Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?


  • Вкупно гласачи
    88
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.914
Поени од реакции
8.391
Јануари е месец во годината кога во Македонија сите стануваме експерти по ракомет,се цртаме пред телевизори,дојадуваме што останало од празниците,се молиме на сите икони што ги имаме дома,отвараме по некое пиво и зачинуваме со по некој дијазепам,сето тоа проследено со пцовки кон судиите и уживање во прекрасната игра на нашата ракометна репрезентација.
Последниве години некако имам чувство дека паѓа таа еуфорија,далеку е од претходните десетина години кога сите бевме опседнати со тоа и кај и да мрднеш само за ракомет се зборуваше.Веројатно се заситивме со успесите што ги постигнаа нашите момци,титулите на Вардар и успесите на останатите македонски клубови придонесоа до некаде да падне популарноста на репрезентацијата,се нагледавме врвен ракомет,сите ракометни џинови гостуваа во државава и слободно можам да кажам паднаа по неколку пати,а кога ќе го достигнеш врвот можеш да одиш само надолу.
Тој пад на популарноста може да се осети и овде на форумот,за претходните првенства се отвараа цели подфоруми,посебни теми за секоја група,потоа главна фаза,имаше дури и коцкарски теми.:D
Оваа година до последен ден гледам нема ништо,вечерва почнува Светското првенство па чисто да не одиме оф топик ќе ја отворам темава,се надевам дека целава тишина е само затишје пред бура.

318717277_525463642947207_4306459547578577287_n.jpg

Светското првенство во Полска и Шведска е 28-ми настан чиј домаќин е Меѓународната ракометна федерација,се одржува од 11 до 29 Јануари,а бранител на титулата е репрезентацијата на Данска,која ги освои последните две првенства(2019 и 2021 година).
Учестуваат 32 репрезентации,поделени во 8 групи,секоја група има 4 репрезентации од кои 3 поминуваат во наредната фаза.
Ова првенство ќе се одржи во 9 градови (шест во Полска и три во Шведска):Гдањск,Лоѓ,Вроцлав,Катовице,Гливице,Краков,Стокхолм,Малме и Гетеборг.Првиот натпревар ќе се одржи во Катовице,каде ќе играат домаќинот Полска против репрезентацијата на Франција,додека финалето ќе се одржи во Стокхолм.
Пренос од натпреварите ќе има на МРТ и на каналите на Арена спорт.

Групи:

Група А:

Шпанија
Црна Гора
Чиле
Иран

Група B:
Франција
Полска
Словенија
Судиска Арабија

Група C:
Шведска
Бразил
Уругвај
Зеленортски Острови

Група D:
Унгарија
Исланд
Португалија
Јужна кореја

Група E:
Германија
Србија
Алжир
Катар

Група F:
МАКЕДОНИЈА
Холандија
Норвешка
Аргентина

Група G:
Хрватска
Египет
Мароко
Сад

Група H:
Белгија
Данска
Тунис
Бахреин



Нема премногу да замарам со тоа кој е фаворите за титула,оставам на вас да пишете,таман да се раздвижи малку темата,што се однесува до нашата репрезентација мислам дека успех треба да се смета доколку поминеме во втора фаза,се понатаму е премија.

НЕКА ЗАПОЧНЕ ЗАБАВАТА!!!:oeoeoe:
 
Супер што отвори тема. Можеби е паметно да се затвори темата за репрезентацијата додека е првенството и овде да пишуваме, па после пак да се отвори.
 
Наведете кога официјално ќе започне светското и секако распоредот на натпреварите :)
 
Је*ем ти група со Кабо Верде и Уругвај! И на крај една од нив ќе оди во следна фаза, а Македонија (можеби) не. :(
 
Голманот на Иран :oleee:

Ги уби Чилеанците цел натпревар ама посебно на крајот пенал и одма шут после тоа, клучни. 19 одбрани :bravobe:
 
Голманот на Иран :oleee:

Ги уби Чилеанците цел натпревар ама посебно на крајот пенал и одма шут после тоа, клучни. 19 одбрани :bravobe:
Ги убија со исклучувања на иранците, голманот им ја донесе победата.
 
Зелено'ртските Острови победија очекувано и мислам дека ќе биде интересна таа нивна утакмица со Бразил (како две португалски колонии), посебно што Бразил е доста ослабен. Браво за Иран! Изненадување со 'рвањево на Вујовиќ. Чиле пак ништо... :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom