Услуги за самоиздавање или self publishing services

  • Креатор на темата Креатор на темата Delphos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 февруари 2021
Мислења
79
Поени од реакции
399
Има ли кај нас онлајн компании што нудат вакви услуги? Им пратиш pdf фајл, со технички спецификации (мек/тврд повез, лепена/шиена, A4/A5, платнена корица, 120/150gsm хартија и сл.) и тие ти ја испринтаат и испратат дома?
 
за да објавиш книга мислам дека треба тираж да имаш од неколку стотини книги минимум. Иначе не верувам дека некој ќе ти се замара со еден примерок.
 
Идејата ми е повеќе за лична употреба, имам pdf од книга која е веќе неколку стотици години стара никој денес не ја печати. Сега постои опција во странски компании да ја прикачиш на нивната веб страна, одбереш какви спецификации сакаш, да ја форматираш како да изгледа и тие ќе ти испечатат еден примерок и ќе ти го пратат до дома. Поентата ми беше дали во Македонија имаме вакви услуги ради пониски цени во споредба со тие во странство+достава, и чекање цел месец за испорака.
 
па можеш да појдеш у копирница, А4 формат ќе ти ја испринтаат за ефтини пари. Иначе не можеш да коричиш туѓи книги, тоа мислам не е дозволено без одобрување на авторот. Така да не верувам некој да ти се нафати за ова освен копија за учење да ти направат.
 
Книгата е во јавен домен/сопственост, авторот е мртов неколку века. А за укоричување знам ама и сакам убаво да изгледа на полица :rolleyes: Работата беше во Македонија да најдам каква таква професионална услуга.
 
Последно уредено:
Има ли кај нас онлајн компании што нудат вакви услуги? Им пратиш pdf фајл, со технички спецификации (мек/тврд повез, лепена/шиена, A4/A5, платнена корица, 120/150gsm хартија и сл.) и тие ти ја испринтаат и испратат дома?
Имаше две за кои знаев (не знам дали уште работат), кои работеа мали тиражи, ама ги немаше онлајн. Е сега, печатење мали тиражи кај нас се подразбира до максимум 100 примероци, ама можеби и еден примерок би сработиле, не знам.
Друга работа, шиена корица тврд повез веќе не се наоѓа во МК, тие што го работеа тоа не постојат веќе. Ако видиш понова македонска книга во тврд повез шиена, најверојатно е правена во Србија (каде ги прават и оние 3Д корици со дел златна боја, на пример).
Она со „да ти ја испратат дома“ не знам колку би било така, дека најчесто печатниците велат: дојди да си ги подигнеш материјалите.
 
Ништо работа без шиење и тврд повез ипак ти благодарам за одговорот. Тажно е колку сме заостанати вакви работи.
 
Последно уредено:
Тажно е колку сме заостанати вакви работи.
Следен пат потруди се маааалку повеќе...

книговез.jpg

мк Битола.jpg
 
Следен пат потруди се маааалку повеќе...

Прегледај го приврзокот 358458

Прегледај го приврзокот 358457

Ти благодарам не ми текна на нив претпоставував само кожни нотеси и други кожни елементи изработуваа!
 
Тажно е колку сме заостанати вакви работи.
Не сме заостанати, може не се објаснив добро: имавме ваква услуга многу одамна, луѓе обучени во неколку печатници во Скопје, на пример. Ама тие печатници се затворени поради стечај. Кај се отидени после да работат, или во пензија се веќе, немам појма. Дали обучиле некого - и ова не знам. Знам дека издавачките куќи останаа без да има кој да им ја сработи оваа услуга.

Но, ете ако некои мали печатници работат и шиење, одлично!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom