Електротехника

OtepanUchenik

Ренгоку Крофната
Член од
29 ноември 2021
Мислења
6
Поени од реакции
6
Возраст
27
Локација
Дома кај мајкати
Веб-сајт
kreten.si
Абе брат што е ова што се запишав ништо ме ми е јасно брат :cuc: Едно прашање до вас вие што сте поминале низ оваа струка, Како? :toe:
 
Абе брат што е ова што се запишав ништо ме ми е јасно брат :cuc: Едно прашање до вас вие што сте поминале низ оваа струка, Како? :toe:
Електротехничар-?
Која е струката после цртичката на местото на прашалникот што си запишан?
 
Не е оваа струка за секого , треба да те влаче струката и да ти сече секирчето не е само да се запишеш.
 
На времето и да сакаше да се запишеш немаше да можеш, сега не знаат PN спој како функционира магариња на 18 год. кога ќе излезат од Коце.
 
Тоа училиште ќе те научи само основи, ако имаш пракса гледај таму нешто да научиш. Не очекувај кога ќе го завршиш школувањето дека ќе бидеш експерт, ќе имаш само основни познавања (почетник електротехничар) или во превод доколку се вработиш прво што ќе работиш е да купуваш бурек за доручек.
 
Електротехничар-?
Која е струката после цртичката на местото на прашалникот што си запишан?
Електротехничка Струка - КТА (Компјутерска)
Автоматски споено мислење:

Да не мисли предметот ? :LOL:
Ех да, На предметот мислев, Вчера седнав да учам, учев и учев и сега ми се разјаснува материјалот баш интересен е :)
Автоматски споено мислење:

Не е оваа струка за секого , треба да те влаче струката и да ти сече секирчето не е само да се запишеш.
Тука си во право, Јас се запишав мислејќи дека ќе има нешто поврзано со програмирање но сванав дека дури во 3 или 4 година ќе работиме на тоа, сега првите две години повеќе е поврзано со струја и такви работи :coffee:
 
Менувај струка ако сега ти е тешко натаму ќе ти е пекол.
 
А ти би да програмираш а не знаеш еден наслов на тема и вовед во тема на кајгана да направиш... учи таму за основи како што се вика предметот, па имаш и други основи и предмети што треба колку толку да ги знаеш пред да почниш да учеш предмети кои се најважни во струката. За градење куќа не ги купуваш прозорците и герамидите а уште темели немаш ископано...
 
Хахахах моја грешка не користам многу кајгана и затоа се извинувам но сепак Добро кажано (y)
 
Хахахах моја грешка не користам многу кајгана и затоа се извинувам но сепак Добро кажано (y)
@OtepanUchenik и јас сум истата струка, 3-та год. сум и можам да кажам дека не згрешив што се запишав на КТА. И не е тежок смер, ако го грееш столчето и работиш. 3-та и 4-та година ти е баш програмирањето и 3-та година ми е омилена година досега, омилен предмет ми е ООП (објектно ориентирано програмирање). Верувај дека ако те интересира информатика, не си згрешил што си се запишал, истуркај 1-ва и 2-ра година, потоа ќе го учиш тоа што го сакаш, а и да бидеме јасни, струката е електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Значи, се учи и електро, и информатика и автоматика (во 3-та и 4-та година). Бидејќи некој понатаму може ќе продолжи на ФЕИТ, некој на ФИНКИ...Само ако сакаш да одиш на ФИНКИ по средното, те советувам да си земеш приватни часови по математика од 2-ра или 3-та година, малку математика се учи..Ако имаш какви било прашања, тука сум.
 
Помош за една задача:
Цврсто гориво лигнит сo топлинска моќ Hd = 11575 [kJ/kg], се користи во парен котел со следните параметри:

- максимална продукција на пара е Dm = 4.4 [kg/s],

- напојна вода со :

притисок pa = 49 [bar],

температура ta = 140 °C.

- притисок на котелската постројка pk = 39,2 [bar],

- притисок на парата на излез од првиот степен на прегревачот на пара изнесува

p1 = 37,30 [bar],

- температура на излез од првиот степен на прегревачот на пара t1 = 420 °C,

- притисок на произведената пара p4 = 37,3 [bar],

- степен на корисност на котелот ηk = 0,83.

Последниот степен од загревачот на вода работи како испарувач и работниот флуид од него излегува со влажнoст x = 5 %.

Регулацијата на температурата на парата се врши со ладилник со директно

вбризгуваое на вода, со параметри:

- проток Dn = 0,2 [kg/s],

- притисок pn = 38 [bar],

- темперература tn = 110 *C

Работниот медиум во вториот степен од прегревачoт на пара прима топлина Q2 = 800 [KW].
Да се одредат:

а) Температурата на прегреаната пара на излез од првиот степен на

прегревачот на пара t3 = ?

б) Температурата на прегреаната пара на излез од котелот t4 = ?,

в) Потрошената количина на гориво Bg [kg/s] = ?,

г) Количината на топлина потребна за загревање на водата Qe, за испарување Qi, за загревање на парата во првиот степен од прегревачот на пара Q1?

д) Вкупната количина на искористена топлина Q?
 
Attachments

  • 93d32bb3-02e6-4d4a-987a-ad4138fb0e22.jpg
    93d32bb3-02e6-4d4a-987a-ad4138fb0e22.jpg
    34,8 KB · Прегледи: 6

ti da ne otvorash termocentrala?:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom