Secret Movie Santa 2.0

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување
Гранде е во право ама ќе покажете солидарност да ви ги испратам утре.

Дури сега се прибирам дома и сум супернајуморна а ми треба концентрација за ова.

Kisses :*
 
Забораив да реплицирам за ова. Ако има некој вишок за пар, im here :)
 
Its a wonderful life (1946)

Џорџ Бејли (Џејмс Струард) е интузијастичен човек, животот го носи кон најсуровите патишта, но судбината не му го врти грбот. Сака да го види светот, да се едуцира, да ги конструира највисоките облакодери и да ги изгради најголгите мостови. Но по сплет на околности останува во малиот град, во малата средина се со цел да не пропадне кредитното претпријатие кое го издигнал неговиот татко, а тоа е и епицентарот на настаните околу кое се вртат во овој филм. Ги испушта сите животни возови кои ќе го одведат подалеку од малиот град, до чекор до реализација на неговите соништа. Џорџ е главниот протагонист. За да постои интензитет, баланс, приказна, често потребен е и антагонист, а тоа е Потер. Потер е најбогатиот човек во градот, hardcore бизнисмен, знае само за мирисот на парите, чија единствена цел е да го добие во посед тоа мало кредитно претпријатие, да се догребе до неговите клиенти, да воспостави монопол. Џорџ е негивот трн, сака да го потопи, да го откупи, да го вработи, а на крајот откако ќе останат сите негови обиди безуспешни, и да го уништи. Започнува со извесна рационалност и градира до ставање во бездна. Така се движи и интензитетот на приказната.

Како изминува времето, Џорџ останува закован во тој град, потсвесно никогаш не се откажува од своите соништа, макетите од облакодерите и мостот сеуште се во неговиот дом, но неговиот живот се претвора во прашина. Живее во најстарата рауна во градот, која неговата сопруга се труди да ја претвори во куќа, има 4 дечиња, премногу пријатели, но претпријатието се наоѓа пред психолошки колапс. Воочува дека повеќе вреди мртов, отколку жив и помислува на непомисливото...

Со помош на домино ефектот воочува до колку луѓе допрел и колку судбини променил. Согледува дека неговото постоење е маркантно за градот, за луѓето, за средината. Истата средина ја воочува неговата саможртва и му помага повторно да се издигне на површината.

Веројатно сите досега го имаат гледано. Ми беше на вачлист затоа што подолгите филмови ме фаќаат на кондиција, па или ги сецкам и ги гледам на делови, или заспивам или постепено го губам интересот и си пуштам нешто друго. Овој го изгледав без паузи, сем една мала кога морав да го наполнам компјутерот. Сега и јас сакам снег!

10
 
Ако има уште некој за пријавување нека се пријавува до крајот на неделава да ви правам мини томбола :noze:
 
The Double Life of Véronique

Прво да кажам дека ми се допадна филмов. Благодарам на Дедо Мраз или Баба Мразица за предлогот (y)

Европа 20 век, уметност. Вероника во Полска и Вероник во Франција одглумени од иста актерка. Родени ист ден и ист час. Толку слични а сепак различни, а разликите го прават филмот. Живеат далеку и не се познават но еднаш во Краков случајно едната ја забележува другата. За жал втората многу подоцна ќе ја дознае својата двојничка на фотографија направена во тој момент.

Најголем впечаток ми остави симболиката на црвената боја. Во ракавиците на Вероник, во џемперот на Вероника, врзувајќи ги двете заедно. Црвената боја плус го симболизира и срцето, бидејќи и двете имаат срцеви проблеми кои се фатални кај едната. Исто, црвена за страст и црвена за да каже стоп. Дополнително да не ја заборавам и појавата на двете кукли кои ги претставуваат двете различни верзии на судбината. Одлично.

Филмов е целосно паралелен и ме изненади позитивно. Добра поента, добри животни лекции. Препорачувам.
 
Ајде дечки поажурно, утре последен ден за давање пакетче.

Сите што не добиле филм да ми пишат пп
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom