен,никаква опасност нема од него кон голот на противникот,изеде некоја банана,згреши некој пас и ај на здравје.Во одбрана не е ни за коментирање.Нула придонес.
Џонов исто дури и бетер од него,цело време стои на 12-13 метри од гол и дава пасови до лев и среден бек,ако проба да тргне напред рачунај пробивање направил.Не ми е јасно како воопшто заврши на првенствово и како го заслужи местото што го зема на некој подобар играч,сигурен сум дека Танкоски да беше овде ќе направеше повеќе,колку толку се воиграни со Пешевски од Пелистер се знае добро и со Талески уште од времето на Металург и младинска репка,веројатно ќе искомбинираа нешто.Карапалевски исто ќе беше подобра варијанта од Џонов,ако ништо друго на Талески ќе му наместеше некој блок за шут од 9 метри.
Павле Атанасијевиќ МОРАШЕ да биде во составот,можеби нај надежен наш играч моментално,го има тоа покажано повеќе пати,греота е некој играч што цела кариера не мрднал од Пролет дури и во младински селекции бил 5та или 6та опција,едвај на список влегувал..Срамота тој играч да го зема местото на ваков талент.
Не сакам да бидам досаден со приказната Кире и Алкалоид ама се по извесно е дека Џонов таму ќе продолжи,па затоа е и целото негово форсирање.
Од останатите играчи Тале,Деки и секако Петров добиваат висока оцена од мене,Тале и повреден изигра сосема солидно за негови стандарди,Деки искина,мислам дека двајцата се во животна форма,посебно Манасков делува многу смирено и самоуверено,како да ги има надминато тие "детски болести" што го кочеа да биде крило од светски калибар,штета само што веќе начука 30 години и нема уште многу за играње.
Фитиљот исто солиден беше,повлече колку што може и се виде дека има доста желба за играње,штета само што Кире го извади од игра после таа повлечена полу контра кога израмни на 9-9,стварно незнам зошто беше изваден од игра во тие моменти.Буквално му се пресече моментумот.После следуваше исклучувањето на Серафимов и целата серија што ни ја направија.
Да потсетам само и за тие што ретко гледаат ракомет да не заборават дека постои и една позиција наречена десно крило,денеска и ракометарите изгледа дека ја заборавија.Џомба нека си брка со брат му некоја работа ако може да го бутне негде после кариера зошто од ракомет нема уште многу леб да јаде.Контрата што ја утна и аутот што го изведе кога му ја подаде на успаниот Младеновиќ доволно кажуваат за неговата форма.
Костески немаше ни една прилика за влез од крило ама чисто се сомневам и доколку ја имеше дека ќе ја искористеше,тотално е паднат и овој со формата,беше еден од најголемите таленти пред некоја година и од тогаш наваму констансто паѓа,ама тоа е кога ќе ги утнеш клубовите и наместо минутажа ќе бркаш некои други работи.
Генерално тоа е тоа за денес,никој не очекуваше да победиме ама веројатно сите очекувавме поголем отпор од нашите.
За крај мора да го спомнам и Томи Јагуриновски,се надевам само дека не е премногу сериозна повредата,иако на прв поглед делуваше језиво,само да не се лигментите во прашање.Му се гледа жар во очите и дека гори од желба да се докаже,изгина за тоа време што го помина на терен,штета стварно ако не може да игра,ќе ни фали премногу на наредните натпревари.